Лондон повеќе не е центар на европските финансии


Лондон повеќе не е дом на најголемата европска берза, откако Париз ја презеде во понеделникот, според Блумберг. Промената на врвот доаѓа по одлуката на луксузните брендови како Луј Витон и Гучи да се преселат во Франција. Експертите на берзата предвидуваат зголемување на продажбата на луксузни стоки кога кинеските купувачи сакаат да потрошат пари што не […]

Не треба да се отстапи од реформите за унапредување на човечкиот капитал


  Инвестицијата во човечкиот капитал во една земја е инвестиција во долгорочен и одржлив развој и придобивка за целото општество. Затоа инвестирањето во човечкиот капитал е еден од најзначајните приоритети на Владата, а во остварувањето на тој приоритет клучен партнер е Светската банка. Начинот на кој ќе се креира посилен и поотпорен човечки капитал преку […]

Ковачевски: Многу поблиску сме до решение со Србија за природен гас за нашата гасна централа


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград изјави дека сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот во преговорите со Србија да се искористат нејзините вишоци на природен гас за нашата гасна централа за производство на електрична енергија. – На тој начин нашата индустрија ќе добие пониска енергија од онаа што ја добива […]

Регионот може да се развива како нова енергетска сила, но потребни се инвестиции


  Земјите од регионот може да ја искористат глобалната криза и да се развиваат како нова енергетска сила, но за тоа се потребни значајни инвестиции, е пораката од денешниот енергетски самит што се одржа во Белград, и на која учествуваше премиерот Димитар Ковачевски. Српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со лидерите од регионот, по средбата за […]

Во земјава има 27.711 компании со жени управители, со приход од 230 милијарди денари и 122 илјади работници


  Согласно податоците на даночната управа во земјава има 104.507 активни даночни обврзници правни лица регистрирани во сите региони во државата, од кои 27.711 се со жени управители, Сите заедно согласно поднесените даночни биланси обезбедуваат приход во вредност од близу 230 милијарди денари и обезбедуваат работни места и плати за 121.693 работници. Сите овие компании […]

Рестрикции на струја не се предвидени, се бара начин цената да остане иста, вели првиот човек на ЕСМ


  Рестрикции на струја не се опција и не се предвидени во овој период на годината, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во „Студио 10“ на Телевизија 24. Тој истакна дека, производството на електрична енергија е стабилно и сигурно и покрај постарите капацитетите со кои располагаме. Ова, како што рече, се должи токму на тоа што е вршен редовен сервис, редовно […]

Во енергетиката во регионот се потребни големи инвестиции


Во енергетиката се потребни големи реформи, промена на навиките и огромни вложувања наредните години во износ меѓу 16 и 30 милијарди евра, порача денеска српскиот претседател Александар Вуќиќ на Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, што се одржува во Белград.  Премиерот Димитар Ковачевски, кој исто така учествува на […]

Можност што не се пропушта: Станови во „Гранд Ривер“ преку супер поволни кредити


Станбените единици кои се градат во рамки на објектот „Гранд Ривер“ кој никнува спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје, од сега се достапни и преку кредити за недвижности во градба со одлични услови, креирани во согласност со македонските стандарди. Со тоа изградбата на финансиска конструкција за набавка на нов дом на најдобрата локација […]

Бочварски: Се планира инвестиција од над една милијарда евра во железничката мрежа


  Финализирањето на патниот и железничкиот Коридор 8 е предизвик и нешто на кое сме силно фокусирани во овој период. Нашата цел е со регионалните партнери, Бугарија, Албанија и Италија овој Коридор да го позиционираме во единствениот Коридор на Западен Балкан. Поради тоа планираме инвестиција од преку една милијарда евра само во железничката мрежа, рече […]

(Во живо) Прес-конференција на Ковачевски, Вучиќ, Рама, Абазовиќ и Тегелтија


Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи, денес во Белград учествуваат на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка. Премиерот Ковачевски заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на […]

