Брзи и едноставни плаќања со Google Pay и Visa картичките од „Комерцијална банка“
Со Google Pay™ и Visa картичките од Комерцијална банка плаќањата сега се уште полесни. Комерцијална банка со новата дигитална услуга овозможува нови привилегии кои значат брзи и едноставни плаќања со паметен телефон или часовник.
Со додавање на Visa картичките на Комерцијална банка во апликацијата Google Wallet™, секој Android или WearOS уред станува дигитален паричник со кој може да се плаќа во секое време на милиони места во светот што прифаќаат бесконтактни платежни трансакции.
Плаќањата со Google Pay и Visa картичките значат лесни, брзи и безбедни трансакции во безброј продавници, ресторани, веб-страни и апликации.
Потребно е само:
- бесплатно да се симне апликацијата Google Wallet
- да се додаде во Google Wallet која било Visa картичка од Комерцијална банка
- да се ужива во едноставноста што ја овозможуваат Google Pay плаќањата
Google Wallet апликацијата е достапна преку Google Play Store за Android и WearOS уреди и во истата секој клиент ја користи својата сметка во Google. Сам бира колку Visa картички ќе додаде и со која картичка ќе врши плаќање.
Повеќе информации за новата дигитална услуга се достапни на следниот линк.
(Комрцијален текст)