Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор


Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор, заедно со Грција, Србија, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Молдавија и Украина, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска пред обраќањето на 6. Метрополитен саем што се одржува во Солун. Како што рече Божиновска, интензивно се работи на интерконекторот со Грција и на поврзувањето со Србија. […]

Доделено признанието „Инженерски прстен 2026“: Од нас зависи дали најдобрите инженери ќе останат во земјата, порача Сиљановска-Давкова


Создавањето услови младите инженери својот ум, талент, желба и креативен потенцијал да ги реализираат во татковината е стратешка цел од која зависат развојот и опстанокот на државата, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста за доделување на признанието „Инженерски прстен 2026“ во Охрид. – Мора да станеме свесни дека во време кога знаењето е најзначаен […]

Нема волан, нема педали: „Тесла“ ги претстави новите кибертакси-возила


Американската компанија „Тесла“ оваа седмица претстави десетици самоправувачки кибертакси-возила, коишто немаат волан, ни педали и не им дозволуваат на патниците да ги преземат контролите во итни случаи. Возилата првично ќе сообраќаат на улиците во Остин, Тексас, САД. Компанијата се подготвува да ја понуди услугата и во други градови. Акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од […]

Во градежништвото завршени работи во вкупна вредност од 242 милиони евра


Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 проценти  споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.  Тој истакнува дека се завршени работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра и оти растот на […]

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија


ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори […]

Скопскиот аеродром со 11. награда ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“


Меѓународниот аеродром Скопје, официјално ја доби престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World). Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година – […]

„Фолксваген“ планира да укине уште 50.000 работни места


„Фолксваген“ планира да укине уште 50.000 работни места во наредните години за да ги намали трошоците, соопшти германскиот производител на автомобили во четврток вечерта. „Фолксваген“ го опиша намалувањето на глобалниот капацитет на персоналот како неопходно за постигнување на целите на својата програма за трансформација. Иднината на четири фабрики е неизвесна, додаде компанијата. За локациите во […]

Кои се главните трошоци на домаќинствата во ЕУ?


Речиси половина од вкупната потрошувачка на домаќинствата во Европската унија на почетокот на оваа година се однесувала на три основни категории – храна и безалкохолни пијалоци, домување, вода и енергија и транспорт, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во јануари 2026 година, вкупно 46 отсто од потрошувачката на домаќинствата во ЕУ отишле на овие три ставки. […]

ЕУ ги менува правилата за онлајн пратки, доаѓа нова такса


Советот на ЕУ даде конечно одобрение за најголемата реформа на европскиот царински систем во последните децении. Промените особено ќе влијаат на милијардите мали пратки што граѓаните ги нарачуваат преку интернет од земји надвор од Европската Унија. Најважната вест за купувачите е дека онлајн платформите што продаваат стока во ЕУ ќе се третираат како увозници. Тие […]

Глобален скок на приносите од државни обврзници поради очекувањата за високи каматни стапки


Приносите на државните обврзници на најголемите светски пазари во последните денови достигнаа повеќегодишни, а во некои земји и повеќедецениски максимуми, бидејќи инвеститорите проценуваат дека каматните стапки во водечките економии би можеле да останат повисоки подолг период од претходно очекуваното. Приносот на референтните 10-годишни американски државни обврзници достигна највисоко ниво од враќањето на Доналд Трамп во […]

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3 отсто е потврда за позитивниот тренд и зајакнувањето на македонската економија


Македонската економија во вториот квартал од 2026 година оствари реален раст од 4,3%, што претставува забрзување во однос на растот од 3,1% во првиот квартал годинава и е меѓу највисоките стапки на квартален раст во изминатите две и пол години, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на денешната прес-конференција на која ги презентираше последните податоци […]

Димитриеска-Кочоска ги нарече „весела математика“ обвинувањата за задолжување од 1,3 милијарди евра


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги нарече „весела математика“ обвинувањата на опозицијата за ново задолжување од 1,3 милијарди евра и за вкупниот долг кој според истите тврења ќе се зголеми за над 4 милијарди евра, како и дека јавниот долг поради тоа ќе достигне 65 отсто од БДП. Таа на прес-конференција во Владата, […]

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција


Винарската визба „Тиквеш“ ја потврди својата доминација на меѓународните вински натпревари, овој пат освојувајќи вкупно 15 високи награди на престижните Mundus Vini Summer Tasting 2026 и Citadelles du Vin 2026, меѓу кои и специјални награди за најдобар производител и за најдобри вина од Македонија. Со новите успеси, винарницата уште еднаш докажа дека во земјава има […]

СДСМ повторно ќе предложи минимална плата од 36.000 денари


   СДСМ повторно ќе поднесе законско решение за зголемување на минималната плата на 36.000 денари, односно 600 евра, а ќе предложи и субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата што произлегува од зголемувањето на платата, најави претседателот на партијата и пратеник Венко Филипче на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче рече дека предлогот доаѓа поради […]

БДП порасна за 4,3 отсто во второто тримесечје, мотор градежништвото


  Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2026 година е 4,3 отсто. Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9 отсто и од 5,1 отсто во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности […]

Британскиот нафтен гигант БП има нов претседател на управата


  БП официјално го назначи Иан Тајлер за претседател во среда, откако ненадејното отпуштање на неговиот претходник Алберт Манифолд придонесе за превирањата во раководството на нафтениот гигант. Тајлер се приклучи на одборот на компанијата како неизвршен директор во април минатата година и беше назначен за привремен претседател на 26 мај. „Иан носи значајно искуство во […]

Голдман Сакс има важно предупредување за инвеститорите


Еден од врвните стратези за акции на Голдман Сакс предвидува побавен раст на акциите во следните 12 месеци. „Треба да признаеме дека S&P 500 и другите пазари на акции низ целиот свет имаа феноменални приноси во текот на изминатата година и годината до денес“, изјави главниот глобален стратег за акции на Голдман Сакс, Питер Опенхајмер, […]

И Холандија си го повлече златото од Њујорк, не му верува на Трамп


Холандската централна банка префрли повеќе од 78 тони злато од Њујорк во Лондон во политички чувствителен потег, наведувајќи ги акко причина „зголемените геополитички неизвесности“. Трансферот ги следи повиците од европски политичари и лобисти на даночните обврзници за репатријација на златните резерви од САД, предупредувајќи дека несигурната американска влада под претседателот Доналд Трамп може да ги […]

Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на САД


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со претставниците на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Бредли Гарднер, шеф на Политичко-економскиот сектор, Барнабас Биркеланд, економски аташе, и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во земјава. На средбата присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска. На средбата беа разменети мислења за актуелните […]

Министерот за трговија на САД, Хауард Лутник, тврди: „Дата центрите не користат вода“


  Американскиот министер за трговија Хауард Лутник во средата тврдеше дека центрите за податоци „не користат вода“ и покрај тоа што значителната потрошувачка на вода од страна на објектите предизвикува загриженост кај заедниците што може да ги примат. Во интервју за Си-Ен-Би-Си, Лутник рече: „Едно од моите омилени нешта е кога луѓето зборуваат за центрите […]