Се забранува извоз на семе од сончоглед


Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед. Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство […]

Се обновува авиолинијата Љубљана – Скопје?


Аеродромот во Скопје е „исклучително важна“ рута за Љубљана што треба да се обнови, велат претставници на љубљанските аеродромски власти за специјализираниот сајт за авиосообраќај „Ексјуавиејшн“. Сајтот посочува дека Скопје и Љубљана се двата најпрометни неповрзани аеродроми на територијата на поранешна Југославија, кои останаа без директна авиолинија по пропаѓањето на словенечката авиокомпанија „Адрија Ервејс“. Според […]

„Пари„: Најголемите 100 компании во 2021 ги „надиграле“ најголемите 100 од 2020 – приходи поголеми за 25 отсто, а профити за 24 отсто%


Минатата година македонскиот бруто домашен производ забележа раст од 4 проценти откако претходната 2020 година имаше намалување за 4,5 проценти. Најголемите компании, кои се и двигатели на растот на бруто домашниот производ, очекувано во 2021 година покажаа подобри податоци како за приходите, така и за добивките. Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк и Таргет груп […]

Вредноста на златото падна по слабеењето на инфлацијата во САД


Цените на златото паднаа на азиското тргување денеска бидејќи инвеститорите проценуваа какво влијание може да има заладувањето на американската инфлација врз идните одлуки за монетарна политика на Федералните резерви. Златото скокна прво во средата, откако беше објавено дека американскиот индекс на потрошувачки цени забави повеќе од очекуваното во јули, што укажува на тоа дека ФЕД […]

Кока – Кола ХБЦ изгуби 190 милиони евра со напуштањето на Русија


Компанијата Кока – Кола ХБЦ соопшти дека претрпела еднократен финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина годинава, поради трошоци поврзани со работа во Русија, каде ја запре продажбата на пијалакот по нападот на Москва врз Украина. Кока – Кола ХБЦ ја ажурираше својата прогноза за деловни резултати, па сега очекува споредлива оперативна добивка […]

Шефот на „Рајанер“: Заврши ерата на летови што чинат 10 евра


  Шфот на авиокомпанијата „Рајанер“ Мајкл О`Лари изјави дека комапнијата нема повеќе да нуди летови по најниски цени поради растот на цената на горивата, пренесе Би-би-си. Наведува дека ерата на билети кои чинат 10 евра завршила. Просечната цена на авионска карта порасна за отприлика 40 евра и во следните најмалку пет години ќе чини 50 […]

Азиски берзи: Скок на индексите, најголем пад на доларот во последните пет месеци


Азиските акции пораснаа во четвртокот, по подемот на Волстрит, откако податоците за забавувањето на инфлацијата во САД ги поттикнаа надежите на инвеститорите дека ФЕД може да биде помалку агресивен во зголемувањето на каматните стапки, додека доларот падна од истата причина најмногу во последните пет месеци. Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за […]

Рубини: Централните банки се фатени во стапица


Глобалната економија е на пат кон стагфлација и централните банкари би можеле да бидат фатени во стапицата на обидот да ја нормализираат монетарната политика, изјави познатиот економист Нуриел Рубини, познат и како „Доктор пропаст“ поради неговите мрачни, но главно точни прогнози. „Светската економија претрпува радикална промена на режимот“, рече тој во авторски текст за Project […]

Косово и Северна Македонија преговараат за размена на јаглен и струја


Извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен, а дека меѓу оние што пројавиле интерес за купување е енергетската корпорација на Северна Македонија – ЕСМ, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за приштинската КТВ, Красниќи изјави дека и досега постоеле […]

Инфлацијата во периодот јануари – јули 10,9 отсто, најмногу поради зголемените цени на храната и енергијата


Просечна инфлација во периодот јануари – јули годинава изнесува 10,9 отсто, за што најголем удел од три четвртини, имаат растечките цени на храната и енергијата. Од Народната банка објаснуваат дека динамиката на инфлацијата и натаму главно е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително […]

Девизните резерви речиси 3,2 милијарди евра


Девизни резерви на крајот на јули годинава изнесувале околу 3,2 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 80,5 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,3%) по што следуваат валутите и депозитите (17,7%) и монетарното злато (12,0%). Девизните резерви, спроред Народната банка, се одржуваат во […]

Првиот човек на „Рајанер“ најави крај на ерата на евтини летови


  „Рајанер“ повеќе нема да нуди летови по најниски цени поради зголемените цени на горивото, потврди извршниот директор на компанијата Мајкл О’Лири, велејќи дека ерата на билети од 10 евра е завршена. Компаниите како Ryanair, Wizz Air, Vueling и слични се натпреваруваа по најниски можни цени на услугите, што ги поевтини билетите значително во последните […]

Инфлацијата во САД во јули покажа знаци на повлекување


Потрошувачките цени во САД во јули се зголемија за 8,5 отсто, споредбено со истиот месец лани, помалку од очекуваното, што е знак дека инфлацијата се повлекува, се наведува во најновиот Индекс на потрошувачките цени (ЦПИ) на Бирото за работничка статистика на САД. Во јуни инфлацијата изнесуваше 9,1 процент. Најдобар показател за тоа е падот на […]

Петрески: Ефектите од зголемувањата на каматната стапка треба допрва да се почувствуваат


Народната банка демонстрираше јасни чекори за стабилизација на инфлациските очекувања и за справување со инфлацијата во среднорочна перспектива, така што ефектите од тие зголемувања на каматната стапка треба допрва да се почувствуваат, бидејќи потребно е одредено време за да се согледаат ефектите, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески во изјава за МИА. коментирајќи ја најновата одлука […]

Мелинда Гејтс го продава своето богатство


По нејзиниот развод минатата година, Мелинда Френч Гејтс си замина со акции вредни најмалку 6,3 милијарди долари во различни компании кои ѝ беа префрлени од поранешниот сопруг Бил Гејтс. Таа веќе продаде речиси една четвртина од таа сума, пишува „Форбс“. Според прегледот на „Форбс“ на поднесоците од Комисијата за хартии од вредност, Френч Гејтс се […]

Индустриските производи за една година поскапеле 19,6 отсто


Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, а за 19,6 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. Во јуни, во споредба со мај 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен […]

За една година увозните цени во одделот Кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 132 отсто


Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни годинава се повисоки за 14,2 отсто на месечно ниво и за 131,8 отсто на годишно ниво, информира Државниот завод за статистика. Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија […]

Грција по 12 години излегува од зголемениот надзор на ЕУ


Факт е постигнувањето на уште една голема национална цел, вели министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас за излезот на земјата на 20 август од режимот на зголемен надзор и додава дека Грција, по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната, јави дописничката на МИА од Атина. Стајкурас […]

НБ: Основната каматна стапка останува 2,50 отсто, просечната инфлација до јули е 10,9 отсто


Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка останува непроменета на ниво од 2,5 отсто, а понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари, соопшија од централната банка по одржаната редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБ. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за […]

„Доминос пица“ не ги придоби Италијанците, ја затвори и последната продавница


По седум години откако започна со работа во Милано, американскиот синџир „Доминос пица“ (Domino’s pizza) ја напушти Италија, откако не успеа да ги придобие Италијанците. Гигантот на пазарот за брза храна ја затвори и последната од своите 29 продавници на Апенинскиот Полуостров, по борбата да се позиционира во земјата што покажа оти тешко е да […]