Профитот на американските банки се зголеми за 79,5 отсто во првиот квартал


Профитот на американскиот банкарски сектор се зголеми за 79,5 отсто на 64,2 милијарди долари во првиот квартал од 2024 година, најмногу благодарение на тоа што големите банки не мораа да плаќаат милијарди специјални даноци што им беа наметнати минатата година за да ги покријат трошоците настанати поради банкрот. Федералната корпорација за осигурување на депозити (ФДИК) […]

ИИФ: Вкупниот светски долг изнесува 315 билиони долари


Вашингтон – Институтот за меѓународни финансии (ИИФ) објави дека светот е заробен во долгови од 315 трилиони долари, што е најголем раст во изминатите 80 години. Бранот на раст на глобалниот долг е најголем, најбрз и најраспространет од Втората светска војна, што се совпаѓа со пандемијата Ковид-19. Ова зголемување го означува вториот последователен квартал на […]

Во Германија почна да се точи сосема нов тип на дизел. Еве за какво гориво станува збор


Новото дизел гориво HVO100 почна да се продава на бензинските пумпи во Германија. Јаглеродниот отпечаток на новото гориво е значително подобар од оној на конвенционалниот дизел, но затоа и HVO100 е малку поскап. HVO100 е хидрирано растително масло и го исполнува европскиот стандард за квалитет EN 15940 за парафински дизел. Има поголем цетански број (c80) […]

ConocoPhillips ја купи Marathon Oil за 22,5 милијарди долари


Американската компанија за нафта и гас ConocoPhillips се договори за откуп на Marathon Oil за 22,5 милијарди долари. После ExxonMobil и Chevron ConocоPhillips е третата по големина американска нафтена компанија. Акционерите на Marathon ќе добијат по 0.2550 акции од ConocoPhillips за секоја хартија од вредност што тие ја поседуваат. Според ова Marathon се оценува на […]

Македонија бележи благо опаѓање во глобалното рангирање за буџетска отчетност


Северна Македонија бележи благо опаѓање во рангирањето за буџетска транспарентност, според Анкетата за отворени буџети на Меѓународното буџетско партнерство за 2023 година од 36 поени во 2021 година на 35 поени за 2023 година. Истражувањето, како што стои во соопштението на ЦЕА, е единствена споредбена, независна и редовна проценка во светот за транспарентноста, надзорот и […]

Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво


Бугарската нуклеарна централа Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво, најави извршниот директор на компанијата Валентин Николов. Тој прецизираше дека расположливото руско гориво ќе се користи како резерва. Николов посочи дека цената на американското гориво е слична на онаа на рускиот гориво. Во меѓувреме продолжуваат преговорите со француски Франатом за […]

Народната банка го усвои Стратегискиот план за периодот 2025 – 2027


Народната банка го усвои Стратегискиот план за периодот 2025 – 2027 година. Како што информираат од Народната банка, Стратегискиот план е поставен под мотото „Централна банка којашто придонесува за градење стабилна, одржлива и зелена економија“, со што воедно се утврдиле главните области на коишто посветено ќе работи во следните три години. При изработката на Стратегискиот […]

Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во март годинава во земјава вкупно се потрошени 576.974 мегават часови електрична енергија, 22,692 милиони нормални кубни метри природен гас, 454.378 тони јаглен и 81.059 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 79 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 98,1 процент од вкупно потрошениот јаглен е употребен за […]

Фити: Дисциплинирана фискална политика за висока ценовна, макроекономска и финансиска стабилност


Забрзување на економскиот раст и развој, продолжување на евроинтеграцискиот процес и борба против корупцијата, се трите клучни приоритети на кои треба да се фокусира новата влада, смета академик Таки Фити.  Тој денеска порача дека мора да продолжат и реформите, а треба, како што изјави, и да се отвори широк фронт на борба против сивата економија.  […]

Штрајк на вработените во „Самсунг“, под прашање снабдувањето со полупроводници


 Синдикатот кој претставува десетици илјади луѓе во јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг Електроникс“ соопшти денеска дека работниците првпат досега ќе стапат во штрајк. Портпаролот на Синдикатот наведе дека штрајкот е закажан на 7 јуни, а работниците тој ден ќе користат одмор за да штрајкуваат. Штрајкот се организира поради „запоставувањето на работниците од страна на компанијата“. Штрајкот […]

Научна расправа во МАНУ за макроекономијата по рецесијата од 2007 – 2009 година


 Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира научна расправа на тема „Макроекономијата по Големата рецесија 2007 – 2009 година – релевантноста на промените за економската наука и за македонската економија“. Учесниците ќе дебатираат за промените во современата макроекономија детерминирани од Големата рецесија од 2007-2009 и од […]

Трипуновски: Откупна цена на црвениот 30, а на розовиот домат 35 денари


 Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денеска одржа работен состанок со земјоделците и откупувачите на домат каде што по завршувањето на состанокот даде изјава за медиумите и информираше дека е постигнат договор за минимална откупна цена на црвениот и розевиот домат. – Она за што разговаравме денеска е да ја воочиме реалната ситуација […]

Огромни загуби: Добро познат бренд пропаѓа?


Италијанското семејство Бенетон подготвува планови за справување со зголемените загуби во истоимената компанија за облека, вклучително и разделба со извршниот директор Масимо Ренон по четири години, според извори блиски до групацијата. Одборот на модната група треба да се состане во вторник за да разговара за нето загубата од околу 230 милиони евра за 2023 година, […]

Пешев: Она што беше ветено пред изборите очекуваме да се испорача во пракса за реалниот сектор


Очекуваме во делот на даночната политика да не се променат и ако не се олеснува даночната политика барем да остане на нивото на коешто сме сега, изјави денеска извшниот директорот на Стопанска комора на Република Северна Македонија, Антони Пешев во Штип, кој одговараше на новинарско прашање за тоа што очекува бизнис секторот во првите 100 […]

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст


Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении. „Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ […]

Зошто економијата на ЕУ ќе зависи од Финска


Кога економски се анализира самиот север на европскиот континент, се среќаваат земји со висок степен на економски развој, висококвалификувана работна сила и највисоки еколошки стандарди во светот. Од друга страна, моментално е регион кој доживува нова експанзија на рударството и сродните индустрии. Иако за многумина е тешко да се поврзе дека оваа гранка на економијата […]

Пропаѓа познат југословенски гигант


  Независниот синдикат на „Вартекс“ по десет дена донесе одлука од петок да го прекине штрајкот на работниците „Вартекс“, наведувајќи дека синдикатот донел ваква одлука откако им била загарантирана исплатата на неисплатените плати на сите работници. Планот за стабилизација на компанијата се состои пред сè од кредити кои се надеваат дека ќе ги добијат од […]

Поевтинуваат бензините, дизелот поскапува


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 % во однос на одлуката од 20.5.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната […]

Визер крати зимски летови за Скопје и Белград


Wizz Air продолжи да ги намалува фреквенциите во своите бази за претстојната зимска сезона 2024/25, која започнува на 27 октомври, бидејќи флотата на семејството A320neo на авиопревозникот е подложена на инспекции поради производствени проблеми со моторот. Работата доведе до тоа Wizz Air да приземји повеќе од четириесет од своите авиони. Авиокомпанијата ги промени своите зимски операции, […]

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана


 На покана на Централната банка на Исланд и престижниот американски универзитет „Нортвестерн“, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата „Макроекономската стабилност на малите и отворени економии – предизвици и лекции“, којашто се одржа во Рејкјавик, Исланд. Како што информира Народната банка, Ангеловска-Бежоска беше поканета да го сподели искуството за успешното задржување на стабилноста на девизниот курс […]