Синдикатот на ,,Еуроникел” бара продолжување на производството во фабриката


Синдикатот на ,,Еуроникел индустри” со допис до директорот Димитрис Пасос и бордот на ГСОЛ, бара продолжување на производството во фабриката во Кавадарци. – Дојде крајот на месец октомври, а нас платата за септември се уште не ни е исплатена. Сите овие месеци ни ветувавте дека работите ќе одат кон подобро, дека ќе расте производството и […]

Оризот, чајот и медот повеќе нема да имаат рок на употреба. Дали е тоа добра одлука?


Долготрајната храна како чај, ориз или мед повеќе не треба да има рок на употреба. Ова е предлогот на германскиот сојузен министер за земјоделство Џем Eздемир. „Тоа треба да помогне да се троши помалку храна“, рече политичарот на Зелените во понеделникот пред состанокот со неговите колеги од ЕУ во Луксембург, пренесува Феникс. Eздемир смета дека […]

Електронски техничари, градежни механичари и шпедитери се професиите на иднината


Професиите кои придонесуваат за одржлив свет и независност од фосилните горива ќе дојдат до израз, најавија од Стопанската комора на Виена. Во наредните години ќе бидат потребни се повеќе електронски техничари, градежни механичари и шпедитери. Зелените работни места се однесуваат на професии кои помагаат во ублажување на влијанието на негативните промени во животната средина и […]

ЕУ бара да се оданочува богатството на супербогатите, а не приходот


Извештај  финансиран од ЕУ бара да се оданочува богатството на супербогатите, а не приходот. Милијардерите работат на „границата на законитоста“ во користењето на компаниите за да избегнат данок и на 3.000 најбогати поединци во светот треба да им се наплати данок од 2 отсто на нивното богатство, тврди истражувачката група создадена за  даночната политика на […]

Македонскиот тутун се бара во светот, но нема кој да го работи


 На прагот на уште една откупна сезона на тутунот, за производителите е пресудно по која цена „ќе натежне вагата“. Тие со откупните претпријатија (во земјава се 10-тина) се во вечна „битка“ за откупните цени, особено сега, во ситуација на инфлација, скапи трошоци на производство и скапа работната рака. Во вакви моментални состојби се отвора прашањето: […]

Њујорк е најпогоден град за бизнис


Њујорк – Њујорк е прв на листата на светски градови најпогодни за бизнис, а седум европски градови се меѓу првите 20 најдобри финансиски центри, според новото рангирање на Индексот на глобалните финансиски центри (GFCI). Во горниот дел од оваа листа доминираат Соединетите Американски Држави, а Лондон и натаму е лидер во Европа и на второ […]

Странските текстилни брендови заминуваат во Египет и Мароко


Македонскиот текстилен сектор се соочува со намалување на нарачките од странските партнери. Според Ангел Димитров од Организација на работодавачи причината рецисијата на европскиот пазар, а како втор проблем е и заминувањето на странските партнери. Посочува дека дека четири штипски конфекции се соочени со намалено производство. Стопанствениците засега не ги затвараат капацитетите и се снаоѓаат со […]

Бесими: ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија


Направен е значаен чекор напред на односите на  Северна Македонија со Групацијата на Светската банка, со тоа што стана земја-контрибутор (донатор) кон Меѓународната асоцијација за развој (ИДА), фонд на Светската банка. Во фондот членуваат сите земји-членки на Светската банка, а самиот факт дека започнавме да придонесуваме во фондот, значи дека нашата економија постигнала повисок степен […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека власта сака да го продаде МЕПСО на грчко – кинеска фирма


ВМРО-ДПМНЕ тврди дека власта, односно СДСМ и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма, обвинувајќи дека се подготвува нов „бонбона бизнис“. -Во Грција излегле информации во медиуми дека грчкиот електропреносен систем, каде 24% сопственост има кинескиот електропреносен систем во државна соспственост, сака да го купи МЕПСО. Доколку власта се осуди на […]

Компаниите немаат доверба во тендерите на државните институции


Компаниите немаат доверба во институциите поради што многу малку од нив се подготвени да аплицираат на јавни тендери, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Тој информира дека од внатрешната ревизија што ја спроведе Министерството за информатичко општество и администрација за периодот 2021 – 2023 година се гледа дека компаниите се многу […]

Грција доби инвестициски степен од кредитната агенција Стандард и Пурс


Атина – Американската агенција за кредитен рејтинг Стандард и Пурс ја надгради грчката економија, доделувајќи и инвестициски степен, нешто што го очекуваше и го поздрави грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи истакна дека надградбата претставува „уште еден официјален печат на закрепнувањето на грчката економија“ и дека Грција […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Дрекслер: Народната банка има високо ниво на усогласеност со европската регулатива


Народната банка е посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија, при што од големо значење е соработката со институциите од Сојузна Република Германија. Во изминатите години се остварува плодна соработка на нашата централна банка со Централната банка на Германија (Дојче бундесбанк), преку која […]

Автокоманда: Плаќаат 30% повисоки сметки за 24-часовно парно, а радијаторите им се ладни


Плаќаат 30% поскапо за услуга што не ја добиваат. Жителите на населбата Автокоманда секојдневно протестираат пред пунктот на ЕСМ. Додека постоеше БЕГ, тие имаа договори со друг снабдувач и добиваа парно 24-часа за време на грејната сезона за што и нивните сметки беа повисоки. Откако пропадна БЕГ, тврдат дека без нивна согласност биле префрлени кај […]

Лидл доцни со отворањето на маркетите во Македонија, Косово, БиХ и Црна Гора


Лидл во Македонија основаше фирма во 2021 година, има отворено канцеларија и вработува работници, но засега почна да гради маркет само во Битола. Се подготвуваат локации во уште неколку градови. Неофицијално првите продавници во Македонија ќе се отворат во 2026 година. Лидл уште лани требаше да отвори маркети на Косово. Но тоа до сега не […]

Прв базар на мали еколошки бизниси


 Во организација на Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ и „Јуроп хаус“ Скопје, денеска во „Бистро Комедија“ ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси. Целта на настанот е запознавање со овие бизниси кои секојдневно придонесуваат кон одржливиот развој на државата, промоција на еколошките алтернативи што се нудат во замена […]

Бесими: Се бара одржливо решение за корекција на функционерските плати


Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека се бара одржливо решение за корекција на функционерските плати кои со одлука на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти. За централниот дневник на телевизија „Сител“, Бесими рече дека интенцијата на Владата уште тогаш била дека не треба да се укине таа одредба. – Реагирано е од страна […]

Решен проблемот на ,,Еуроникел”: Струјата е платена, платата ќе се доплати


Струјата е платена, платата ќе се доисплати наредната недела, преговорите со раководството на „Еуроникел индустри” продолжуваат, информираа попладнево од Синдикатот на комбинатот во изјава за МИА, откако претходно два дена протестираа пред фабриката, барајќи од менаџерскиот тим да обезбеди пари за тековно одржување на гигантот и подобри услови за работа за околу 800 работници.  – […]

До 2027 година неформалната економија треба да се намали за 9 отсто


 Во Министерството за финансии денеска беше одржан подготвителен состанок меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и директорите на Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за финансиска полиција и на Управата за финансиско разузнавање. На состанокот се координирани подготовките за Националниот совет за формализација на неформалната економија. – Неформалната економија е еден од најгорливите проблеми […]

Две третини од акциите на пристаништето во грчкиот град Игуменица продадени на италијанска компанија


Со потпишување на договор денеска заврши процесот на продажба и пренос на 67 отсто од акциите на пристаништето во грчкиот град Игуменица на италијанска компанија, договор во вредност од 84,17 милиони евра, за кој грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис истакна дека ќе донесе поголем раст како за националната, така и за локалната економија, јави дописничката на […]

Во септември годишен раст од 8,9 отсто на вкупните депозити и 5,8 отсто на кредитите


Вкупните депозити во септември, на годишно ниво, се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка. Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,8% и произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства.  Во септември 2023 година, […]