Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја


  И додека поради актуелната енергетска криза во регионот веќе се воведуваат мерки за намалување на потрошувачката на електрична енергија (Косово, Северна Македонија), а другите земји како Србија и Албанија даваат огромни суми пари за увоз, Босна и Херцеговина е во прилично добра ситуација со овој извор на енергија и остварува добар профит од извозот. …

Босна и Херцеговина профитира од извозот на струја Read More »

Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок


  Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. Посочува дека ова е отворено прашање во концептот за даночна реформа и дека низ отпочнатата дебата треба да се дојде …

Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок Read More »

Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината


  Банките во Словенија во првата половина од годинава оствариле 212,5 милиони евра добивка пред оданочување. Тоа е за 15,4 отсто помалку од една година порано, а падот на добивката е резултат на повисоките оперативни расходи и создавањето нето-резервации, наведува Банката на Словенија во редовното месечно објавување за работењето на банките. Во првото полугодие од …

Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината Read More »

Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека доколку е потребно, можно е да се активираат стоковните резерви. Според Битиќи, леб ќе има и тоа, како што рече, по реално пристојни цени. Оценка на вицепремиерот е дека цените растат поради „нашето неодговорното однесување“, а одредени маркети, смета, се најголеми профитери.   -Се испостави во …

Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви Read More »

Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека раководителите на државните институции може да ја изгубат и работата ако не штедат струја. Во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, Битиќи уште еднаш повтори дека во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување.   Според вицепремиерот, …

Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја Read More »

ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија


Во јули, увозот на руски природен гас во Европска Унија е намален за околу 70 отсто на годишно ниво, со просечни дневни количини под 100 милиони кубни метри, се наведува во денешното соопштение на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Во јули минатата година гасот увезен од Русија во Европа изнесуваше околу 300 милиони кубни метри …

ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија Read More »

Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје


Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. …

Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје Read More »

Прашањето за договорите на дело останува отворена тема за дебата, вели Бесими


Прашањето за договорите на дело е исклучително важна тема која останува отворена за дебата во рамки на даночните реформи, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Во интервјуто за МИА, министерот посочува дека се работи за комплексна тема која опфаќа широк спектар на граѓани. Веќе имаме искуство дека една иницијатива не успеа, вели Бесими, додавајќи дека …

Прашањето за договорите на дело останува отворена тема за дебата, вели Бесими Read More »

Инфлацијата и стравот од рецесија ја анулираа заработката на норвешкиот пензиски фонд


  Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија. Најголемиот пензиски фонд во светот „тежок“ околу 1,3 трилиони долари во периодот од јануари до јуни годинава бележи 14,4-отстотен негативен поврат на инвестициите. „Пазарот беше …

Инфлацијата и стравот од рецесија ја анулираа заработката на норвешкиот пензиски фонд Read More »

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 отсто


Потрошувачките цени во Хрватска во јули се зголемија 12,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако хрватскиот државен завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. Најмногу се должи на зголемените цени на горивото и храната. Цените на стоки и услуги за лична потрошувачка, мерени со индексот на …

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 отсто Read More »

Швајцарскиот производител на чоколади „Линд“ ја напушта Русија


Швајцарскиот производител на чоколади „Линд“ (Lindt & Springli) соопшти дека одлучил да го напушти рускиот пазар поради инвазијата на Украина. Компанијата, позната по чоколадните топчиња Линдор и велигденските чоколадни зајачиња завиткани во златна фолија, во март одлучи привремено да ги затвори продавниците и да ги прекине пратките во Русија, пренесува Ројтерс. „По објавувањето на 9 …

Швајцарскиот производител на чоколади „Линд“ ја напушта Русија Read More »

Термоелектраните во Битола и Осломеј со 40 проценти зголемено производство


РЕК Битола и РЕК Осломеј произведоа за приближно 40% повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до јули 2022г термоелектраните произведоа 1559 GWh електрична енергија, додека од јануари до јули 2021г произведоа 1126 GWh. Зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените …

Термоелектраните во Битола и Осломеј со 40 проценти зголемено производство Read More »

Загубите на најголемиот увозник на гас во Германија за шест месеци надминале 12 милијарди евра


  Германија– Компанијата „Унипер“ што е најголемиот увозник на гас во Германија, во првото полугодие оваа година забележала загуби во износ поголем од 12 милијарди евра, од кои половината се последица на проблемите во снабдувањето гас од Русија. Приближно 6,5 милијарди евра од тие средства се последица на прекините во испораките гас од Русија како …

Загубите на најголемиот увозник на гас во Германија за шест месеци надминале 12 милијарди евра Read More »

M6 Едукативен центар – официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија


  M6 Едукативниот центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија за новата Adizes Online програма. Adizes Online е целосно дигитализирана програма со онлајн содржина која се стреми кон развивање вештини и континуирано учење, според основите на методологијата на Адижес, а обезбедува бројни обуки како што се: управување со животниот циклус на организацијата, ДНК …

M6 Едукативен центар – официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија Read More »

Буџетот е добро позициониран за да ја издржи кризата, уверува Бесими


Буџетот е добро позициониран за да може да ја издржи кризата. Подготвени сме навремено да одговориме на секој предизвик. Кризата е сериозна и може да потрае со оглед на она што се случува во Украина и на светско ниво што значи дека мораме да се подготвиме за маратон, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими во …

Буџетот е добро позициониран за да ја издржи кризата, уверува Бесими Read More »

АСО реши 31 отсто повеќе претставки во корист на осигуреници, изречени парични казни за две осигурителни компании


  Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) доби 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителни компании и брокерски друштва во првите шест месеци годинава.  АСО, врз основа на обработените претставки, утврди пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрече и парични казни, соопштија од регулаторното тело. Осигурениците во овој …

АСО реши 31 отсто повеќе претставки во корист на осигуреници, изречени парични казни за две осигурителни компании Read More »

Словенечкиот БДП скокна за 8,2 отсто во вториот квартал


  Обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 отсто на годишна основа. За ова придонесе домашната и странската побарувачка. Според податоците на Централното биро за статистика (Сурс), на растот на домашната потрошувачка во тој период најповолно влијаела потрошувачката на домаќинствата, додека на странската размената на услуги. …

Словенечкиот БДП скокна за 8,2 отсто во вториот квартал Read More »

Електричните автомобили поскапуваат побрзо од оние со класичен мотор


  Додека инфлацијата во Германија е невообичаено висока, новите електрични автомобили поскапуваат побрзо од оние со мотори со внатрешно согорување, покажа едно истражување. Каталошката цена на 15-те најпопуларни електрични автомобили во август била за 14,5 отсто повисока од претходната година, што значело просечно зголемување на цената од 5.385 евра, соопшти Центарот за истражување на автомобили. …

Електричните автомобили поскапуваат побрзо од оние со класичен мотор Read More »

Доларот ослабе во однос на повеќето валути


  Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот малку се намали. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,53 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се …

Доларот ослабе во однос на повеќето валути Read More »

Анализа на „Пари“: Кои млекари се со добивка, а кои со загуба?


Последниве недели особено станаа актуелни новите поскапувања на храната, а меѓу нив и на млечните проиводи. Цените постојано се корегираат, а во моментов, додека се пишуваат овие редови ги користиме податоците од онлајн трговијата Пакет.мк. Цената на трајното млеко „Бимилк“ со масленост 3,2% е 69 денари за литар, 400 грама кисело млеко „Бучен Козјак“ е 35 …

Анализа на „Пари“: Кои млекари се со добивка, а кои со загуба? Read More »