КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше во централа за производство на чиста, обновлива енергија


  Компанијата КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше 400.000 евра во изградба на фотоволтаична (соларна) централа со инсталирана моќност од 609 KWp. Централата ќе произведува приближно 750 MWh електрична енергија годишно, со што околу 10 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија на компанијата се заменува со чиста, обновлива енергија добиена од сончеви зраци. Покрај за зголемување […]

Проверете кои се најуспешните компании во Македонија според „Бизнис лидер“


Проектот „Бизнис Лидер“ го комплетираше рангирањето на најуспешни македонски компании во првите 10 категории од вкупно 22 категории од повеќе индустриски сектори. Најдобро рангираните компании во овие категории ќе бидат наградени врз основа на нивните резултати во 2023 година според објективните рангирања на Бизнис Мрежа за вкупниот приход, профит и број на вработени. Во категоријата […]

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред


Глобалната цена на нафтата порасна втора недела по ред минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на посилна побарувачка откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто, на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот […]

Какви ќе бидат ефектите од ограничување на профитната маржа


Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври.  Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе […]

Јаболката „ајдарет“ ќе се откупуваат по минимум 18 денари


Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), преку соопштение, вечерва информираат дека и денеска се разговарало за пласманот на јаболкото од оваа реколта.  Министерот Цветан Трипуновски во писмена изјава по средбата со откупувачи на јаболка во Ресен, наведува дека денеска имале втора средба во рок од 10 дена. – Откупувачите ги соопштија цените и […]

Есенската кошничка е таргетирана, за опозицијата е калкулантска политика


Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на обвинувањата од опозицијата дека се ограничува маржата на 70-тина производи за разлика од времето на СДСМ кога биле донесени мерки за намалување на повеќе од 500 производи. – Оваа есенска кошница е таргетирана […]

Нацевска: Рамката на раководење и транспарентноста клучни за одржување на кредибилитетот на централните банки


Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на регионалната конференција на високо ниво на којашто зедоа учество извршни и неизвршни членови на органите на раководење на централните банки на Југоисточна Европа. На конференцијата се зборуваше за клучните предизвици во раководењето, управувањето со ризиците и транспарентноста на централните банки, во денешното окружување подложно на брзи промени. […]

(Видео) Дурмиши: Се намалува маржата за 73 основни производи – поевтинува лебот, млекото, маслото, месото…


Владата донесе одлука за ограничување на маржите за 73 производи. Во листата на производи спаѓаат: брашно, леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестетнини, масло за јадење и дел од конзервираните производи… На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница […]

Трендафилов: Плаќаме зеленчук како да сме јануари и овошје како да сме сред зима


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка што ќе биде објавена во понеделник или вторник идната недела. Тоа, како што истакна денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и за работодавачите во приватниот сектор, дека „раст на платите е потребен вчера, бидејќи […]

Просечната нето плата во јули 40.961 денар


 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 […]

Македонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност


Македонски Телеком воведува иновативна услуга за сајбер безбедност: Безбедносен оперативен центар (SOC – Security Operation Center), современа алатка за деловните корисници којашто нуди највисоко ниво на заштита, 24 часа на ден, 365 дена во годината. Ова напредно дигитално решение во реално време ги детектира потенцијалните закани и инциденти поврзани со информатичката безбедност. Покрај детекција, системот […]

„Виз ер“ воведува ново премиум членство за попусти


„Виз ер“ лансираше премиум членство на Wizz Discount Club (WDC), нудејќи им подобрени поволности за патување на патниците низ својата мрежа, информираат од таму. -Со цена од само 349,99 евра годишно, членството на WDC Premium ја комбинира удобноста на Wizz Discount Club со нови поволности и за индивидуалните и за групните патници, обезбедувајќи поудобно и […]

„Делта ерлајнс“ ги прекинува летовите САД-Израел до крајот на 2024 година поради ескалација на тензиите


 „Делта ерлајнс“ соопшти дека ги прекинува директните летови меѓу Њујорк и Тел Авив до крајот на годината поради зголемените тензии на Блискиот Исток. Американската авиокомпанија се придружува на мноштвото други авиокомпании кои ги откажаа или суспендираа летовите во последните денови до градовите во регионот, вклучувајќи ги Бејрут и Техеран, бидејќи борбите меѓу Израел и Хезболах […]

Брзата пруга кон Солун е најголем приоритет на државата, вели Николоски


  Изградбата на брзата пруга на Коридoрот 10 е најголем приоритет за државата. Ќе ја почнам и ќе ја изградам во два мандати. Овој проект е исклучително важен од економски апсект и ќе овозможи земјава да фати чекор со светот, наместо да остане слепо црево, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во […]

Нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети на АД ЕСМ


 Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именуваше нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи […]

„Штарк“ повлекува бисквити од пазарите во Србија и БиХ поради можност за присуство на туѓо тело


Атлантик Штарк (Atlantic Štark d.o.o) објави дека од српскиот пазар и од БиХ повлекува производи поради можност за присуство на туѓо тело, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е соопшти дистрибутерот на Atlantic Štark d.o.o, Atlantic Brands d.o.o, од пазарот се повлекуваат следните производи: Бисквити какао кокос, 220 гр, серија 1207483491, со рок […]

„Алкалоид“ чекор понапред кон целосна дигитализација


Компанијата започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување.  „Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките […]