Народна банка прогнозира раст на БДП од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто


Годинава ќе ја завршиме со раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто, покажуваат есенските макроекономски проекции на Народната банка кои беа презентирани денеска. За наредната година, централната банка предвидува раст од 3 отсто и инфлација од 3,5 до 4 отсто, а на среден рок за 2025 и 2026 година се предвидува раст од 4 […]

Живко Мукаетов: Годинава ќе ја завршиме со извоз од 180 милиони евра. Планираме силен раст на извозот на европските пазари


Најуспешната македонска компанија „Алкалоид“ годинава ќе ја заврши со извоз од околу 180 милиони евра, што се високи 70% од вкупните консолидирани продажби на компанијата. Живко Мукаетов, првиот човек на „Алкалоид“ очекува тешка, но успешна година за компанијата, која и покрај бројните предизвици во изминатиот период успеа значително да го зајакне присуството на многу европски […]

Данок на солидарност сѐ уште не платиле 26 компании, должат речиси 12 милиони евра


  Данокот на солидарност сѐ уште не го платиле 26 компании кои вкупно по оваа основа должат 726,6 милиони денари (околу 11,8 милиони евра), информираше денес на брифинг со новинарите директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Само една од овие компании должи 294,6 милиони денари (околу 4,7 милиони евра). Станува збор за фирма од средна големина […]

Германската Влада планира да ги намали цените на електричната енергија за индустријата


 Германската Влада планира да ги намали цените на електричната енергија за тешката индустрија преку комбинација на даночни олеснувања и продолжување на субвенциите за енергетски интензивните индустриски производители, дознава ДПА. Околу 350 германски компании кои се особено изложени на меѓународна конкуренција и се ставени во конкурентна неповолна положба поради високите цени на електричната енергија во Германија […]

Одржлива иднина за подобра иднина – Рециклирај го твојот е-отпад и биди дел од мисијата за здрава животна средина


Рециклирањето е многу важен дел од борбата за зачувување на животната средина и претставува начин да ја оставиме Земјата во подобра состојба од онаа во која се наоѓа во моментот. Екон Електрон замислува иднина каде електронските уреди ќе се рециклираат и пренаменуваат, не оставајќи никаков е-отпад зад себе. Тие ги поддржуваат највисоките стандарди за етичко и […]

Стив Вознијак, еден од основачите на „Епл“, примен во болница во Мексико Сити


Ко-основачот на Епл  (Apple), Стив Вознијак денеска е хоспитализиран во Мексико Сити, поради можен мозочен удар, јавија мексиканските медиуми. Овој 73-годишен научник и технолошки претприемач требаше да учествува на настан на Светскиот бизнис форум во мексиканската престолнина. Британскикте медиуми наведуваат дека тој денеска требало да одржи говор на форумот и истакнуваат дека засега не е […]

Средба во Стопанската комора со лиценцирани управители на станбени згради


Регулаторната комисија за домување, во организација со Групацијата за управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Северна Македонија, денеска организираат работна средба со правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда. Тема на средбата е „Насоки за вршење на дејноста на управување со станбени […]

Американците велат дека економијата е лоша. Но, тие трошат како да е супер


Постои загатка што економистите и политичките стратези ја „џвакаат“ повеќе од една година: економијата е добра, но Американците велат дека е лоша. И покрај сите видови позитивни вести за инфлацијата (таа се забавува), пазарот на труд (најдобро во една генерација) и трошењето на потрошувачите (се уште робусни!), Американците не можат да се ослободат од својот […]

Европската станбена криза излезе од контрола: Станови се бараат половина година, цените луди


 Речиси е невозможно да се најде стан за изнајмување во многу европски градови. Во Париз, треба да барате повеќе од шест месеци за да најдете наместен гарсоњера Цените на изнајмувањето во француската престолнина пораснаа за еден отсто во третиот квартал од оваа година, покажуваат податоците на агенцијата за недвижности Lodgis, пишува Euronews. Овој благ раст […]

Во светот моментално има 101 рудник за литиум, светот зависи од Кина


  Во светот моментално има 101 рудник за литиум, а најголемата зависност е од кинеското производство. Светот може да се соочи со недостиг на литиум бидејќи побарувачката за металот расте, а некои аналитичари предвидуваат дека тоа би можело да се случи веќе во 2025 година. Други предвидуваат дека недостигот може да се продолжи. БМИ, истражувачка […]

Група експерти во Германија предлага младите до 18 години да добиваат по 10 евра месечно за да инвестираат на берзата


 Советот на „економски мудреци“ во Германија, група угледни експерти, презентираше идеја на младите до 18 години да им се даваат 10 евра месечно, најмалку шест години, за да ги направат своите први чекори на берзата. „Еден од начините да се олесни пристапот на секој млад човек до пазарите на капитал е државата на секое дете […]

Шпаркасе банка предупреди за измамничка кампања поврзана со картичките за студентски оброк


Шпаркасе банка ги известува студентите дека денеска е забележана измамничка кампања, претставена како линк креиран од Шпаркасе банка. Студентите овој линк го добиваат преку нивната е-меил пошта или преку СМС-порака, кој доколку го кликнат ги води до лажна веб-страница, која не е во сопственост на Шпаркасе банка. -Оваа лажна платформа и условите во склоп на […]

Опозицијата виде „бонбона бизнис“ во либерализацијата на железничкиот сообраќај


Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем и одлучи да го проследи на натамошна постапка во Собранието. Измените треба да се донесат по скратена постапка, а ги образложи заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи. Членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ […]

Каква оцена ѝ даде ЕК на македонската економија


  Во однос на економските критериуми, Европската комисија во повеќето области ја оцени Северна Македонија со оцената за постигнат „одреден напредок“, но и со „добро ниво“ на подготовка на развојот на функционална пазарна економија, а исто така смета дека во наредниот период потребни се повеќе активности за да се приближи до критериумите на ЕУ, но […]

ЕУ планира наскоро да ја забрани трговијата со дијаманти од Русија


Европската унија планира наскоро да ја забрани трговијата со руски дијаманти, откако обезбеди доволна поддршка од групата Г7 за тој чекор, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за Фајненшл тајмс (ФТ). „Некои земји од ЕУ бараа, на пример, политичко покритие за да се приклучат на едногласната забрана за трговија со руски дијаманти. Тоа беше […]

Комерцијална банка ја презема улогата на банка чувар на имот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) информира дека вчера успешно е извршена миграцијата на имотот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје од Шпаркасе банка АД Скопје во новата банка чувар на имот – Комерцијална банка АД Скопје. – Почнувајќи од денеска Комерцијална банка АД Скопје ја презема улогата на банка […]

Повторно отворен оглас за обука кај конкретен работодавач


Агенцијата за вработување преку проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“ објави јавен повик до сите работодавачи и невработени лица за учество во мерката Обука на работно место кај конкретен работодавач. Пријавувањето за овој оглас е до 01.12.2023 или до исполнување на предвидениот број. Обуката е со времетраење од три месеци, при што […]

Кај нас до сега нема забележано небезбедни минерални води и газирани пијалаци, вели АХВ


Агенцијата за храна и ветеринарство досега преку европскиот Систем за брзо известување на небезбедна храна и храна за животни – RASSF нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци. Од АХВ денеска преку соопштение информираат дека се зајакнати инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја.  – […]

Во Царината почнува реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари


 Директорот на Царинска управа Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко остварија средба во седиштето на корејската Царина во Сеул на која најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад. Богоев, како што соопшти […]

Рекордна вредност на акциите на „Мајкрософт“


Акциите на технолошкиот гигант „Мајкрософт“ по осум денови раст денеска достигнаа рекордни 360,53 долара по акција. Вредноста на акциите на „Мајкрософт“ за 24 часа се зголеми за 1,12 проценти, а пазарната вредност на компанијата сега изнесува око 2,68 билиони долара. Компанија „Опен АИ“, стратешки партнер на „Мајкрософт“ во областа на вештачката интелигенција на конференцијата во […]