Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот […]

(Видео) Саем на добавувачите од Балканот


Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија денеска и утре во Скопје ќе се одржи бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo. Целта на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната и прехранбената индустрија од Северна Македонија со компании купувачи од Германија, Грција, Турција, […]

Законот со кој се овозможува пристап до 530 милиони евра за справување со кризата на дневен ред на 92. пленарна седница


Пратениците денеска треба да ја продолжат 92-та пленарна седница на која на дневен ред се предлог-законите за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност, како и за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за […]

Британските пабови и ресторани го скратуваат работното време поради трошоците за енергија


  Повеќе од една петтина од британските пабови, ресторани и кафулиња го намалија работното време во изминатите три месеци во обид да ги намалат трошоците за енергија. Анализата на британската канцеларија за национална статистика, ОНС, покажа дека компаниите за храна и пијалоци го намалуваат работното време повеќе од другите сектори за да се справат со […]

Варшава го презема полскиот имот на „Гаспром“


Полскиот министер за развој, Валдемар Буда денеска најави дека Варшава ќе го преземе полскиот имот на рускиот „Гаспром“. Всушност Полска ќе преземе 48 отсто од акциите на „Гаспром“ во „Еурополгас“, компанија, која е сопственик на полскиот дел од гасоводот „Јамал“. Буда истакна дека принудната управа ќе се погрижи за безбедноста на клучната инфраструктура за транзит на гас. […]

Германија го презема управувањето со поранешна подружница на „Гаспром“


  Германија го презема управувањето со гасната компанија „Securing Energy for Europe“ (СЕФЕ), што порано беше подружница на руската компанија „Гаспром“, наведувајќи го како причина претстојниот банкрот што може да го наруши снабдувањето со енергија на Германија, јави ДПА. Во денешното соопштение Министерството за економија го оправда ваквиот потег со претстојната несолвентност на СЕФЕ, која, […]

Морган Стенли: САД може да избегнат рецесија во 2023 година, но Европа не


  Економиите на Велика Британија и еврозоната веројатно ќе западнат во рецесија следната година, но САД би можеле за влакно да ја избегнат благодарение на отпорниот пазар на трудот, соопшти инвестициската банка Морган Стенли. Очекуваното повторно отворање на Кина по речиси три години задржување на Ковид 19 треба да резултира со закрепнување на нејзината економија, […]

Отворена Глобалната недела на претприемништво


  Педесет настани организирани од 40-тина партнери на теми од областа на пристапот до финансии, социјално претприемништво, образовни процеси за претприемачи и улогата на приватниот и на граѓанскиот сектор во поттикнување на претприемништвото ќе се одржат во рамки на Глобалната недела на претприемништвото (ГНП), чиј организатор во земјава од 2018 година наваму е асоцијацијата Стартап […]

И Србија мака мачи со инфлацијата, во октомври се искачи на 15 отсто


  Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Србија во октомври 2022 година се зголемени во просек за 1,9 отсто во однос на септември, додека во однос на истиот месец лани се зголемени за 15 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Како што јави дописникот на МИА од Белград, октомвриската инфлација во […]

Цела Европа штеди, јавното греење на 19 Целзиусови степени


Сегашната поврзаност на проблемите – руско-украинската војна, инфлацијата, глобалниот недостиг од храна и енергија, должничките кризи во земјите во развој, како и долготрајните влијанија на исклучувањата поврзани со ковид-19 и тесните грла во синџирот на снабдување – можеби е најсериозната криза од сите нив, не само затоа што централните банки не можат да печатат пченица […]

Во Луксембург започна билатералниот скрининг за поглавјето 18 – Статистика


  Делегацијата на Република Северна Македонија, предводена од заменик главниот преговарач Дрита Абдиу Халили, денеска во Луксембург го започна билатералниот скрининг за поглавјето 18  – Статистика, соопшти Секретаријатот за европски прашања. – Статистиката е од особено значење за целокупниот развој на нашата држава, придонесува кон добро планирање и мониторинг на макроекономската стабилност, подобрување на бизнис […]

Пратениците дадоа виза за кредитот за претпазливост од ММФ


  Пратениците денеска на 92-та пленарна седница на Собранието изгласаа по скратена постапка да бидат донесени предлог-законите за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност, како и за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот […]

Виктор Орбан ги притиска странските супермаркети да заминат од Унгарија


  Во средата, премиерот Виктор Орбан го прошири бројот на ограничувања на цените на прехранбените производи, потег што веројатно ќе ги погоди супермаркетите кои веќе се борат со низата мерки воведени во текот на минатата година. Прво, во декември 2021 година, во услови на зголемена инфлација на цените на храната што особено силно ги погоди […]

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за половина денар


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ се намалува за 2,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар. За 2,00 денара поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 93,50, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини […]

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи


  Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2022 година изнесуваат 5 986 245 000 денари и во однос на истиот период лани се зголемени за 20,2 отсто. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 5,8 проценти, додека кај продажбата на земјоделски производи […]

Народна банка објави публикација по повод 30 години од монетарното осамостојување


  Во рамките на одбележувањето на 30-годишниот јубилеј од воведувањето на нашата национална валута – денарот и воспоставувањето на институционалната рамка на монетарниот систем, односно функционирањето на нашата самостојна централна банка, Народната банка ја објави публикацијата „30 години од осамостојувањето на Народната банка: предизвици, реформи и унапредување на работењето“. Публикацијата дава осврт на работењето и […]

Цените на нафтата паднаа од 2,6 до 3,9 отсто


  Цените на нафтата паднаа на светските берзи минатата недела, по тринеделен последователен раст, што се толкува како забавување на економскиот раст што резултира со слабеење на побарувачката за енергетски производи. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,6 отсто – на 95,99 долари, додека на американскиот пазар падна уште повеќе – […]

Глобална недела на претприемништво 2022


Земјава и годинава повторно ќе биде дел од Глобалната недела на претприемништвото (ГНП) која се одржува од денеска до 20 ноември. Станува збор за еднонеделна светска иницијатива која се случува истовремено во повеќе од 200 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности и настани насочени кон промоција на претприемништвото, зајакнување на постоечки […]

ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за прекин на греењето во Чаир и Бутел


АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над […]

Протест на оризопроизводителите во Кочанско: Откупните цени се под трошоците за производство, доцнат и субвенциите


Оризопроизводитилите од Кочанско денеска повторно излегоа на протест за да го изразат незадоволството од ниските откупни цени за овогодишната реколта и доцнењето во исплатата на субвенциите. Со трактори ја блокираа едната коловозна лента од магистралнот пат во селото Облешево и побараа средба со претставници од Владата, кои веќе ги известиле за протестот, за директно да […]