Нема ништо од преземањето на Стопанска банка Битола од Комерцијална банка


  Стопанска банка Битола ќе продолжи да работи како самостојна банка, откако понудата која ја даде Комерцијална банка за преземање не беше прифатена од доволен број акционери на битолската банка.   Како што соопштија од Комерцијална банка преку Македонската берза, понудата за преземање била прифатена од 149 (сто четириесет и девет) сопственици на обични акции со […]

Мицкоски потврди дека доцни повратот на ДДВ за фирмите, се правела строга контрола


 Премиерот Христијан Мицкоски најавува исплата на поврат на ДДВ на фирмите по завршување на контролите кои вели дека се прават за да не се повторат случаи со исплати на фантом фирми.  На новинарско прашање за поплаки од фирми дека не добиле поврат на ДДВ повеќе од 100 дена, Мицкоски рече дека нема проблем со Буџетот […]

Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ќе се намалат, ако се почитува одлуката на Владата


Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.  – Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари […]

Мицкоски oчекува намалување на цените од најмалку 10 проценти, договореното да се почитува


Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.  За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените […]

Во Скопје следната недела дводневен Eкономски форум на жени лидерки


Повеќе од 250 жени лидерки и бизнисменки од земјава, Португалија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Косово, Турција, Индија и Египет ќе учествуваат „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан што ќе се одржи средната следа и четврток во Скопје во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ, Скопје […]

СДСМ се горди дека биле визионери за терминалот во Александропулис


  Пред пуштањето во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот Александропулис на 1 октомври 2024 година СДСМ потсетува дека македонското учество била бизионерска одлука на претходната влада. „Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува […]

Како македонското земјоделство да биде конкурентно: Еве што порача еврокомесарот Војчеховски


Приклучувањето кон ЕУ од аспект на земјоделството ќе донесе предизвици, но и многу можности. Мора да обезбедите одржливост на секторот, вашите синџири на исхрана треба да бидат конкурентни на европскиот пазар, но и во современите економии. Мора да ја подготвите јавната администрација преку засилување на контролните структури и управувањето, да осигурате дека тие ќе бидат […]

Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен


Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при […]

Волстрит: Нов рекорд на индексот СиП 500


Индексот СиП 500 (S&P 500) порасна во понеделникот додека трговците се обидоа да ги надополнат силните добивки забележани минатата недела откако Федералните резерви ги намалија каматните стапки. Индексот на широкиот пазар додаде 0,29%, додека Nasdaq Composite порасна за 0,18%. Dow Jones Industrial Average зајакна 67 поени, или 0,16%. Потезите доаѓаат по успешната недела на Волстрит, […]

Земјоделците од Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија ќе добијат 120 милиони евра од ЕУ заради штетите од временските непогоди


Европската комисија предложи од т.н. земјоделски резерви на ЕУ да се одвојат 119,7 милиони евра како директна поддршка за земјоделците од Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија, кои беа погодени од исклучително неповолни климатски настани во текот на пролетта и почетокот на летото оваа година.  Според предлогот на ЕК, во знак на солидарност 10,9 милиони […]

Дурмиши на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија. Како што информираат од Министерството за економија и труд, Дурмиши со колегите министри за економија од земјите од Западен Балкан на бизнис форум ќе дискутираат на […]

Калифорнија ја тужи „ЕксонМобил“дека манипулирала со јавноста за рециклирањето на пластиката


Сојузната држава Калифорнија поднесе тужба против ExxonMobil со обвинување дека со децении ја доведувала јавноста во заблуда за ефикасноста на рециклирањето на пластиката. Ова е прва ваква тужба против нафтено-енергетска компанија. Тужбата тврди дека ExxonMobil, втора по големина нафтена компанија во светот и прв светски производител на полимери, главните состојки за изработка на пластични производи, […]

Најпознатите светски компании обвинети за кршење на човековите права


Некои од најголемите светски компании, како „Амазон“, „Тесла“, „Мета“, „Блекстоун“ се обвинети за поткопување на демократијата ширум светот со финансиска поддршка на екстремно десничарските политички движења, финансирање и влошување на климатската криза и кршење на синдикалните и човековите права, се вели во извештајот објавен од страна на Меѓународната конфедерација на синдикати. Така, „Амазон“, петтиот по […]

Мицкоски сака Македонија да биде економски лидер во регионот


Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, […]

Германија ја зголемува цената на јавниот превоз


Цената на популарната карта, воведена минатата година, која им овозможува на луѓето да користат локални и регионални возови, автобуси и подземна железница низ цела Германија, ќе се зголеми за околу 18 проценти следната година. Министрите за транспорт од 16-те германски покраини се согласија дека цената на „Deutschlandticket“, која изнесуваше 49 евра месечно откако стана достапна […]

Европската комисија одобрила финансирање на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“


Европската Комисија издала извршна одлука за одобрување на финансиски придонес на Унијата во реализација на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“, соопшти алтернативниот министер за национална економија и финансии на Грција Никос Папатанасис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е во рамките на програмата на европските структурни и инвестициски фондови за конкурентност, […]

Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за 0,50 денари


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС […]

Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка


Платежната агенција воведе модул (прегледник) што овозможува електронско следење на податоците во врска со поднесените барања за финансиска поддршка. Модулот е наманет за земјоделците и земјоделските стопанства. Тие преку оваа алатка имаат увид и информации за секоја мерка: статус на мерката, авторизиран износ и дата на авторизација, исплатен износ и датум на исплата, статус на […]

Уште три дена за поднесување ДДВ- 04 пријави за изминатиот оданочив период


Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период. „Апелираме, навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне  непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите […]

Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат


„Со приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) прекуграничните плаќања ќе бидат многу побрзи, поедноставни и поевтини, значително ќе им се намалат трошоците на домашните банки, а тоа ќе значи и помали надоместоци за граѓаните и компаниите. Современите платни системи се клучни за јакнењето на економските врски, особено за микропретпријатијата и малите претпријатија […]