Од денеска почнува амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година


Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година, откако вчера заврши општиот претрес. По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември. […]

Да сум власт, би ги забранил криптовалутите, вели шефот на најголемата американска банка


Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, го нападна биткоинот и неговите колеги, сугерирајќи во средата на Капитол Хил дека криптовалутите треба да бидат забранети. „Отсекогаш сум бил длабоко противник на крипто, биткоин итн.“, рече шефот на најголемата американска банка според средствата на сослушувањето од сенаторката Елизабет Ворен од Масачусетс, за време на сослушувањето на […]

Декарбонизацијата во Србија нема да се случи преку ноќ, а ѕвезда на транзицијата ќе биде Северна Македонија


Во рамките на конференцијата „Look Up 2“ што се одржува во Србија, на панелот  „Европската енергетска политика на примерот на регионот“ беше посочено дека зелениот план се однесува на Европа, а не на Европската Унија. Една од поентите во дискусиите, беше дека декарбонизацијата во Србија нема да се случи преку ноќ, а ѕвезда на транзицијата […]

Бектеши и Шаќири на средба со студенти од државните универзитети за новиот пакет антикризни мерки


Министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и  Јетон Шаќири, денеска во Министерството за економија ќе имаат состанок со претставници на студентските собранија од неколку државни универзитети во врска со  деветтиот пакет антикризни мерки. Со новиот пакет антикризни мерки, кој Владата го презентираше на 28 ноември, над 120 илјади ученици и студенти […]

Европската автоидустрија бара намалување на „регулаторното цунами“ на ЕУ


Европската автомобилска индустрија бара обезбедување кохерентен законодавен пристап кон секторите од кои таа зависи, како што се рударството и производството на енергија и апелира за намалување на обврските што ги пропишува ЕУ врз основа на Зелениот договор, кои секторот ги доживува како „регулаторно цунами“ што ќе предизвика штети на неговата конкурентноста ако продолжи со сегашното […]

Американците годинава купија повеќе од милион електрични возила


Американците купија еден милион целосно електрични возила во 2023 година, што е првпат толку електрични возила да бидат продадени во оваа земја за една година. Повеќе од 960.000 чисто електрични возила биле продадени до октомври, според извештајот на Блумберг НЕФ (Bloomberg New Energy Finance). Со очекуваната продажба оттогаш, границата од милион беше помината минатиот месец. […]

Анкета на ЕИБ: Понудата на кредити затегната во втората половина од годината


Најновата анкета на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за кредитирање на банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа покажува дека затегнувањето на понудата за кредити што започна минатата година не е завршено, но дека се очекува големиот јаз меѓу понудата и побарувачката, забележан во претходните периоди, да се намали. Анкетата што се однесува за втората половина […]

Можен е прекин на работата во финансии по одлуката да им се скратат 30 отсто од приходите


Одлуката на Уставниот суд според која од идниот месец во Министерството за финансии и во некои од органите под ова министерство, повеќе да не го добиваат надополнувањето на плата од 30 отсто, предизвика револт кај овие вработени, кои веќе размислуваат за прекин на работата ако не се најде решение. Како што за Телма изјавил првиот […]

Растот на Македонија не е доволен да се намали јазот со ЕУ: Претставници од СБ во собраниската Комисија за финансирање и буџет


 Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска се сретнаа со претставници од Светска банка. Во фокусот на средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, била ажурираната систематска дијагностика за Република Северна Македонија, како и досегашните резултати од партнерството со Светска банка. Сања Маџаревиќ-Шујстер, виша економистка во чија надлежност е регионот на Западен Балкан, […]

Нафтата е главен извозен производ во САД за прв пат од 2009 година.


Од јануари до септември оваа година, САД продадоа сурова нафта во вредност од 86 милијарди долари на светските пазари. Според податоците на Националната канцеларија за статистика, нафтата стана најголемиот американски извозен производ за прв пат од 2009 година. На второ место се нафтените деривати кои оствариле приход од 83 милијарди долари. На трето место се […]

Пенов: Зголемувањето на приходите на општините од ДДВ и од персоналниот данок на шест проценти е тренд кој што треба да продолжи


Постигнат напредок во фискалната децентрализација, а зголемувањето на приходите на општините од ДДВ и од персоналниот данок на 6 проценти е тренд кој што треба да продолжи, посочи министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, на Годишната конференција за децентрализација и локално управување, организирана Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за […]

Данците им се придружија на Швеѓаните во бунтот против „Тесла“ и Маск


„Тесла“ се соочува со растечки бунт во Скандинавија откако данските пристанишни работници се приклучија на штрајкот на сочувство со шведските механичари, притискајќи го гигантот за електрични возила да им даде на вработените права за колективно договарање. Членовите на шведскиот синдикат IF Metall се во шестнеделен спор со „Тесла“ и добија поддршка преку секундарни штрајкови од […]

Го зголемуваат данокот – СЗО повикува алкохолот да поскапи


Светската здравствена организација повикува на зголемени даночни стапки за алкохолните и засладените пијалоци. Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика властите ширум светот да ги зголемат даноците за алкохолните пијалоци и слични производи кои во моментов не се оданочуваат, како виното во одредени европски земји. Пијалоците кои содржат шеќер, исто така, треба да се оданочуваат […]

Бислимовски вели дека до крајот на месецов 90 отсто од домаќинствата ќе имаат евтина тарифа


Првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски вели дека оние домаќинства кои немаат евтина тарифа на струја ќе почекаат додека да се сетираат нивните мерила.  – Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по […]

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари


За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! Корисниците на Mastercard дебитните и кредитните картички на Комерцијална банка со секоја трансакција од 6 декември 2023 до 10 јануари 2024 година учествуваат во наградната игра и стануваат потенцијален добитник на вредни награди. Празничната магија дефинитивно […]

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Мусаши“, „Делта“ и „Тојота“


Брисел – Европската комисија даде дозвола за заедничка инвестиција во проект за производство на автомобилски компоненти на индиската фабрика „Мусаши Авто делови Индија“, тајванската компанија „Делта Електроникс“ и јапонската корпорација „Тојота Цушо“.  Инвестицијата првенствено се однесува на производство на автомобилски делови за погонските системи на електрични возила на две тркала во Индија.  Европската комисија заклучи дека […]

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија


Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка […]

ТАВ со нов уред вреден 2,4 милиони евра за скенирање за системот за ракување со багаж на скопскиот аеродром


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми денеска соопштија дека ја завршиле надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра. Отсега, се посочува во соопштението, патниците може да пристигнуваат на аеродромот, како и претходно, […]

Азески избран за претседател на Асоцијацијата на балкански комори


Асоцијацијата на балкански комори е здружение на 10-те стопански комори од Балканскиот регион (членки и не-членки на европската Унија), кое следната година ја одбележува 30-та годишница од своето постоење. На следната Седница на Асоцијацијата на балкански комори, која ќе се одржи следната недела, на 13 декември 2023 година во Солун, Грција, ќе биде потврден изборот […]

Презентација на резултати од две студии изработени од Аналитика


Аналитика тинк-тенк денеска го организира настанот „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Северна Македонија“. Ќе бидат презентирани резултатите и препораките од двете студии изработени од тимот на Аналитика „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски […]