„Гересхајмер“ отвора нова фармацевтска фабрика, инвестиција од 126 милиони евра


  Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). Одлуката за инвестицијата на компанијата ја соопшти потпретседателот на „Гересхајмер“,  Оливер Бургел на средбата со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, …

„Гересхајмер“ отвора нова фармацевтска фабрика, инвестиција од 126 милиони евра Read More »

Цената на нафтата надмина 116 долари за барел


Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното производство, кои се закануваат дополнително да ја заострат понудата на пазарот. Членовите на нафтената алијанса ОПЕК + треба да се состанат оваа недела за да разговараат за ситуацијата со снабдувањето. Цената на северноморската нафта од типот „Брент“ се зголеми за …

Цената на нафтата надмина 116 долари за барел Read More »

ССМ реагира на одлуката во недела да работат трговците во туристичките места


ССМ денес реагира на одлуката во недела да работат трговците во туристичките места. -ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во …

ССМ реагира на одлуката во недела да работат трговците во туристичките места Read More »

Во тек е етапната исплата на јунските пензии


  Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започнува етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата …

Во тек е етапната исплата на јунските пензии Read More »

Николовски: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции 


Одговорно водиме грижа за секој земјоделец и преку конкретни мерки даваме поддршка во услови на криза. Успеавме да ги надминеме сите блокади и се донесоа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, каде ја одложивме обврската кон УЈП и целосно ги исплативме субвенциите за тутун, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски …

Николовски: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции  Read More »

Определени тарифните блокови за струјата, цената ќе се знае во среда


Регулаторната комисија денеска ги објави четирите тарифни блока според кои ќе се пресметува колку ќе плаќаат домачинствата за потрошена струја. Како и што се најавуваше, струјата за оние од пониските блокови ќе чини поевтино, додека за оние што трошат повеќе таа ќе биде поскапа. Цената во тарифните блокови ќе се определува според потрошената скапа струја …

Определени тарифните блокови за струјата, цената ќе се знае во среда Read More »

Во туристичките места ќе се работи и во недела и за празници


Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија, со што се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши. Според министерот, со измените и дополнувањата на …

Во туристичките места ќе се работи и во недела и за празници Read More »

МЗШВ со нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ


Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, свечено се одбележа почетокот на Твининг лајт проектот, „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“. Како што соопштија од МЗШВ, на свеченото отворање присуствуваа министерот Љупчо Николовски, амбасадорката на Република Хрватаска, Нивес Тигањ, …

МЗШВ со нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ Read More »

За прв пат од 1917 Русија влезе во банкрот за нејзините надворешни долгови


  Русија банкротираше со своите меѓународни обврзници за прв пат по повеќе од еден век, соопшти Белата куќа, откако опсежните санкции ефективно ја отсекоа земјата од глобалниот финансиски систем, правејќи ги нејзините средства недопирливи. Кремљ, кој има пари да врши плаќања благодарение на приходите од нафта и гас, брзо ги отфрли тврдењата и го обвини …

За прв пат од 1917 Русија влезе во банкрот за нејзините надворешни долгови Read More »

Раст на цената на златото по најавата дека Г-7 ќе забрани увоз од Русија


Германија – По најавата на американскиот претседател Џо Бајден дека САД и други земји-членки на Г-7 ќе забранат увоз на злато од Русија, денеска порасна цената на благородниот метал на  светските берзи. На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се …

Раст на цената на златото по најавата дека Г-7 ќе забрани увоз од Русија Read More »

Одземени лиценците на БЕГ и за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на главна седница донесе одлуки со кои престануваат да важат одлуките за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување, односно дистрибуција на топлинска енергија на компанијата БЕГ. Со овие одлуки, како што соопшти РКЕ, „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје и „Снабдување со топлина …

Одземени лиценците на БЕГ и за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија Read More »

КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот


Конфедерацијата на слободни синдакти на Македонија (КСС) преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман до пратениците во Собранието, со кој бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот. На денешната прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски, потенцира дека поради непочитување на законите голем број од работниците во период на голема инфлација, …

КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот Read More »

Подготвителна седница за блок тарифите за потрошувачката на струја на домаќинствата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ја започна подготвителна седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи). Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски во обраќањето истакна дека со овој тарифен систем чии контури се објавени пред повеќе од 30 дена главна новина ќе биде воведувањето на …

Подготвителна седница за блок тарифите за потрошувачката на струја на домаќинствата Read More »

До 1 денар се намалуваат цените на горивата


Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит и малопродажната цена на …

До 1 денар се намалуваат цените на горивата Read More »

(Во живо) Подготвителна седница на РКЕ за реформата на тарифниот систем за електрична енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителната седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи). Подготвителната седница, како што е најавено, ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во Скопје. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски минатата недела најави дека текот на …

(Во живо) Подготвителна седница на РКЕ за реформата на тарифниот систем за електрична енергија Read More »

Растат долговите на општините, министерствата и во здравството


Зголемени доспеани а неплатени обврски на јавните претпријатија на локално ниво, на јавните здравствени институции, на општните, во образованието. Намалување има кај јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, пишува “Порталб”. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првиот квартал од годинава, во кој се прелеа ланската енергетска и гасна криза “зачинета” со …

Растат долговите на општините, министерствата и во здравството Read More »

Русија ја делат „часови“ од технички банкрот


  Русија ја делат „часови“ од техничкиот банкрот поради санкциите што и ги воведе Западот, бидејќи во недела истекува грејс периодот за исплата на околу 100 милиони долари странски долг, објави Блумберг. Американската агенција наведува дека Русија нема официјално да објави дека не е во можност да ги плати обврските, но доколку инвеститорите не ги …

Русија ја делат „часови“ од технички банкрот Read More »

Бектеши: Цената на струјата не е политичка, туку одговорна одлука


Понудената цена на струјата од страна на ЕСМ од 48 евра за мегават час, не е ниту нереална во вакви околности, а најмалку политичка, туку тоа е одговорна одлука, оцени министерот за економија Крешник Бектеши. Тој во објава на Фејсбук наведува дека просечната цена за мегават час електрична енергија за периодот јули – декември 2022 …

Бектеши: Цената на струјата не е политичка, туку одговорна одлука Read More »

 ЕСМ тврди: Со поскапувањето што го бараме само благо ќе се зголеми цената за потрошувачите


АД Електрани на Македонија  одговори на реакциите околу барањето за зголемување на цената на електричната енергија објаснувајќи дека до таа висина е дојдено со зголемени напори и дека новата цена нема да влијае значајно на крајната цена што ќе ја плаѓаат граѓаните.  -Од 2019 година АД ЕСМ е гарант и стабилизатор на цената на електричната …

 ЕСМ тврди: Со поскапувањето што го бараме само благо ќе се зголеми цената за потрошувачите Read More »

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија ќе забранат увоз на руско злато


 Четири држави од Г7 ќе го забранат увозот на руско злато како дел од новите санкции воведени кон Русија во одговор на нејзината инвазија врз Украина. Тоа денеска го соопшти „Даунинг стрит 10“ на првиот ден од самитот на Г-7 во Германија „Тие мерки директно ќе влијаат на руските олигарси и ќе го погодат срцето …

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија ќе забранат увоз на руско злато Read More »