Компании од Израел и Косово заинтересирани да инвестираат во Македонија


Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше средба со претставници на компаниите Devoli Group од Косово и OAPI Ltd од Израел. Претставниците на компаниите пред премиерот и министерот ги презентираа своите планови за инвестирање во Македонија, во областа на земјоделството, сточарството, месната и месо-преработувачката индустрија, соопшти владината прес-служба. […]

Анѓушев до Ѓорчев: ФЕНИ работи, изгледа одамна не сте биле во Кавадарци


„ Фени работи. Ако не сте знаеле, а еве и јавно сега сакам да ве информирам дека Фени работи со полна пареа од 1 март. Сите вработени одат на работа и земаат плата. Прашање е, како во март 2016 година се отпишани како долг од 51 милиони евра и притоа Управата за јавни приходи не […]

Дојран се подготвува за рекордна туристичка сезона


Покрај покаченото ниво на водата во езерото, Дојран годинава ги исполнува сите услови за рекордна туристичка сезона што беше потврдено за време на изминативе Велигденски празници кога беше тешко да се најде слободно место. Веднаш по заминувањето на викенд гостите, општина Дојран со ангажирање на вработените од комуналното претпријатие и надлежните служби, ги почна подготовките […]

Светска банка ќе го презентира извештајот за земјите од Западен Балкан


Светска банка денеска ќе го презентира 13-то издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија. Во Скопје, како што информираат од Светска банка, извештајот ќе го претстават Галина Андронова Винчелете, менаџер на секторот за макроекономија и фискално управување во Светска банка, Марко Мантованели, директор на […]

Владата ќе потпише меморандум за заеднички настап на пазарот на струја со Бугарија


Владата на Република Македонија на денешната  седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на  Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија, и го прифати усогласениот текст на овој меморандум. Една […]

М-НАВ реагира: Вработуваме контролори, обвинувањата се нелогични


Македонска навигација (М-НАВ) демантира дека вдомува ќерки и сестри на разни позиции во ситуација кога им недостигаат контролори за летање. Напротив, тврди М-НАВ,  по доаѓањето на новото раководство се спроведува нова стратегијата чиј дел е и конкурсот за контролори за летање, објавен пред три недели. „Нелогични и конфузни се изјавите на синдикалните претставници кои во […]

Пуштена во оптек монета за колекционерски цели „Близнаци“


Во оптек е пуштена кована пара за колекционерски цели „Близнаци“ од серијата „Хороскопски знаци“. Цената на монетата изнесува 2.800 денари. Од Народна банка информираат дека кованата пара е изработена од сребро Аг925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со […]

„Луфтханза“ откажа над 800 летови поради штрајк на германски аеродроми


Авиокомпанијата „Луфтханза“ откажа повеќе од 800 летови од германски аеродроми поради штрајк. Германски синдикат соопшти вчера дека негови членови денеска ќе организираат штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт. Штрајк ќе биде организиран и на аеродромот во Минхен. Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација. Синдикатите бараат зголемување на платите за […]

Директорот на „Јасен“: Дивите свињи секако ќе завршеа во кланица


Не беше масакр, туку санитарен отстрел на диви свињи, вели директорот на ЈП кое управува со повеќенаменското подрачје „Јасен“, Новица Зечевиќ, објаснувајќи како се случи во време на ловостој, на 31 март, да бидат застрелани 57 диви свињи. „Основна дејност на ‘Јасен’ е ловот. Имаме и сопствен репроцентар, за одгледување и заштита, како и за […]

Стрмоголав пад на цените на нафтата


Цените на нафтата на светските пазари минатата недела нагло паднаа поради стравувањата на инвеститорите дека трговската војна меѓу Соединетите Американски Држави и Кина би можела да ескалира, што би значело стагнација на растот на глобалната економија, а што на крајот би влијаело на побарувачката на нафта. Минатата недела на лондонската берза цените за барел паднаа […]