Тренчевска: Новите форми на договори за вработување се неизбежност


  Во услови на висок технолошки развој неизбежна е појавата на променливост на труд, што води кон воспоставување нови форми на вработување, а со тоа се наметнува и потребата од нивно уредување. Затоа, како креатори на политики од областа на трудот го почитуваме мислењето и вклученоста на сите релевантни фактори во државата, но и поддршката и соработката со меѓународните […]

Битиќи: Праведната транзиција кон обновливи извори на енергија е свесен и совесен избор за секоја влада


  Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска преку видео врска се обрати на Конференцијата поврзана со праведната енергетска транзиција и како производството на енергија базирано на јаглен постепено ќе биде заменето со обновливи извори на енергија и капацитети за складирање на истата, како и импликациите врз енергетската […]

Франција и Шпанија ќе забранат продажба на бензински и дизел возила по 2035 година


  Франција и Шпанија се приклучија на иницијативата да се забрани продажба на бензински и дизел возила по 2035 година, пет години порано отколку што предвидуваше претходниот план, согласно настојувањето да се забрза преминот кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод. Двете земји го дадоа ветувањето на разговорите за климата на КОП27 (COP27) во египетскиот […]

АСО реши 82 отсто повеќе претставки во корист на осигурениците, вкупниот број на поплаки надмина 200


  Повеќе од 200 осигуреници се пожалиле до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на работата на осигурителните компании во првите девет месеци годинава. Во овој период АСО реши 40 претставки во корист на осигурениците што е за 82 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). […]

Азиските берзи го следат падот на Волстрит


  На азиските берзи денеска паднаа цените на акциите, најмногу во технолошкиот сектор, по предупредувањето на „Микрон“ дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите резерви и послабата потрошувачка. Азиско-пацифичкиот индекс на акции МСЦИ, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,6 проценти. Јапонскиот индекс Никеј ослаби за 0,30 отсто, додека цените на […]

„Пари“: Само една фирма заработила милион евра од наплата на долгови


  Една од пет компании стравува за својот опстанок поради тоа што клиентите доцнат или не ги плаќаат побарувањата. Ова го покажало истражувањето на меѓународната групација за наплата на побарувања EOS, „Европски платежни практики 2022“, во кое биле анкетирани 3.200 финансиски директори од 16 европски земји. Постојат различни причини за овие лоши практики на плаќање. Многумина […]

Глобална недела на претприемништво: Позиционирање на македонскиот екосистем во светски рамки


 Оваа недела, од 14-ти до 20 ноември, Стартап Македонија заедно со 60 партнери организира повеќе од 45 настани за поттикнување на претприемачко образование, инклузија, креирање јавни политики во екосистемот и градење и унапредување партнерства. Со овие настани, домашниот екосистем се вклучува во Глобалната недела на претприемништвото која оваа година го прославува својот 15-годишен јубилеј. Партнерите […]

Маск соопшти дека по реконструкцијата на Твитер ќе се повлече од директорската позиција


Американскиот милијардер Илон Маск најави дека во иднина планира да се повлече од позицијата директор на Твитер и воедно изрази надеж дека реструктуирањето на компанијата ќе биде завршено во следните неколку недели. Во објава на социјалната мрежа Твитер, тој напиша дека планира да остане на челната позиција додека компанијата не ја зацврсти својата позиција на […]

„Ќе биде полошо“: Руската економија втор квартал по ред во голем минус


  Руската економија влезе во техничка рецесија под притисок на западните санкции, технолошката блокада и трауматичното ампутирање на стотици илјади работници. Со загуба од 4,1 отсто во вториот квартал, според резултатите од јули-септември, рускиот БДП се намали за 4 отсто на годишно ниво, објави Росстат во средата. Обемот на трговијата на големо падна за 22,6% […]

Ковачевски во Белград со Вучиќ, Рама, Абазовиќ и Тегелтија на Конференција за инвестиции во енергетика во Западен Балкан


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска во Белград ќе учествуваат на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството […]