Скопскиот аеродром ја доби наградата за Квалитет на аеродромски услуги за 2022 година


ТАВ Аеродроми, синоќа, 6-ти септември, на гала церемонијата за време на годишниот Форум и светски самит за искуство на клиентите на ACI во Инчон, Република Кореја, ја прими наградата за Квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality–ASQ) за Меѓународниот Аеродром Скопје за 2022 година, од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International World – ACI […]

ОЕЦД: ЕЦБ треба да ги зголемува каматните стапки што е можно подолго


Во својот последен извештај, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) вели дека се потребни дополнителни реформи за да се помогне економското закрепнување на Европа по пандемијата. Европската унија треба да го зајакне единствениот пазар и да одржи рестриктивна монетарна позиција ако сака да се справи со инфлацијата и да ја зајакне отпорноста на европската […]

Соларен саем за обновливи извори на енергија од 15 до 17 септември во Скопје


 Во организација на Македонската соларна асоцијација од 15 до 17 септември во Скопје Сити Мол ќе се одржи Соларен Саем, на кој ќе учествуваат повеќе од дваесетина компании. Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите технологии од соларниот сектор на 24 локации на приземјето на трговскиот центар.  Како што најавуваат организаторите, на настанот ќе […]

Заврши расправата за Предлогот на Закон за данок на солидарност, ќе се гласа дополнително


 На 120 седница во Собранието на Република Северна Македонија, денеска заврши општиот претрес по Предлог на закон за данок на солидарност, а гласањето по предлогот ќе биде дополнително закажано. Спроведувањето на Предлогот на закон за данок за солидарност, како што се вели во објаснувањето од министерот за финансии Фатмир бесими до пратениците, ќе предизвика позитивни […]

Механизацијата на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите е на пат кон Македонија


  Првиот вицепремиер на Владата Артан Груби од Тетово најави дека механизацијата која ќе работи на изградба на автопатиштата предвидени во Коридор 8 е на пат кон државата. Откако на почеток на јуни беше означен почетокот на геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, сега според владините министри ќе се почне и со […]

Германија со рекорден увоз на струја по затворањето на нуклеарните централи


Увозот на електрична енергија во Германија значително се зголеми по затворањето на нуклеарните централи и сега е поголем од извозот, покажаа податоците на заводот за статистика. Во вториот квартал Германија увезла 7,1 милијарди киловат часови (kWh) електрична енергија повеќе отколку што извезла, објави Дестатис. Нето увозот речиси точно се совпадна со производството на трите нуклеарни […]

Калвино и Вестагер во трка за шеф на Европската инвестициска банка


Извршниот потпретседател на Европската комисија, Маргрете Вестагер, доби неплатено отсуство за користење за време на кампањата за функцијата претседателка на Европската инвестициска банка (ЕИБ), бидејќи данската влада официјално ја номинираше за таа функција. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен одобри неплатено отсуство за извршниот потпретседател Вестагер, нагласувајќи дека „во тој период продолжуваат да се […]

Собранието ја продолжи 120 седница, пратениците расправаат по Предлог на закон за данок на солидарност


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржува продолжението на 120 седница, на која пратениците расправаат по Предлог на закон за данок на солидарност. Спроведувањето на Предлогот на закон за данок за солидарност, како што се вели во објаснувањето од министерот до пратениците, ќе предизвика позитивни фискални импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија […]

Нови мерки за ранливите категории граѓани до крајот на оваа или во текот на наредната недела


Министерството за економија ќе донесе мерки кои ќе бидат во корист на граѓаните, посебно на тие категории на граѓани кои имаат најголема потреба. Во моментов е при крај подготовката на Предлог-ребалансот на буџетот и најверојатно до крајот на неделата, најдоцна почетокот на наредната недела ќе излеземе и со новиот буџет и со нови мерки кои […]

Граѓаните кои се сомневаат во точноста на струјомерите, да се обратат до Бирото за метрологија, ќе бидат проверени


 Електричните броила се точни според дозволените параметри и стандарди на ИЈЦ. Лабораторијата во која се верификуваат електричните броила е акредитирана според стандардот 17020 од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, истакна директорот на Бирото за метрологија, Абдуљ Сељам Селами, во изјава за медиумите при денешната посета заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, на […]

Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари


Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов. Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна србија, но, како што дополни, удел […]

Липково прва општина целосно покриена со смарт броила, Скопје регион со највисоки загуби на електрична енергија


Не е точно дека загубите на електрична енергија во мрежата се поврзани со етничката припадност на населението. Липково ќе биде прва општина во земјава целосно покриена со смарт броила за електрична енергија и со загуби од 10 проценти, а Скопје е регион со највисоки загуби од 20 проценти, оцени денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски. […]

Што е зелен водород и зошто се смета за чисто гориво?


  БАНГАЛОРЕ, Индија – Зелениот водород се промовира низ целиот свет како решение за чиста енергија за отстранување на јаглеродот од секторите со висока емисија како транспортот и индустриското производство. Меѓународната соларна алијанса предводена од Индија го лансираше иновативниот центар за зелен водород претходно оваа година, а самата Индија одобри 2,3 милијарди долари за производство, […]

Дневната евтина тарифа достапна за 200 илјади потрошувачи од 1 декември


Дневната евтина тарифа за струјата ќе биде достапна од 1 декември за околу 200 илјади потрошувачи кои имаат таканаречени смарт броила, додека за другите оваа поволност ќе се вклучува постапно вотекто на месецот со читањето на струјомерите. Тоа ќе зависи и од достапноста на броилата, бидејќи, како што посочија денес претставници на ЕСМ, при читањето […]

Маск зел заем од милијарда долари од неговата  компанија „Спејс икс“


Илон Маск повлекол заем од 1 милијарда долари од „Спејс икс“ (SpaceX), две децении старата ракетна компанија управувана од милијардерот, во исто време кога го купил „Твитер“, сега познат како X, за 44 милијарди долари, објави Волстрит џурнал. „Спејс икс“ одобри заем од 1 милијарда долари поддржан од дел од акциите на „Спејс икс“ на […]

Фејсбук ја гаси рубриката вести во Германија, Франција и Британија


Фејсбук објави дека ќе ја заврши својата секција за вести во Велика Британија, Франција и Германија на почетокот на декември и ќе се фокусира на кратки видео содржини. Одлуката е донесена во согласност со стратегијата на Фејсбук за насочување на ресурсите во области од поголем интерес за корисниците, тврдат од компанијата. Корисниците ја посетуваат платформата […]

Брзи и едноставни плаќања со Google Pay и Visa картичките од „Комерцијална банка“


Со Google Pay™ и Visa картичките од Комерцијална банка плаќањата сега се уште полесни. Комерцијална банка со новата дигитална услуга овозможува нови привилегии кои значат брзи и едноставни плаќања со паметен телефон или часовник. Со додавање на Visa картичките на Комерцијална банка во апликацијата Google Wallet™, секој Android или WearOS уред станува дигитален паричник со […]

Холандска партија предлага намалување на сточниот фонд за 75 отсто за пониски емисии на штетни гасови


Холандската Партија за животните (ПВДД), чија примарна заложба е заштита на правата на животните и на животната средина, во својата програма за ноемвриските предвремени парламентарни избори во Холандија предлага бројот на добиток во земјата да се намали за 75 отсто со цел да се намалат емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. […]

Граѓаните ќе може да ги споредуваат трошоците на услугите на банките


Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Како што известуваат од НБРМ, овие активности на се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како […]