Тркалезна маса „Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на фирмите“


  Стопанската комора на Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ организираат тркалезната маса на која ќе се дискутираат неколку теми поврзани со Предлог законот за инсолвентност, раните знаци за предупредување за настанување на инсолвентност и можностите за поефикасно преструктуирање, предоговарање и задржување на добрите деловни односи со партнерите со помош на медијацијата. Фокусот …

Тркалезна маса „Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на фирмите“ Read More »

Како против ценовниот шок – бизнис секторот нуди решенија, Владата најавува таргетирани мерки


По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните …

Како против ценовниот шок – бизнис секторот нуди решенија, Владата најавува таргетирани мерки Read More »

Владата уверува дека дијалогот со синдикатите е во тек и ќе донесе решение


Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и секако ефективноста на јавната администрација, се вели во владиното соопштение по средбата со Сојузот на синдикати на Македонија што се одржа попладнево. Станува збор за продолжување на дијалогот помеѓу синдикатите …

Владата уверува дека дијалогот со синдикатите е во тек и ќе донесе решение Read More »

Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат


Дел од мерките ќе бидат продолжени до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат, со цел во периодот што претстои да бидат насочени кон поддршка на животниот стандард на оние граѓани кои се најпогодени од кризата. Мерките ќе бидат навремено подготвени и навремено презентирани, истакна премиерот Димитар Ковачевски. -Мора да се биде одговорен и …

Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат Read More »

Мора да сме одговорни и во однос на ликвидноста на буџетот, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски порача дека освен кон граѓаните, мора да се одговорни и во однос на буџетот, ликвидноста, но и на стабилноста на финансискиот систем. -Ние ги следиме трошењата ги следиме движењата на цените во текот на сите периоди во годината, бидејќи едни се ценовните притисоци во текот на зимските месеци други во текот на …

Мора да сме одговорни и во однос на ликвидноста на буџетот, вели Ковачевски Read More »

ОПЕК+ месечно ќе испорачува 50 проценти повеќе нафта отколку досега


Нафтената алијанса ОПЕК+ денеска се согласи да ја зголеми месечната квота за зголемување на производството за околу 50 отсто, исполнувајќи ги неколкумесечните барања на големи потрошувачи, како што се САД, за поддршка напорите за ублажување на високите цени на енергијата. Групата, составена од членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници предводени од Русија, се согласи во јули и …

ОПЕК+ месечно ќе испорачува 50 проценти повеќе нафта отколку досега Read More »

„Витаминка“ се претстави на најголемиот саем за приватни марки – PLMA Амстердам


„Витаминка“ својот производен асортиман деновиве го изложи во Амстердам каде под мотото „Светот на приватните марки“ (World of Private Label) се одржа годишниот саем посветен на производителите во прехранбената индустрија, развивачи на приватни марки како и продажните ланци, PLMA 2022. Со фокус на развивање на приватни марки, на саемот предоминира прехранбената индустрија, свежа и замрзната …

„Витаминка“ се претстави на најголемиот саем за приватни марки – PLMA Амстердам Read More »

Дизелот поскапува, цената на бензините не се менува


Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 107 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 109 додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава …

Дизелот поскапува, цената на бензините не се менува Read More »

Обновено производството на течен гас во големата фабрика во Норвешка


Фабриката за течен гас во Хамерфест започна со работа по 20 месеци поправка на штетата од пожарот, соопшти во четвртокот норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“. Компанијата минатата недела објави дека поправките се завршени и фабриката се подготвува да продолжи со производство. „(Започнувањето на производството) е многу важно во време кога предвидливото и доверливо снабдување е од …

Обновено производството на течен гас во големата фабрика во Норвешка Read More »

„Инфинум“ ги отвори вратите на новата македонска канцеларија и најави 100 вработувања


Хрватски „Инфинум“, познат по развивање дигитални производи за глобалниот пазар, го одбележа отворањето на нова канцеларија во центарот на Скопје. По преземањето на македонската агенција „3П Девелопмент“ кон крајот на минатата година, во новата канцеларија во Бизнис центарот „Настел“ сега работат триесетина експерти. Тие се дел од тимот од 350 професионалци, кои создаваат иновативни дигитални …

„Инфинум“ ги отвори вратите на новата македонска канцеларија и најави 100 вработувања Read More »

ССК бара активирање на државните резерви


Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви ако сакаме полесно да ги пребродиме ценовните шокови, апелира денеска Сојузот на стопански комори (ССК). Според ССК, компаниите …

