Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата


 Народната банка воведе тримесечна администрација во „Алта банка“ АД Битола, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност, односно способноста да ги покрива обврските. Со решението донесено на 1 ноември, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, кои ги преземаат надлежностите на Управниот и Надзорниот одбор, како и на […]

Дизни планира масовни отпуштања. Илјадници работници би можеле да ги изгубат своите работни места


Компанијата „Волт Дизни“ се подготвува за укинување на илјадници работни места, при што од некои менаџери е побарано да планираат намалување на годишните трошоци за 20 проценти, објави денес Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Заштеди би можеле да се постигнат и со укинување на работни места и со намалување на други видови […]

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди


Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија. Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните […]

Како е создадена АЛТА банка: Од извозно кредитна агенција во СФРЈ до приватна банка


АЛТА банка а.д. Белград беше создадена со трансформацијата и преименувањето на поранешната банка ЈУБМЕС (Југословенска банка за меѓународна економска соработка), со седиште во Белград. Југословенската банка за меѓународна економска соработка (ЈУБМЕС) е основана во 1979 година според посебен федерален закон како специјализирана финансиска институција наменета да обезбедува помош за извоз и капитални проекти. Банката е […]

Славески: Да не влезеше Алта банка, Стопанска банка Битола досега немаше да постои


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, вели дека целосно стои зад одлуката со која ѝ беше дадена согласност на српската Алта банка да влезе во сопственичката структура на Стопанска банка Битола. Во вечерашното гостување на ТВ Телма, тој рече дека одлуката била донесена по тримесечна постапка, во која биле вклучени и други институции, а оценката […]

Народната банка на Србија ја одзеде и лиценцата на АЛТА ГРУП за издавање електронски пари


На денешната седница, Извршниот одбор на Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата за издавање електронски пари од електронската парична институција АЛТА ГРУП ДОО БЕЛГРАД, која вклучуваше обезбедување платни услуги, јавија медиумите во Србија. Одлуката е донесена како автоматска последица од одземањето на лиценцата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, откако беше оценето во […]

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака, информира дека денеска, во рамки на посетата на Германија, заедно со владиниот тим, реализирал повеќе бизнис средби и состаноци. Покрај состаноците со „Дојче Телеком“ на кои станало збор за дополнителни инвестиции во Македонија не само на телекомуникацискиот пазар, туку и во здравството, паметната технологија и во други видови […]

„АГРО ЕКСПО за ЕУ Проекти 2026” претстави 21 европски проект и решенија за современо земјоделство


На 30 и 31 октомври 2026 година, во SPACE Park Скопје се одржа “АГРО ЕКСПО за ЕУ Проекти 2026”, посветен на европските проекти во земјоделството, современите технологии и механизација, како и на домашните земјоделски производи и храна. Во текот на двата дена беа претставени 21 европски проект, со фокус на практичната примена на знаењето и […]

Азески за АЛТА банка: Да се искористат сите законски одредби за да се заштити капиталот на граѓаните и фирмите


Да се почитуваат 100-процентно одредбите од законодавната природа кои се во моментов на располагање и да се употребат сите, енергично и брзо, за да не дојде до никакво нарушување и да се заштити капиталот на граѓаните и фирмите, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во врска со случајот АЛТА банка. Како […]

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата


Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, заедно со владина делегација, во која се и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на „Дојче телеком“, и Доминик […]

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи надзорна расправа за „Алта банка“


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска донесе одлука за одржување на Надзорна расправа на тема „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, на иницијатива на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. На седницата беше изгласан и заклучок во најкус можен рок да се […]

Бензините поскапуваат два денари за литар, дизелот за еден денар


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денари за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,00 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новите цени ќе се применуваат од полноќ. Така, од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен […]

Претставници на Амбасадата на САД во официјална работна посета на „Алкалоид“


Дипломатска делегација на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, предводена од г-ѓа Никол Варнс, вршител на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, во придружба на економскиот советник Барнабас Биркеланд, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор, г. Живко Мукаетов. Во рамките […]

Бројот на работниците во индустријата намален за 2,9 проценти во септември


 Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година е намален за 2,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според секторите, бројот на работниците во рударството и вадењето камен бележи намалување од 7,6 проценти, а во преработувачката индустрија за 2,9 проценти. Наспроти тоа, во секторот снабдување […]

Божиновска: Мора да ги заштитиме енергетските системи од киберзакани


Дигитализацијата на енергетскиот сектор носи поголема ефикасност и подобри услуги, но истовремено отвора нови ризици од кибернапади, кои може да го загрозат снабдувањето со електрична енергија и функционирањето на критичната инфраструктура. Зајакнувањето на националните капацитети за кибербезбедност и подготовката за ваквите закани се во фокусот на проектот „Сајбербезбедност за отпорна дигитална иднина“, поддржан од Програмата […]

Како работеше Алта банка АД Битола: Загуба од речиси 800 илјади евра, но и висок процент лоши кредити


Алта банка АД Битола во периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година остварила нето-загуба од 48,64 милиони денари, или околу 797 илјади евра, покажуваат Неревидираните финансиски извештаи што ги достави банката до Македонската берза. Во истиот период минатата година, банката која пред преземањето од истоимената српска банкарска групација (Алта банка ад Белград) го […]

Алта банка АД Битола ставена на Листата за набљудување на Македонската берза


Македонска берза денеска соопшти дека Одборот на директори донесе заклучок за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација. Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание […]

Клиентите на Бајнанс повлекле 3,64 милијарди долари откако платформата продолжи со работа


Њујорк –    Клиентите на најголемата светска крипто берза Бајнанс (Binance) повлекоа   3,64 милијарди долари откако платформата продолжи со работа по масовниот кибер напад со кој минатата недела украдоа крипто средства во вредност од 6,3 милијарди долари. Компанијата соопшти дека одливите се стабилизирале по првичниот пораст. Бајнанс велат дека имаат 171 милијарда долари во средства […]

Внатрешните плаќања се неограничени, изнесување пари од Алта банка со посебни правила


Народната банка на Република Северна Македонија воведе привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола исклучиво поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер со квалификувано учество, „Алта банка“ АД Белград. Важно е да се нагласи дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот […]