Продолжува да расте цената на гасот во Европа, достигнувајќи 3000 долари за илјада кубни метри


  Англија – Цената на гасот во Европа продолжи да расте и во моментов се движи над 3.000 долари за илјада кубни метри, поскапувајќи за 20 отсто од почетокот на денешното тргување. Во тргувањето со фјучерси на холандската TTF-спот, цената на гасот за испорака во септември скокна на 3.024 долари за 1.000 кубни метри, или 292,4 […]

ОКТА и годинава доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ


  Компанијата ОКТА ќе обезбеди стипендии за петмина студенти од втор циклус студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, шеста година по ред. Стипендиите ќе бидат доделени на постдипломци од петте факултети кои што имаат наставни програми сродни со дејноста на ОКТА и тоа: Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје, […]

„Тиквеш“: Новата дигитална технологија за следење на состојбата на лозовите насади станува достапна и во земјава


Употребата на дигиталната технологија и воведувањето современи практики во производството на грозје, кои се темелат на научни истражувања и мерења, ќе овозможат подобро да се искористи големиот потенцијал со кој располага Македонија за производство на квалитетни вина со висока додадена вредност, беше речено на презентацијата на мобилната апликација за мониторинг на состојбата на лозовите насади […]

Азиски пазари: Пад на индексите, се стравува од агресивно зголемување на каматните стапки


  На повеќето азиски берзи, цените на акциите паднаа во понеделникот, бидејќи инвеститорите стравуваат од агресивно зголемување на каматните стапки од страна на американската ФЕД, додека кинеските пазари пораснаа, благодарение на намалувањето на стапките од страна на централната банка на земјата. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, беше во минус од 0,5 отсто околу […]

Стопанската комора го актуелизира проблемот со цената на струјата и опстанокот на фирмите


Стопанската комора на Северна Македонија денеска на прес-конференција ќе се осврне на проблемот со цената на струјата од која зависи опстанокот на фирмите и работните места. На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе се обрати потпретседателот на Комората Зоран Јовановски. На средбата, што во јули се одржа меѓу Македонската енергетска асоцијација и претставници на Владата, […]

Азески: Спојувањето на енергетската, финансиската и здравствената криза неминовно бара една државна агенда


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, повторно излезе со јавно обраќање околу енергетската и другите кризи во земјата и влијанието што тие го имаат врз економијата. Текстот го објавуваме интегрално: „ Единаесет месеци после мојот текст дека – „КОМЕТА МОЖЕ И ДА НÉ ПРОМАШИ, НО СТРУЈАТА „ЌЕ НÉ ДРМА, ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“, можеме […]

Ангеловска-Бежоска: Не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика


Како централна банка дадовме јасно до знаење дека ќе преземеме решавачки чекори за да ја зачуваме стабилноста и да обезбедиме среднорочна ценовна стабилност, посочува во интервју за „Слободен печат“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа објаснува дека Народната банка, како и многу централни банки, започна со нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација […]

Македонските вина и традиционални земјоделски производи претставени на саемот АГРА 2022


Mакедонските традиционални производи и македонското вино денеска беа презентирани на Меѓународниот саем АГРА 2022 што се одржува во Словенија. Презентацијата беше во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а како што информираат оттаму, посетителите изразиле задоволство од квалитетот и вкусот на македонската храна и вино. На презентацијата присуствувал и министерот за земјоделство Љупчо […]

Потврдата на кредитниот рејтинг силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност на државата


  Народната банка денеска оцени дека потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од страна на кредитната агенција „Стандард и Пурс“ е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност на државата. – Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото. Во извештајот се посочува на ефектите […]

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – ББ со стабилен изглед


  Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што е нотирано во извештајот на Агенцијата, се должи на проактивното креирање политики на Владата на РС Македонија за ублажување на кризата произлезена од руско-украинската војна.Исто така, Агенцијата ги истакнуваи напорите на Владата во […]

Стефанов : Борба на поштенскиот пазар за пакетските и услугите на е -трговија


  Приоритети има многу, пред се, да ја стабилизираме Пошта, заедно со Управниот одбор и вработените да создадеме динамичен систем, кој брзо ќе реагира на промените, а во исто време и брзо ќе ги решаваме проблемите, вели во интервју за МИА Васко Стефанов, генерален директор на Пошта на Република Северна Македонија. Зголемувањето на пакетските услуги […]

Русија времено ќе ја прекине испораката на гас за ЕУ преку „Северен ток 1“


  „Гаспром“ објави дека целосно го затвора гасоводот „Северен ток 1“. Гасоводот, кој испорачува руски гас за Европа, ќе биде затворен поради одржување од 31 август до 2 септември. „Гаспром“, рускиот енергетски гигант, во петокот објави дека транзитот на природен гас до Европската унија преку гасоводот „Северен ток 1“ ќе биде стопиран од 31 август […]

Блумберг: На Германија ѝ се заканува егзодус на фабрики поради енергетската криза


  Германија, индустрискиот центар на Европа, се соочува со потенцијален фабрички егзодус додека производителите на автоделови, хемикалии и челик се борат да ги апсорбираат високите цени на електричната енергија кои речиси секој ден достигнуваат нови рекорди, пишува Блумберг. Цените на струјата и гасот во Германија се зголемени повеќе од двојно за само два месеци, при […]

Србија се задолжува за дополнителни 340 милиони евра


  Србија ќе издаде долгорочни државни хартии од вредност, со вкупна вредност од 340 милиони евра, а причината за задолжувањето е, меѓу другото, и за финансирање на буџетскиот дефицит, објави денеска Нова економија, повикувајќи се на владините одлуки до кои имала пристап.  Обврзниците ќе се продаваат со директно преговарање со квалификуван инвеститор, а новото задолжување […]

Анкета на НБ: Застапеноста на жените во надзорните одбори на банките под 25 проценти


Членовите на надзорните одбори во банките покажуваат релативно високи познавања за својата улога во целиот процес на корпоративно управување со банките. Најголем дел од испитаниците сметаат дека нема потреба од измени на поставеноста на регулативата за добро корпоративно управување и регулативата за управување со ризиците. Повеќе од половина од испитаниците се изјаснуваат дека банката има […]

Пошта подготвува веб апликација за е-трговците


  На барање на корисниците, во фаза на изработка е веб апликација која ќе им овозможува на е-трговците брз, едноставен и сигурен пристап до услугата за достава на нивните производи до купувачите, како и следење на пратките во секој момент, информира во интервју за МИА Васко Стефанов, директор на АД Пошта на Република Северна Македонија. […]

Просечната нето плата во јуни 31.869 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 23,1 […]

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и кредитите на картички и негативни салда


Во јули годинава според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории  – потрошувачките и станбените кредити, е забележан раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,4 проценти и 13,5 проценти, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка. Минатиот месец автомобилските кредити на граѓаните бележат месечен и […]

Бројот на барања за стечај во ЕУ во вториот квартал е зголемен за 2,2 отсто


  За 2,2 отсто е зголемен бројот на пријави за стечај во Европската унија во периодот април-јуни 2022 година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Евростат. „Според сезонски прилагодените податоци, бројот на барања за прогласување банкрот во вториот квартал од 2022 година е зголемен за 2,2 отсто во ЕУ и за 2,5 отсто во […]