И за месната индустрија субвенционирана струја, се очекува поевтинување на основните прехранбени производи


  Владата денеска треба да донесе дополнителна одлука со која и компаниите од месната индустрија ќе бидат ставени на списокот за добивање субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час. Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, а согласно одлуката, покрај „одгледувањето живина“, додадени ќе бидат и шифрите на дејности за одгледување свињи, […]

Годишната инфлација во Грција првпат по седум месеци падна под 10 проценти


  Годишната инфлација во Грција за месец октомври изнесува 9,1 отсто, намалена во споредба со податоците за септември и првпат по седум месеци падна под десет проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистика, односно согласно месечниот извештај за инфлацијата и цените во Грција, општиот индекс на потрошувачки […]

„Мазда“ ги продаде за едно евро акциите во фабриката во Владивосток – и ја напушти Русија


  „Мазда“ објави во своите финансиски извештаи дека го продаде својот удел во заедничкото вложување во Владивосток, каде што претходно се произведуваше јапонската марка автомобили на руската групација „Солерс“. Договорот беше затворен на 24 октомври. Mazda го продаде својот удел во заедничкото вложување за симболична сума од едно евро. Производителот на автомобили со седиште во […]

Доларот во пад поради забавувањето на инфлацијата во САД


  Вредноста на американскиот долар се намали денеска  во однос на ривалските валути бидејќи забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени во САД ги намали очекувањата за поагресивно зголемување на каматните стапки на федералните резерви. Во раните попладневни зделки, зелената банкнота нагло потона наспроти фунтата, еврото и јенот, бидејќи официјалните податоци покажаа дека инфлацијата во САД […]

Годишната инфлација во САД на сѐ уште високи 7,7 отсто во октомври


  Потрошувачките цени во САД во октомври останаа на со децении високо ниво, според владините податоци објавени денеска, со што се задржува притисокот врз администрацијата на претседателот Џо Бајден додека демократите се борат да ја задржат контролата врз Конгресот. Внимателно следениот извештај покажа повеќе докази за зголемените трошоци во една година кога зголемената инфлација беше […]

Андонов: Фирмите што манипулирале со струјата, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар


  На прашањето како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, соработникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем. „Со таа одлука точно е наведено дека […]

ЕК го претстави новиот стандард Еуро 7 за сите возила


  Европската комисија денеска предложи регулатива со нови правила за намалување на штетните издувни гасови од моторните возила наречена – Еуро 7, во која првпат се регулираат емисиите на честички и микропластика генерирани од користењето на гуми и сопирачки. Новата норма Еуро 7 ќе ја замени претходната, која има посебни правила за емисиите од автомобили […]

Ќе издржат ли енергетските капацитети дополнителна оптовареност? Не се исклучени неочекувани испади


  Од Владата денеска укажаа дека поради дополнителната оптовареност што се очекува на енергетските производни капацитети, од временските услови и од зголемената потрошувачка на струја, во наредниот период се можни неочекувани испади. Порачуваат дека состојбата се следи и оти за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани. -Мораме да имаме во предвид дека државата во […]

Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон, дистрибутерите предупредуваат на недостиг


  Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот министер Крешник Бектеши. Од Националното здружение на производители и дистрибутери на продукти од биомаса „Биомак Енерџи“, пак, велат дека ако остане ограничувањето на […]

„Гери Вебер“ ќе воведе четиридневна работна недела


  Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ им овозможува на своите вработени да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата. – Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување. На вработените им даваме автономија и самоодговорност. Тие тоа го сфаќаат како признание и придонесува за поголема […]

Франција: Новиот закон бара соларни панели на паркинзите


  Францускиот Сенат одобри закон со кој се бара паркинзите со најмалку 80 места да бидат покриени со соларни панели. Според таа одлука, паркиралиштата со меѓу 80 и 400 места ќе имаат рок од пет години од јули 2023 година да се усогласат со новиот закон, додека кај сите поголеми, најмалку половина од паркинг просторот […]

Бектеши: Сѐ уште не е одлучено на кој енергенс ќе работат топланите по 15 ноември


Сѐ уште не е донесена одлука дали по 15 ноември топланите во Скопје ќе работат на природен гас или на дизел, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Скопјани да бидат спокојни, тие непречено и во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона. Се уште не е донесена одлуката […]

Увозните цени за кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 71,4 отсто


  Државниот завод за статистика соопшти дека во септември 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, но се повисоки за 71,4 проценти на годишно ниво. Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на […]

Бектеши бара УЈП и Финансиска полиција да направат контроли за злоупотребите со регулираниот пазар на струја


  Уште во март како Влада и Министерство за економија заедно со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги информиравме Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција за злоупотребите што ги прават институциите и компаниите кои се префрлаат од отворен на регулиран пазар на електрична енергија, посочи денеска министерот за економија Крешник […]

Стопанската комора ја поздрави владината одлука за поевтина струја во месната индустрија


  Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува владината одлука со која листата на субвенционирани фирми за електрична енергија, ќе се прошири и со компаниите од месната индустрија. -Владата ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора за проширување на списокот со дејности кои ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 […]

„Тиквеш“ најавува воведување три нивоа на квалитет на грозје


  Винарската визба „Тиквеш“ планира од следната берба да воведе три нивоа на квалитет на грозје дефинирани според прецизни критериуми и механизми за мониторинг и контрола на лозовите насади во делот на нивната здравствена состојба, висината на приносот, начинот на наводнување, видот и обемот на агротехничките мерки кои се применуваат, начинот на берба и транспорт […]

Народната банка на Србија ја зголеми референтната каматна стапка на 4,5 отсто


Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) на денешната седница одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, на ниво од 4,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. Во иста мера е зголемена и стапката на депозитните средства на 3,5 отсто, како и стапката на кредитните средства на 5,5 отсто, […]

Експерти од Тик-ток, Гугл, Пејонир и други компании утре во Скопје на 5. Конференција за е-трговија


Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Тик-ток, Гугл, Пејонир, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од 5. јубилејно издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи утре во Скопје, под мотото „E-commerce: Accelerate!“. Говорниците преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи […]

Од 1 јануари нема да има драстично поскапување на струјата и парното, вели Бектеши


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека од 1 јануари нема да има драстично поскапување на струјата и парното. Граѓаните да бидат спокојни, порача Бектеши, зашто до крајот на грејната сезона нема да имаат никаков проблем во делот на снабдувањето со топлинска и со електрична енергија. -Граѓаните да бидат спокојни. До крајот на […]

Нов предлог на ЕК за намалување на загадувањето на воздухот од моторни возила


 Со новиот предлог на Европската комисија, надежта е дека новите моторни возила на европскиот пазар ќе ги исполнат зелените амбиции за нула загадување , јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот го презентираше претпладнево еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон. Тој посочи дека со новиот „Евро 7“ стандард ќе обезбеди почисти возила, почист воздух, подобрување на […]