АД МЕПСО го пушти под напон и во пробна работа реконструираниот 110 kV далековод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1
АД МЕПСО – Скопје соопшти дека реконструираниот 110 kV далековод бр. 109 на релација ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1 е пуштен под напон и ставен во пробна работа. Реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 kV далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно …