Неповратните средства од ЕУ преку ИПАРД 3 Програмата зголемени за 62 отсто


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека Република Северна Македонија изминативе години станала лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата. При посетата на компанијата „Метро“ која со помош на ИПАРД Програмата вложила во осовременување и високи технологии како би ги зголемиле своите капацитети, Ковачевски рече дека успешните земјоделски политики на Владата ги потврди и […]

Просечната нето-плата за ноември изнесува 33.011 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува […]

Бектеши: Со целосно усогласување на нашето законодавство ќе обезбедиме поголеми права за основање и слободата на давање на услуги


  Заклучоците и препораките кои ќе произлезат од овој билатерален состанок ќе ги постават следните чекори во процесот на пристапување во областа на Право на основање и слобода на давање на услуги. Ние сме свесни за важноста да се обезбеди правото на основање и слободата на давање на услуги преку процесот на усогласување на законодавството […]

(Видео) Ковачевски и Николовски по посетата на „Метро“


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРР Никица Бачовски се во посет на компанијата Метро, лоцирана во индустриската зона Ќојлија. Проследете ги изјавите:

„Економист“: Тврдите интервенции на државата можат да ѝ попречат на слободната трговија


  Слободната трговија се соочува со проблеми какви што веќе се видени во историјата, а тврдите интервенции на државата можат повеќе да засметаат отколку да помогнат, пишува „Економист“, не отфрлајќи го државниот интервенционизам, но повикувајќи на умереност и меѓународна координација на јавните интервенции во економијата. „Слободната трговија е на умирање“, изјави основачот на тајванската компанија […]

Бесими: Техологијата и знаењето ќе бидат двигатели на растот во новата глобална економија


  Технологијата ќе има една од водечките улоги во новата реглобализирана економија, давајќи придонес во сите системи, од трговијата и инвестициите, подобрување на иновативноста и отпорноста на приватниот сектор, работната сила, до справувањето со климатските промени и енергетската транзиција. Проценките се дека околу 70 отсто од новата вредност создадена во глобалната економија ќе дојде од […]

Анализа: Сѐ повеќе компании во САД планираат отпуштања поради опасноста од рецесија


  Сѐ поголем број американски компании предвидуваат кратења на работни места и за првпат по пандемијата очекуваат помалку развојни инвестиции, покажуваат податоците од најновото истражување на Американската национална асоцијација за бизнис-економија (NABE). Зголемувањето на каматите дава резултати и се забележува одредено забавување на економијата. Но, сопствениците на бизниси сè уште се загрижени дека Федералните резерви […]

НЛБ ќе ја претстави новата „Арт програма“


Во среда, во 16 часот, на онлајн прес-конференција НЛБ ќе ги претстави деталите за новата НЛБ Арт програма, соопштија од банката.  „Со ова НЛБ Групацијата станува главен поддржувач и партнер на современата уметност и уметниците во Југоисточна Европа, нејзиниот роден регион. НЛБ Групацијата ќе инвестира во купување и нарачки на уметнички дела и уметнички проекти, а нејзината нова колекција на современа уметност наречена Уметност на ЈИЕ ќе добие посебно […]

Повик до основните и средните училишта за учество на Европскиот квиз на пари


  Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност објавува повик до основните и средните училишта во земјава за учество во меѓународниот натпревар „Европски квиз на парите“. Квизот е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, а се одвива во две […]

Сѐ повеќе милионери ја напуштаат Велика Британија


  Пред гласањето за Брегзит, Велика Британија регистрираше прилив на богати поединци. Две силни економски сили деновиве се соочуваат со сериозни предизвици, особено Велика Британија. Оваа европска земја наводно го губи статусот на „рај“ за супербогатите, што не е чудно ако се земат предвид претходните настани – од Брегзит до рекордна инфлација. Повеќе од 1.000 […]

Анкета на „Ројтерс“: ЕЦБ ќе ја зголеми депозитната стапка на 3,25 отсто до средината на годината


  Европската централна банка ќе биде поагресивна отколку што се мислеше во кампањата за затегнување, додавајќи уште 50 базични поени на својата депозитна стапка на 2 февруари, додека ја продолжува својата борба против неконтролираната инфлација, покажа анкетата на „Ројтерс“, пренесе СЕЕбиз. Иако централната банка на еврозоната ги зголемува стапките со најбрзо темпо во историјата, таа […]

Бектеши во Брисел, ќе се обрати на првиот билатерален состанок од Кластер 2 за внатрешен пазар


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска е во работна посета на Брисел, каде ќе се обрати на првиот билатерален состанок со Европската Унија од Кластер 2 за внатрешен пазар. Како што информира Министерството за економија, билтералниот состанок што ќе се одржи денеска се однесува  за Поглaвјето 3 – „Право на основање и слобода на давање […]

Бектеши: Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет


Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет, вели министерот за економија Крешник Бектеши. -По долги години целиот енергетски капацитет во државата работи во полн капацитет за производство и снабдување со електрична енергија, истакна министерот  Бектеши во емисијата ДЕТЕКТОР на Телевизија Сител. Во анкетата спроведена од ИПИС која беше презентирана во емисијата ДЕТЕКТОР на ТВ СИТЕЛ, […]

ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со природен гас за февруари за топланите и други потрошувачи во државата


ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец февруари 2023г. за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на […]

ЕСМ Снабдување со топлина: Плаќањето на фактурите електронски е без банкарски провизии


ЕСМ Снадување има веб станица која е во функција од крајот на минатата година, на која се поставени најважните информации за нашите потрошувачи, како информации за локација на пункотвите и работното време, за центарот за грижа на потрошувачи, достапен е формуларот за е-фактура и договорот за снабдување како и електронскиот систем за плаќање на фактури. […]

Кои земји имаат најмногу штрајкови во Европа?


Штрајковите се значаен дел од културата на работниот век во Европа, и најчесто работниците го изразуваат својот револт за повисоки плати и подобри работни услови, додека политичките и идеолошките демоснтрации се поретки. Турција бележи остар пад на губење работни денови поради штрајкови, додека  во Данска културата на штрајкување е и натаму силна. Линк до целиот […]

„Деалтаск фреш“ – уште една успешна ИПАРД приказна


Уште една успешна ИПАРД приказна и позитивен пример како преку максимална искористеност на владините мерки и програми може да се развие и зајакне македонското производство, вака премиерот Димитар Ковачевски го оцени работењето на компанијата „Деалтаск фреш“ што ја посети денеска како дел од неговите активности во преспанскиот регион. Тој уште еднаш испрати порака дека Владата […]

Гугл планира да отпушти 12.000 работници


Матичната компанија на Гугл, Алфабет соопшти денеска дека ќе укине 12.000 работни места, порачувајќи им на работниците дека економската ситуација е полоша отколку што очекувале.   Компанијата интензивно вработуваше во последниве години „за поинаква економска реалност од онаа со која се соочуваме денес“, напиша во допис до вработените, извршниот директор на Алфабет, Сундар Пичаи.   […]

Со 300 илјади евра ќе се обновува патот од Блатец до Детлово


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска направи увид во почетните градежни активности за реконструкција на локалниот патен правец од селото Блатец до месноста Детлово во општина Виница. Реконструкцијата се реализира преку проектот за рехабилитација на локалната патна мрежа во општините што го спроведува Министерството, а на локалниот пат во Виничко се работи на […]

Горивата поскапуваат од два до 2,5 денари за литар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,9 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува […]