Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село


На традиционалниот семеен ден на Макстил годинава се приклучија 20 згрижувачки семејства со 60тина деца од СОС Детското село. Од оваа година Макстил стана нов стратешки партнер на СОС Детско село и зеде под закрила една од згрижувачките куќи, обезбедувајќи целосно покривање на трошоците за пет деца и нивното згрижување во текот на цела година. […]

Германските угостители не можат да најдат доволно работници за ЕП


Германските  ресторани и хотелиери очекуваат рекорден број посетители за време на Европското фудбалско првенство, но истовремено стравуваат од недостиг на кадар, пишуваат германските медиуми. „Речиси е невозможно да се најде персонал на пазарот, ќе мораме да управуваме и да привлекуваме персонал од други гранки преку приватни агенции за посредување на одреден временски период“, вели за […]

Бугарија и гарантира на Унгарија непречен проток на руски гас преку Турски тек


Бугарија и гарантира на Унгарија дека гасот од Руската Федерација ќе тече непречено низ Турскиот тек, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и надворешни економски односи Петер Сијарто, пренесува РИА Новости. „Постојано добивавме гаранции од Бугарија дека можеме да сметаме на нив во наредниот период, дека можеме да сметаме на нивниот коректен однос и дека […]

Овоштари од Пијанец и Малеш договараа стратегија за подобрување на состојбата со модрата слива


Производителите на модра слива од пехчевско, беровско и делчевско денеска дебатираа околу моменталното производство на сливата, нејзиниот квалитет, третирањето, како и проектите кои се планираат за подобрување на производството и откупот на сливата во наредниот период. Во рамки на настанот кој денеска се одржа во Пехчево, професорот Маријан Кипријановски пред присутните ги претстави плановите за […]

Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април


Индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е намалено за 1,2 проценти, а за 2,6 проценти во првите четири месеци од годинава споредено со истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство бележи опаѓање од 39,6 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, […]

Лозари реагираат, нема вода во каналите за наводнување


Нема вода во каналите за наводнување К 1 и  К 2, реагираше денеска на прес конференција, претседателот на Здружението на Тиквешки лозароовоштари, Дане Јошев.  – Лозјата ни се наводнуваат со вода од овие канали. Вода треба да има од први мај. Утре е први јуни, вода нема. А прашање е дали и ќе има. Стравуваме […]

Зголемени вкупните средства на останатите финансиски институции, најголемо учеството на пензиските фондови


Во првиот квартал на 2024 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 225,019 милиони денари и на квартална основа се зголемени за 14,178 милиони денари. Средствата на останатите финансиски институции учествуваат со 20,9 отсто во средствата на финансиските институции. Како што соопшти Народната банка, анализирано по потсектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од […]

Ова се најатрактивните градови за работа во странство


Најатрактивен град за луѓето кои сакаат да работат во странство е Лондон, а по него се Амстердам и Дубаи на второто и третото место, според новиот извештај на Бостон консалтинг груп (БЦГ). Како што е наведено во истражувањето наречено „Декодирање глобални таленти“, главни фактори во корист на работата во Лондон се англискиот како главен јазик, […]

Платите во Германија се зголемени најмногу од 2008 година.


  Бруто платите на вработените во Германија значително се зголемија во првиот квартал од оваа година. Скокот на платите статистичарите го објаснуваат со големото зголемување на колективните договори и бонусите кои работниците ги добивале поради инфлацијата. Номиналните плати во првиот квартал се зголемени за 6,4 отсто во однос на истиот период минатата година, објави во […]

Производителите на сок од портокал размислуваат да користат други овошја: „Никогаш не сме виделе нешто слично“


Производителите на сок од портокал размислуваат да се префрлат на други овошја за производство, како што се мандарини, бидејќи цените на портокалите на големо растат поради лошата жетва во Бразил. Цените на сокот од портокал на американскиот пазар достигнаа 4,95 долари, што е ново највисоко ниво. Ова доаѓа откако главните бразилски лозари претходно оваа недела […]

За 12 проценти зголемени трошоците за вработените во градежништвото во првиот квартал


Во првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал минатата година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8,5 проценти, трошоците за материјали за 7,8 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со првото тримесечје од 2023 година, во првите три […]

Ангеловска-Бежоска: Енергетскиот шок предизвика значајни притисоци кај инфлацијата и девизните резерви, но со мерките на НБ стабилноста се одржа


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на економскиот форум „По бурата: Управување со енергетската и прехранбената стабилност на Западен Балкан“, во организација на аналитичкиот центар „Фајненс тинк“,  истакна дека енергетскиот шок со кој се соочи светот изминатите две години беше посилен од кризата во ‘70-тите години од минатиот век. Овој ценовен шок […]

Германскиот чоколаден бренд „Ритер Спорт“ го брани работењето во Русија


Шефот на германскиот производител на чоколади Ритер Спорт (Ritter Sport), Андреас Ронкен, ја бранеше одлуката на неговата компанија да остане активна на рускиот пазар и покрај тековната инвазија на земјата врз Украина. – Руските деца исто така сакаат да јадат чоколадо, изјави тој денеска за магазинот „Фокус“, јави ДПА. Многу западни компании се повлекоа од […]

До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар


 До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот  Скопје – Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница. -Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни […]

Нема на кој не му одат на нерви: Извинете, прикачените тапи сега се задолжителни


Веќе речиси една година е невозможно да се најде пластично шише со тапа што може да се извади. Поради новите правила на Европската Унија, секое пластично шише има закачено капаче. Кога ова беше воведено, на многумина веднаш им одеше на нерви. Речиси и да нема човек кој отворил шише без да му пречи прикаченото капаче. […]

Пратки без царина преку косовско-македонската граница


На косовско-македонската граница поминуваат поштенски пратки без царина во необележани возила, како договорна соработка на приватни поштенски оператори, беше изнесено денеска на јавен состанок на Агенцијата за пошти од каде веќе алармирале до Министерството за внатрешни работи и Царината. Бараат подлабински пристап за надминување на овој проблем, како и заложба од сите за сузбивање на […]

Земјите од Западен Балкан трошат три пати повеќе енергија во споредба со земјите од ЕУ


Земјава да се фокусира на инвестиции во енергетскиот сектор, да ја забрза замената на јагленот со обновливи извори, да го зголеми домашното производство на струја и на храна и да направи сериозен редизајн на државната помош, особено во земјоделството, порачуваат експертите. Овие сугестии, како што беше речено на денешниот економски форум, се однесуваат, генерално, и […]

„Макстил“ вработува веднаш по завршувањето факултет – потпишан меморандум со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје


Макстил АД Скопје ја обнови соработката со Технолошко-металуршкиот факултет и во наредниот период ќе ги поддржи студентите преку доделување стипендии, обезбедена пракса за студентите, стручна и консултативна помош при дипломски, магистерски и докторски студии, стручна, научна и техничка поддршка за експертски анализи, со формирање на експертски тимови за изработка на научноистражувачки проекти. Оваа соработка само […]

ЕБОР и донаторите помогнаа на над 18.000 домаќинства на Западен Балкан во инвестиции во енергетска ефикасност


За помалку од седум години, повеќе од 18.000 домаќинства на Запaден Балкан (ЗБ) инвестираа над ЕУР 100 милиони во технологии кои заштедуваат енергија, како што е изолација, топлотни пумпи, нови прозорци или соларни панели, благодарение на регионалната ГЕФФ Програма (Програма за финансирање на зелена економија – Green Economy Financing Facility (GEFF) programme), за Западен Балкан, […]

Со вината „Луда Мара“ светот го гледате во очи – „Тиквеш“ со спектакуларна забава го промовираше новиот визуелен идентитет


Моќниот слоган на брендот „Луда Мара“ – „Гледај го светот во очи“, синоќа, во Музејот на современа уметност, собра моќни луѓе од сите сфери на живеење и вистински пријатели на „Тиквеш“ кои знаат што е добро вино и добра дружба. Избегаа од секојдневното, уживаа во моментот, истражуваа нови хоризонти и се нурнаа во уникатното искуство […]