Најбогатите акумулираа 45,6 отсто од богатството во 2021 година


Вкупното светско богатство порасна за 9,8 отсто и во 2021 година достигна 463,6 милијарди долари. За тоа најзаслужни се САД со учество поголемо од половината од вкупното зголемување на богатството. Кина придонесува со четвртина. Во меѓувреме, Африка, Европа, Индија, Латинска Америка заедно сочинуваат само 11,1 отсто од растот на глобалното богатство во 2021 година, се …

Најбогатите акумулираа 45,6 отсто од богатството во 2021 година Read More »

„Тинекс“ демантира дека е во преговори за продажба на маркетите


Компанијата „Тинекс“ која управува со синџирот истоимени маркети во државата и е една од најголемите во сегментот на малопродажба, денеска демантираше дека е во било какви преговори за нејзинот преземање од друга компанија. „Ниту ‘Тинекс’ маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи, а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба. ТИНЕКС-МТ …

„Тинекс“ демантира дека е во преговори за продажба на маркетите Read More »

Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година, во кои се вклучени и наоди од анкета на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки, анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за …

Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција Read More »

Германија ќе го национализира најголемиот увозник на гас


  Германија се согласи да го национализира својот најголем увозник на гас, „Унипер“, за да избегне криза додека се бори со недостигот на енергија како резултат на руската војна во Украина. Договорот се надоврзува на спасувачкиот пакет договорен во јули, кога Берлин презеде 30% од акциите во компанијата и вклучува капитална инјекција од 8 милијарди …

Германија ќе го национализира најголемиот увозник на гас Read More »

„Конкурентна плата“ – водич за поголема конкурентност и продуктивност на компаниите


Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) го изготви водичот „Конкурентна плата“ – прв продукт од истражувањето на плати, додатоци и надоместоци што ги отсликува спецификите на домашниот пазар.Според претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска, задоволството на вработените директно влијае врз продуктивноста на компанијата. -Преку „Конкурента плата“ компаниите можат да ги искористат информациите и податоците како основа …

„Конкурентна плата“ – водич за поголема конкурентност и продуктивност на компаниите Read More »

Финансискиот имот на домаќинствата лани се зголемил за 9,3 отсто, најмногу во последните десет години


  Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка. Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите …

Финансискиот имот на домаќинствата лани се зголемил за 9,3 отсто, најмногу во последните десет години Read More »

Септемвриските пензии ќе бидат повисоки за 6,8 проценти


  Министерство за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. -Новата методологија предвидува усогласување на пензиите  со …

Септемвриските пензии ќе бидат повисоки за 6,8 проценти Read More »

Зошто доларот е толку силен? Американска иновација


  Доларот има наплив на надмоќ во светот што се случува еднаш во генерација. По 11 години и добивка од 40 % врз основа на реална пондерирана трговија, некои почнуваат да се прашуваат дали е време за пад. На краток рок, слабеењето на доларот е веројатно, бидејќи европските влади ја апсорбираат финансиската закана за нивните …

Зошто доларот е толку силен? Американска иновација Read More »

Руска компанија избрана за надзор на изградбата на автопатите


Јавното претпријатие за државни патишта го откажа тендерот на кој беше избрана фирма од Хрватска за надзор на изградбата на автопатите од Коридорот 8 и Коридор 10. Постапката е откажана, а договорот сега е неважечки бидејќи победникот на тендерот не обезбедил банкарска гаранција во износ од 2,6 милиони евра. Истовремено,  откриено е дека хрватската компанија …

Руска компанија избрана за надзор на изградбата на автопатите Read More »

Украдени 160 милиони долари од лондонска фирма што тргува со криптовалути


  Англија– Хакери украдоа дигитални средства вредни околу 160 милиони долари од лондонската фирма „Винтермјут“ што се занимава со трговија со криптовалути, соопшти денеска извршниот директор на компанијата Евгениј Гавој. Гавој напиша на Твитер дека кражбата го погодила секторот што долго време бил погоден од кибер напади. Нападот бил насочен кон децентрализираните финансиски операции на „Винтермјут“ …

Украдени 160 милиони долари од лондонска фирма што тргува со криптовалути Read More »

Од исполнувањето на економските критериуми ќе зависи темпото на преговорите со ЕУ