ССК бара активирање на државните резерви Read More »

Сертификат за деловна успешност имаат под два отсто од компаниите во земјава


Сојузот на стопански комори (ССК) денеска го промовираше новиот проект кој предвидува доделување Сертификат за деловна успешност. Целта на сертификатот е поефикасно и поекономично работење на компаниите. -Целта е да ги истакнеме квалитетните компании, за другите, кои би соработувале со нив, да имаат повеќе доверба при реализирањето комерцијална и финансиска соработка. Бонитетната агенција „Таргет груп“ …

Сертификат за деловна успешност имаат под два отсто од компаниите во земјава Read More »

И денеска ќе има нова цена на горивата, најавија од РКЕ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа. – Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката …

И денеска ќе има нова цена на горивата, најавија од РКЕ Read More »

МФ: Примената на новите антикризни мерки ќе почне по усвојување на ребалансот на Буџетот


По усвојувањето на ребалансот, во најкраток рок ќе почне имплементацијата на новите антикризни мерки кои ќе бидат таргетирани, најавуваат од Министерството за финансии. Оттаму информираат дека во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, како и за субвенции за покачување на минималната плата, пари за зголемување на пензиите и дополнителни средства за …

МФ: Примената на новите антикризни мерки ќе почне по усвојување на ребалансот на Буџетот Read More »

Шпанскиот туризам во април блиску до нивото пред пандемијата


Шпанија во април ја посетиле речиси десет пати повеќе странски туристи отколку во истиот месец минатата година, а нивната потрошувачка речиси го достигнала нивото пред пандемијата, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Шпанија во април регистрирала 6,1 милиони туристи, во споредба со 629.000 во истиот период минатата година. Тие потрошиле 6,9 милијарди евра, околу десет …

Шпанскиот туризам во април блиску до нивото пред пандемијата Read More »

Значително поевтино горивото во Германија, Холанѓаните одат таму да полнат


  Во Германија, од вчера, откако надлежните се откажаа од голем дел од данокот на енергија, резултатот е поевтини горива. Така, бензинот е поевтин за 35, а дизелот за 17 центи. Оваа мерка ќе трае до 1 септември, период во кој Германците најмногу патуваат. Сега, бензинот во Германија чини, во просек, 2,01 евро, а дизелот …

Значително поевтино горивото во Германија, Холанѓаните одат таму да полнат Read More »

Со ребалансот да се скратат трошоците во јавната администрација, а не капиталните инвестиции, порачува бизнисот


Предвидените 76 милиони евра во ребалансот на Буџетот наменети за граѓаните и стопанството, не се доволни, смета бизнис секторот. Според Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), не може да се надмине кризата ако фалат капитални инвестиции кои треба да ја заживуваат економијата, ниту може да се надмине кризата без адекватни фискални и даночни политики и …

Со ребалансот да се скратат трошоците во јавната администрација, а не капиталните инвестиции, порачува бизнисот Read More »

Втор ден по ред пад на цените на акциите на Волстрит


Цените на акциите на Волстрит втор ден по ред бележат пад, затоа што инвеститорите се несигурни колку американската Централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика, со цел да ја потисне високата инфлација. „Дау Џонс“ (Dow Jones) ослабе за 176 поени или 0,54 отсто, на 32,813 поени, додека С&П 500 (S&P 500) се намали …

Втор ден по ред пад на цените на акциите на Волстрит Read More »

Маск до вработените во „Тесла“: Вратете се во канцелариите или напуштете ја фирмата


Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, побара од вработените да се вратат во канцелариите или да ја напуштат компанијата, се вели во е-поштата што ја испратил до вработените, а до кои Ројтерс имал пристап. „Сите вработени во ‘Тесла’ мора да поминуваат најмалку 40 часа неделно во канцеларија“, напиша Илон Маск во е-поштата што ја испрати …

Маск до вработените во „Тесла“: Вратете се во канцелариите или напуштете ја фирмата Read More »

Хрватска влегува во клубот на еврото на 1 јануари 2023


  Хрватска е на пат да ја усвои единствената валута почнувајќи од 2023 година, откако ќе исполни голем број поставени критериуми, објавија во средата Европската комисија и Европската централна банка. „Денес е историска пресвртница на европското патување на Хрватска, што ги одразува решителните напори што хрватските власти ги направија за исполнување на критериумите за влез …

Хрватска влегува во клубот на еврото на 1 јануари 2023 Read More »