Богов: Извозот над очекувањата, растот најмногу ќе зависи од инвестициите


Народната банка на Република Македонија во моментов ја прави новата рунда проекции за растот за годинава и за наредната година, која ќе биде објавена на 3 мај. Гувернерот Димитар Богов вели дека се уште е рано да се кажат видувањата, но посочува дека од она што го имаат како цврсти индикатори од почетокот на годината […]

Почна рокот за поднесување барања за субвенции за млекото


Од денеска тече рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2017 година. Рокот за пријавување трае до 16 мај, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Висината на поддршката изнесува четири денари по литар за […]

Сосиете женерал ја продава Охридска банка во Македонија


Француската групација Сосиете женерал се повелкува од регионот на Источна Европа од нестратегиски пазари, каде не се во топ трите банки според пазарниот удел, вклучувајќи ја и Македонија. Во рамки на ова, како што пишува бугарскиот весник „Капитал“, се продава банката во Бугарија во пакет со уште пет подружници на француската групација во Албанија, Македонија, […]

Рекорден пад на невработеноста во Европската Унија


Стапката на невработеност во земјите членки на еврозоната првпат падна на 8,5 отсто во февруари, што е најниска стапка од декември 2008, кога започна економската криза во Европа, објави Евростат. На ниво на 28-те земји членки на ЕУ стапката достигнува 7,1 отсто во февруари. Конкретно тоа значи дека околу 17,6 милиони луѓе во ЕУ се […]

Град Скопје ќе му ја земе топлификациската мрежа на БЕГ


Град Скопје ќе ја преземе дистрибуцијата на топлинската енергија од „Балкан енерџи груп“(БЕГ) бидејќи договорот на оваа компанија е спротивен на Законот за енергетика, најави градоначалникот Петре Шилегов . Според него, со одлука што треба да ја донесе Владата од есенва Град Скопје ќе стане сопственик на топлификациската мрежа, при што ќе се создаде тарифен […]

Малите и средни компании зијан 100 милиони евра


Одложувањето на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, што владата на ВМРО ДПМНЕ го направи во октомври 2014, неполни три месеци пред стартот, ги чини малите и средни претпријатија над 100 милиони евра. „Многу лесно може да ја направите пресметката. Тие сега плаќаат по 140-150 евра за мегават час електрична енергија, а доколку беа на […]

Бесплатен одмор на работници со ниски приходи


Министерството за економија го објави огласот за користење одмор за работниците со ниски приходи. Потврдата е во износ од 15.000 денари, а може да ја користат семејства чии приходи не надминуваат 22.000 денари. – Целта на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто […]

Брендот „Бекутан“ слави 40 години постоење


„Алкалоид“ денеска го најави почетокот на кампањата по повод 40-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“. Во присуство на медиумите, педијатри, фармацевти, технолози, дерматолози и останати блиски соработници, од компанијата најавија низа активности за одбележување на довербата кон „Бекутан“ која бележи 4 децении. „По повод 40-годишниот јубилеј, компанијата одлучи да подготви низа активности наменети за нашите ценети […]

Сега има 90.000 државни службеници повеќе од 1992


На 2 април 1992 година е донесен првиот Буџет во независна Македонија. Тежел 75,9 милијарди југословенски динари или во тоа време околу една милијарда германски марки. Првите македонски бонови се воведени на 26 април истата година. Кога била усвоена завршната сметка на првиот буџет, тој изнесувал 217,8 милијарди денари. Во првиот буџет, планиран со инфлација […]

Со праг од 1.000 евра, повисок персоналец за 74.000 граѓани


Првите пресметки на Владата покажуваат дека доколку се воведе оданочување од 18 отсто на делот од приходите над 1.000 евра, повисок персоналец ќе треба да плаќаат 74.000 граѓани. „Верувам дека процентот е многу мал а ќе се соберат сериозни средства“, ги откри бројките премиерот Зоран Заев, на Првата годишна конференција на Министерството за финансии по […]