За вработувања во јавниот сектор нема да се бара согласност од Министерството за финансии


Од 1 јануари, Министерството за финансии повеќе нема да дава согласност за вработување, туку раководителите на државните буџетски институции сами ќе одлучуваат за новите вработувања во согласност со годишниот финансиски план и прегледот за вработувања, информира ресорниот министер Фатмир Бесими. За ова да стапи на сила, како што кажа на денешната средба со новинарите, прво […]

Агенцијата за пошти очекува од 1 јануари да се отвори поштенскиот пазар и да се укинат резервираните услуги


 Директорката на Агенцијата за пошти (АП) Билјана Аврамоска Ѓореска денеска изјави дека очекува од 1 јануари да се отвори поштенскиот пазар и да се укинат резервираните услуги.    На јавен состанок на АП таа соопшти дека се направени измени во Законот за поштенските услуги со кои е вградена и европската регулатива која се однесува на […]

Бочварски очекува денеска да биде доставен извештајот за автопатот Кичево-Охрид


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува денеска да биде доставен експертскиот извештај за автопатот Кичево -Охрид кој го гради кинеската „Синохидро“. Како што денеска изјави одговарајќи на новинарско прашање од МИА при посетата на Делчево, Бочварски рече дека откако ќе биде доставен извештајот, информацијата ќе биде разгледана на Влада. – Очекувам денеска да […]

„Алкалоид“ АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2023 година


На церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година по […]

Дополнетиот предлог Буџет пред пратениците


Пратнеиците во Собранието денеска во рамки на 135 седница ќе расправаат за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година – второ читање. По амандаманската расправа во законодавниот дом, Владата на 18 декември го утврди текстот на Дополнетиот предлог буџет. Во него се вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во […]

Дискусија: Планот за раст на ЕК e голема можност за регионот, но потребни се здрави проекти и реформска агенда


Како државните од Западен Балкан најдобро да го искористат Планот за раст на Европската комисија е целта на дискусијата „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“ што денеска во Скопје ја организира Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, на која има претставници на креаторите на политиките, на граѓанското […]

„Иуте Кредит Македонија“ се ребрендира во „Иуте“


Компанијата „Иуте Кредит Македонија“, која е дел од групацијата „Иуте Естонија“ со седиште во Талин, официјално започна со процесот на ребрендирање по чиешто комплетирање ќе продолжи да работи под името „Иуте“. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе се понудат […]

Педесет милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции


Владата и Министерството за финансии овозможија пристап до нов дополнителен капитал од 50 милиони евра за домашните мали и средни претпријатија за своите инвестиции. Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија, а до крајните корисници ќе бидат достапни преку деловните банки во земјата. Средствата се обезбедени преку Француската развојна банка, со која […]

Стопанската комора и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги прошируваат заедничките активности за поддршка на македонската економија


Засилување на врската помеѓу науката и бизнис секторот преку заеднички проектни активности, како и градење на заеднички ставови и иницијативи кои ќе ја поддржат конкурентноста на домашната економија беа темите на денешната работна средба меѓу претседателот на Стопанската комората Бранко Азески и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) проф. д-р Биљана Ангелова. На […]

Преку повикот „Стартапувај 5”, 2,3 милиони евра финансиска поддршка за стартапите


  Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги прогласи добитниците на финансиска поддршка преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“, преку кој 2,3 милиони евра се распределуваат за развој и поттикнување на иновативноста кај домашните претприемачи и започнувањето на сопствени бизниси. Вкупно 61 проектни апликации (29 компании и 31 […]

Просечната плата во октомври 38.843 денари


 Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.  Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување […]

Патувањето со воз и за време на празниците е поскапо од патувањето со авион


Според еколошката организација Гринпис, патувањето со воз е генерално поскапо од патувањето со авион. Како што покажа анализата, системот поттикнува и користење на авиони за време на празниците, иако, според нив, тоа е спорно од еколошки аспект. Тие ја повикаа и Европската комисија да преземе мерки. Во декември, Гринпис ги спореди трошоците за железничко и […]

Во ноември годишен раст од 7,2 отсто на вкупните депозити и од 5,2 отсто на вкупната кредитна поддршка


Според анализите на Народната банка вкупните депозити се зголемени за 7,2 отсто на годишно ниво како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Истовремено, посочуваат од НБ, на годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,2 отсто, којшто се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем […]

Ангеловска-Бежоска: Идната каматна политика ќе зависи од инфлацијата, девизниот пазар и поставеноста на ЕЦБ


Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска вели дека олабавувањето на монетарната политика во идниот период ќе зависи од три фактори − движењето на инфлацијата, на девизниот пазар, како и политиката на Европската централна банка, имајќи го предвид фиксниот девизен курс на денарот во однос на еврото. Во интервју за Дневникот на МТВ, Ангеловска-Бежоска посочи дека […]

Започна едукативниот дел од проектот „Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам“


Со презентација за учениците од основното и од средното училиште во Македонска Каменица, на возраст од 14 до 18 години, започна реализацијата на едукативната компонента од локалниот проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот, што е резултат на соработката меѓу Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи. […]

Дискусија за Планот за развој на Западен Балкан


Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска организира  дискусија за Планот за развој на Западен Балкан презентиран од Европската комисија, насловена „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“ -На настанот ќе се разговара за тоа како овој план ќе го поддржи развојот на рамката за економско управување и […]

ЕУ ќе ги изедначи правата на работниците од трети земји со оние на нивните колеги од Унијата


Земјите членки на ЕУ го поддржаа договорот постигнат меѓу шпанското претседателство со Европскиот совет и претставници на Европарламентот за измена на процедурите за издавање на единствената дозвола за престој и работа во Унијата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, измените на Директивата за единствена дозвола за престој и работа го ажурираат процесот на […]

„Иднината почнува дома“ – проект на ТИРЗ и Стопанската комора за мотивирање на младите да градат кариери во државава


ТИРЗ и Стопанската комора на Северна Македонија вечерва го претставија проектот „Иднината почнува дома“ кој промовира млади визионери, креатори, двигатели на идните промени. Целта на иницијативата е да поддржи и извади на површина индивидуалци кои се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено и во интерес на иднината на државава.  […]

Шукова: Немаме што да криеме за проектот „Чебрен“


Документи никогаш не криеме, секогаш сме транспарентни. Во текот на постапката не можеме да ги споделуваме документите. Откако ќе заврши постапката, апсолутно се ќе биде споделено со јавноста. Немаме што да криеме, изјави вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во врска со проектот „Чебрен“. Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, […]

Бочварски бара контролорите на летање да се воздржат од штрајк


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски побара контролорите на М-НАВ да се воздржат од одлуката за штрајк за Нова година. Тој денеска изјави дека се состанал со претставници на Синдикатот на МНАВ и кажа дека се прават напори за надминување на овој проблем. Бочварски верува дека во интерес на граѓаните, контролорите ќе овозможат летови […]