Со формалното интегрирање на економските критериуми во кластерот „Темели“, исполнувањето на Копенхашките економски критериуми ќе биде меѓу главните политички приоритети во текот на пристапните преговори, изјави вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за економските критериуми. – Ако се има предвид важноста на кластерот „Темели“ …

Од исполнувањето на економските критериуми ќе зависи темпото на преговорите со ЕУ Read More »

Септемврските пензии повисоки за 6,8 отсто, исплатата почнува од 29 септември


Владата на денешната седница ја усвои редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец, при што го задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.09.2022 година. Како што  информира владината Прес-служба, се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да …

Септемврските пензии повисоки за 6,8 отсто, исплатата почнува од 29 септември Read More »

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината


  Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска одлучи да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 31 декември 2022 година. – Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на …

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината Read More »

Конференцијата за е-трговија годинава во регионално издание


  Под мотото „E-commerce: Accelerate!” на 11 ноември ќе се одржи петтата годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Конференцијата годинава првпат добива регионален карактер и на неа се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, …

Конференцијата за е-трговија годинава во регионално издание Read More »

Ангеловска-Бежоска: Народната банка презема соодветни мерки за справување со инфлацијата


  Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска денеска имаа работна средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, шефица на Економскиот оддел при Делегацијата на ЕУ, Мари-Мадлен Канелопулу и економскиот советник во Одделот за операции при Делегацијата на ЕУ, Алесандро Занота. На средбата е разговарано за актуелните економски случувања и за последиците врз европската …

Ангеловска-Бежоска: Народната банка презема соодветни мерки за справување со инфлацијата Read More »

Колапс на берзата во Москва по најавите за референдум на окупираните територии


  Хартии од вредност на Московската берза нагло се намалија по извештаите за одржаување „референдуми“ во сепаратистичките региони Донецк и Луганск и одлуката на Думата да ги додаде концептите „мобилизација“ и „воена состојба“ во Кривичниот законик на Руската Федерација. До 15:12 часот по московско време, индексот на Московската берза падна за 7,54% на 2247,2 поени, …

Колапс на берзата во Москва по најавите за референдум на окупираните територии Read More »

Комисијата за транспорт и врски расправа за поедноставно поставување фотонапонски централи


  Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска почна амандманската расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, што на предлог на Владата се носи по скратена постапка. Со измените се предвидени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи. Во досегашниот дел од расправата е прифатен еден амандман, а еден е …

Комисијата за транспорт и врски расправа за поедноставно поставување фотонапонски централи Read More »

Централните банки утре повторно значително ќе ги зголемат каматните стапки


Федералните резерви на САД и Банката на Англија повторно значително ќе ги зголемат каматните стапки оваа недела во обид да ја спречат зголемената инфлација, веруваат инвеститорите. Се очекува двете централни банки да ги надминат стравувањата од рецесија и да ја продолжат својата борба против историските зголемувања на цените. И покрај падот на инфлацијата на 8,3 …

Централните банки утре повторно значително ќе ги зголемат каматните стапки Read More »

Сојузот на стопански комори на меѓународниот саем „ИНТЕРАГРО 2022“ во Бјелина


    Делегација на Сојузот нa стопански комори на Македонија составена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателот и претседател на Агробизнис комора Горан Ѓорѓиевски и претставници на 13 компании учествуваат на XX Меѓународен саем за земјоделство, храна, лов, риболов и екологија „ИНТЕРАГРО 2022“, кој се одржува од денес до 22 септември 2022 година во Бјелина, Република …

Сојузот на стопански комори на меѓународниот саем „ИНТЕРАГРО 2022“ во Бјелина Read More »

Кој е шампион во плаќање на работниците? „Тесла“ ги намали платите, но доминираат две технолошки фирми


Со растечка економија и напрегнатиот пазар на труд, медијалната плата се зголеми кај повеќето компании од S&P 500 минатата година, според анализата на Волстрит џорнал (WSJ), пренесува Телеграф. Во оваа смисла, најмногу се истакнаа „Алфабет“ (компанија мајка на „Гугл“) и „Фејсбук“ („Мета“), кои обезбедија медијална заработка од речиси 300.000 долари. Тие исто така беа меѓу …

Кој е шампион во плаќање на работниците? „Тесла“ ги намали платите, но доминираат две технолошки фирми Read More »