Законските измени за либерализација на железничкиот сообраќај пред матичната собраниска комисија


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за железнички систем, по скратена постапка, со кој треба да се овозможи либерализација на железничкиот сообраќај во државава, денеска треба да биде разгледан од матичната собраниска Комисија за транспорт и врски. Во членот 16 од Предлог законот е наведено дека се овозможува јавниот железнички превоз на патници […]

Волстрит забележа најдолга серија на добивки во последните две години


Волстрит зајакна во вторникот, бидејќи континуираниот пад на приносите на државниот трезор помогна да се поттикне растот на акциите. Индексот S&P 500 се искачи седми ден по ред, што е негова најдолга низа на добивки од ноември 2021 година, кога референтниот индекс се зголеми за осум последователни сесии. Nasdaq Composite, исто така, ја забележа својата […]

Катастрофалното влијание на климатските промени: Најниско производство на вино во последните 60 години


Производството на вино во светот годинава се очекува да падне на најниско ниво во последните 60 години, поради лошата жетва во јужната хемисфера и кај некои големи европски производители, соопшти Меѓународната организација за винова лоза и вино (ОИВ). Во првичните проекции, ОИВ го зодреди светското производство на вино, без сокови и шира, помеѓу 241,7 милиони […]

Владата донесе решение за формирање на Комисија која треба да ја спроведе постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија


Владата денеска донесе решение за формирање на Комисија за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија.  Комисијата, како што стои во соопштението од владината прес-служба, треба да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на јавен повик, односно да го подготви јавниот повик, тендерската […]

УЈИЕ со кампања за подигање на свеста за зајакнување на жените во претприемништвото


 Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа, во партнерство со организацијата Хекима од Словачка почна кампања „Зајакни ја неа, зајакни ја нашата држава“ на национално ниво, која има за цел да ја нагласи важноста од зголемување на застапеноста на жените во полето на климатски интелигентни иновации и претприемништво. Оваа национална кампања ќе се води на социјалните […]

Ковачевски во Пивара: „Гарантираните цени“ ги ублажија инфлаторните шокови


Пивара Скопје, македонска компанија со стогодишна традиција на пазарот, која припаѓа на две големи интернационални семејства, Coca-Cola и Heineken меѓу првите се пријави и ја поддржа мерката на Владата за обезбедување на „гарантирани цени“ со тоа што самостојно ги намалија цените на своите производи на пазарите во државата. Со тоа, оваа компанија, како и многу […]

Граѓанска обврзница запишале 907 граѓани, побарувачката за 80 отсто поголема од понудениот износ


Втората емисија на Граѓанска обврзница успешно беше реализирана, оцени денеска Министерството за финансии. Во соопштението до медиумите се вели дека на денешната аукција биле запишани граѓански обврзници во износ од 1.085.480.000 денари (17,7 милиони евра) што е за 1,8 пати повисок од износот објавен во Проспектот за втората емисија Граѓанска обврзница. „Ова покажува дека Граѓанската […]

Синдикалната минимална кошница за октомври е 46.198 денари


Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).  Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36  денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари. За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари […]

Снабдувачи кои користат само руски гас веќе стануваат неконкурентни, вели Бектеши


Зависноста од рускиот гас веќе влијае врз конкурентноста на домашни фирми, укажа денес министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на прашања на новинарите при посета на Пивара Скопје, Бектеши рече дека во државата има два снабдувача кои користат само руски гас од кои  едниот е фирма сестра на ТЕ-ТО, а другиот е македонска фирма и […]

Подготвена нацрт верзија на Закон за Националната развојна стратегија


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната средба со директорката на Регионалната канцеларија на УНДП во Истанбул Стелиана Недера и постојаниот претставник на оваа организација во нашата земја Армен Григоријан разговараа за заедничките активности кои Владата ги спроведува во соработката со УНДП, на различни проекти. На средбата стана збор за Националната развојна стратегија, за […]

Зголемување на квотата за 2.000 странски работници ќе го ублажи недостигот на работна сила


Зголемена е квотата за увоз на странски работници, од 5.000 на 7.000. Вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи оваа вест ја кажа на состанокот со Делегацијата на германското стопанство во земјава, а македонските работодавчи и бизнис секторот сметаат дека  зголемувањето за дополнителни 2.000 странски работници само ќе го ублажи проблемот со недостаток на работна сила […]

Девизните резерви на крајот на октомври 3,92 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 3.920,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 18,9 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,2%), по што следуваат валутите и депозитите (31%) и монетарното злато (10,6%).

„Преполовување“: Инфлацијата во октомври се сведе на 3,5 отсто во однос на лани


  Инфлацијата во земјава, мерена преку порастот на трошоците на живот во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, изнесуваше 3,5 отст, соопшти Државниот завод за статистика. Во споредба, пак, со септември годинава, трошоците на животот бележат намалување од 1,5 отсто. Кај цените на мало, во октомври беше забележан пораст од 3,4  отсто […]

Анализите ќе покажат дали да се продолжи со истиот изведувач за автопатот Кичево – Охрид, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека анализите што се прават за автопатот Кичево- Охрид треба да одговорат дали изведувачот и неговите подизведувачи по 10 години се во состојба да изведат вакво решение и дали проектантските куќи го направиле проектирањето како што треба. Според Ковачевски, ангажираниот експерт за Фидик договори ќе треба да каже кои се ефектите […]

Македонија на 55. место од 167 земји на Индексот на просперитет на Легатум


Македонија е рангирана на 55. место од 167 земји на Индексот на просперитет на Легатум, годишно рангирање развиено од Институтот Легатум, независна образовна добротворна организација основана и делумно финансирана од приватната инвестициска фирма Легатум. Рангирањето се заснова на различни фактори, вклучувајќи богатство, економски раст, образование, здравје, лична благосостојба и квалитет на живот. Македонија има најсилни […]

Финансиската полиција со нов софтвер ќе се бори со организираниот криминал


 Управата за финансиска полиција со поддршка од Обединетото Кралство ќе добие нов современ систем кој ќе ги дигитализира процесите, а тоа ќе овозможи побрз проток на информации во рамки на институцијата и размената со други институции, носење поквалитетни одлуки и сето тоа до поефикасно дејствување во справување со организираниот криминал. Како што соопштија од Министерството […]

Законот за нефер трговски практики на финална ревизија, идната недела оди на Влада


Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието. Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети. Оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски […]

Новиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен идната недела


 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела. -Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе […]

Цариниците на ГП „Богородица“ запленија непријавени 700 парчиња облека


Запленети непријавени 700 парчиња облека од царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, информира Царинска управа, со што е спречен обид за сива економија. – Во пет случаи царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија околу 700 парчиња непријавена облека и 22 пара обувки наменети за продажба на македонскиот пазар. Во сите случаи лицата, инаку македонски […]

УБС објави поголема загуба од очекуваната: Трошоците за интеграција на Кредит Свис се натрупуваат


Швајцарската УБС во вторникот објави нето загуба во третиот квартал од 785 милиони долари, поголема од очекуваната, бидејќи работи на интегрирање на паднатиот ривал Кредит Свис. Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа дека швајцарскиот банкарски гигант ќе објави квартална нето загуба од 444 милиони долари во анкетата составена од компанијата. Загубата беше предизвикана од трошоците од […]