„Ербас“ пријави пораст на приходите и профитот


Европскиот производител на авиони „Ербас“ пријави голем пораст на приходите и профитот во првиот квартал благодарение на закрепнувањето на побарувачката од кризата со коронавирусот и најави зголемување на производството што до крајот на годината треба да ги надмине нивоата пред пандемијата. Приходите на најголемиот светски производител на авиони се зголемија за 15 отсто во првите …

„Ербас“ пријави пораст на приходите и профитот Read More »

Цената на нафтата достигна 112 долари за барел


Англија/САД– Цените на нафтата денеска скокнаа на 112 долари за барел поради загриженоста за снабдувањето, откако ЕУ ги  соопшти новите пакет санкции кон Русија, вклучувајќи го и ембаргото на нафта, а водечките производители повторно ги отфрлија повиците за забрзано зголемување на производството. Цената на барелот на лондонската берза денеска скокна за 1,59 долари во однос …

Цената на нафтата достигна 112 долари за барел Read More »

Започнува караванот на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти


НЛБ Банка, во соработка со своите партнери: Сава Осигурување, Кроациа Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и Генерали Инвестмент, го организира вториот караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти. Караванот ќе се одвива во текот на целиот месец мај, пред експозитурите на НЛБ Банка ширум земјата. Едномесечниот караван има за цел да …

Започнува караванот на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти Read More »

„Гаспром“ ќе користи делови од „Северен тек 2“ за снабдување на населението во Русија


Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ сака засега да користи делови од руско-германскиот гасовод „Северен тек 2“, кој е ставен во мирување, за снабдување на сопственото население. Со оглед на тоа што гасоводот во Балтичкото Море во моментов не се користи, „Гаспром“ одлучи да ги „искористи вишокот руски транспортни капацитети на копно за развој на снабдувањето со …

„Гаспром“ ќе користи делови од „Северен тек 2“ за снабдување на населението во Русија Read More »

На Велика Британија и се заканува рецесија, проценува централната банка


Британската централна банка денеска  ги зголеми клучните каматни стапки за да ја ограничи инфлацијата, истовремено предупредувајќи на заканата од рецесија поради високите животни трошоци што ќе ја намалат потрошувачката на домаќинствата. Централната банка по четврти пат од декември ги зголемува клучните каматни стапки, за четвртина процентен бод, на еден процент, што е највисоко ниво од …

На Велика Британија и се заканува рецесија, проценува централната банка Read More »

Богатите Руси најдоа нова оаза – бегаат во Дубаи за да ги избегнат санкциите


Дубаи се појави како рај за богатите Руси кои бегаат од влијанието на западните санкции поради војната во Украина. Руски милијардери и претприемачи пристигнуваат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во невиден број, изјавија бизнис лидерите за Би-Би-Си. Купувањето имот во Дубаи од страна на Русите се зголеми за 67 отсто во првите три месеци од …

Богатите Руси најдоа нова оаза – бегаат во Дубаи за да ги избегнат санкциите Read More »

КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски. – Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме …

КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат Read More »

Бектеши: Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи за сигурно снабдување со гас


Министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан, заедно со нивните колеги од Украина, Турција и Азербејџан, истакна дека дека учесниците во Софија се исправени пред воената агресија на Русија во Украина која предизвикува големи загуби за сите. Како што јави дописникот на МИА од Софија, …

Бектеши: Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи за сигурно снабдување со гас Read More »

„ОМВ“: Европа не е подготвена за забрана на рускиот гас


 Европа не е подготвена за забрана на увозот на гас од Русија, а прекин на испораките би влијаел врз нејзината индустрија и стопанството во целина, изјави Алфред Стерн, првиот човек на австриската нафтена компанија „ОМВ“. – Мислам дека не сме подготвени за ембарго, освен ако не сме подготвени да ги прифатиме последиците. Една работа треба …

„ОМВ“: Европа не е подготвена за забрана на рускиот гас Read More »

Развојна банка: Бескаматни кредити за фирми погодени од енергетската и економската криза, аплицирање од 11 мај


Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза од 11 мај 2022 година ќе можат да аплицираат за средства од новата бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства, соопшто Развојната банка. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на …

Развојна банка: Бескаматни кредити за фирми погодени од енергетската и економската криза, аплицирање од 11 мај Read More »

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“


Речиси 90 отсто од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40 отсто од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција …

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“ Read More »

Лани животот го осигурале над 260.000 граѓани, вложиле над две милијарди денари


Вкупните вложувања на граѓаните во животно осигурување минатата година надминаа две милијарди денари или 32,5 милиони евра. Ова е рекордно односно највисоко годишно ниво на вложувања во животно осигурување од востановувањето на пазар за животно осигурување во 2005 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Како што информираат од АСО, повеќе …

Лани животот го осигурале над 260.000 граѓани, вложиле над две милијарди денари Read More »

Ранг – листа на најскапите земји и градови за живеење: Каде се наоѓаат Македонија и Скопје


Порталот „Нумбео“ ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини земји за живеење во светот. Во рангирањето се пресметуваат трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, комунални услуги, намирници и низа други параметри. Во регионот најскапо е да се живее во Словенија, која е на 45 место, Хрватска на 59, Србија на 94, Босна …

Ранг – листа на најскапите земји и градови за живеење: Каде се наоѓаат Македонија и Скопје Read More »

Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка


Федералните резерви на САД вчера ја зголемија каматната стапка за 0,50 процентни поени, што е најголемото еднократно зголемување на цената на парите од 2000 година, пренесе АП. Во вторникот почна дводневната седница на ФЕД, а бидејќи инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години, речиси сите очекуваа вакво зголемување на каматните стапки. …

Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка Read More »

Бектеши на министерски состанок за регионална соработка и енергетска безбедност во Софија


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на министерски состанок за Регионална соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. На состанок, во организација на Министерството за енергетика на Бугарија, покрај министерот Бектеши и домаќинот, министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов, ќе учествуваат и Дите …

Бектеши на министерски состанок за регионална соработка и енергетска безбедност во Софија Read More »

„Лего“ станува дигитален


Најпознатите коцки во светот наскоро би можеле да станат многу „подигитални“ отколку што се сега. Според Фајненшл тајмс, „Лего“ планира тројно да го зголеми бројот на развивачи на софтвер и да ги забрза инвестициите во трансформација на дигиталните бизниси, бидејќи најголемиот светски производител на играчки стравува дека светот на онлајн игрите може значително да го …

„Лего“ станува дигитален Read More »

Делегација од ​канадската компанија „Магна мехатроникс“ на разговори за нова инвестиција во ТИРЗ


Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски одржаа работна средба со делегација на менаџментот на канадската компанија „Магна мехатроникс“, предводена од Мајкл Купер, потпретседател на компанијата. На средбата, како што денеска соопштија од  Дирекцијата за ТИРЗ, се разговарало за плановите за нови инвестиции на компанијата, од каде нагласиле дека разгледуваат неколку опции за …

Делегација од ​канадската компанија „Магна мехатроникс“ на разговори за нова инвестиција во ТИРЗ Read More »

„Рено“ го продаде својот удел во „Автоваз“ за една рубља


Францускиот автомобилски гигант „Рено“ (Renault) го продаде мнозинскиот удел во руската компанија „АвтоВАЗ“ за само една рубља. Рубљата моментално вреди 0,013 евра. Рускиот институт НАМИ од „Рено“ купи удел од 68 отсто од акциите на рускиот производител на автомобили, најпознат по својата позната „Лада“. Тамошните медиуми јавуваат дека овој институт е ценет во Русија, бидејќи …

„Рено“ го продаде својот удел во „Автоваз“ за една рубља Read More »

Горивата поскапуваат за 2,5 до три денари за литар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5, а цената на дизелот се зголемува за три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари …

Горивата поскапуваат за 2,5 до три денари за литар Read More »

„Независен“ во Кожани: Грчкиот нафтен гигант „Хеленик петролеум“ се насочува кон енергија од Сонцето


  (Од нашиот известувач) КОЖАНИ, Грција – Грчката нафтена компанија „Хеленик петролеум“ една од најголемите на Балканот, сѐ повеќе се насочува кон енергијата од Сонцето. Во близина на Кожани, главниот центар во грчкиот регион Западна Македонија, е изградена импозантна фотоволтаична централа со снага од 204,3 мегавати (MW), а нејзиното производство на електрична енергија е доволно …

„Независен“ во Кожани: Грчкиот нафтен гигант „Хеленик петролеум“ се насочува кон енергија од Сонцето Read More »