Изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни, испораките прекинати


Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“. Изгоре магацинот на „Фриком“, кој како дистрибутивен центар, ја снабдува цела Македонија. Благодарение на брзата реакција на службите и компанијата нема настрадани, сите вработени се на безбедно. „Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот …

Изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни, испораките прекинати Read More »

Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван


 Од суштинска важност за справувањето со предизвиците од новото светско економско окружување е градењето стабилни и силни институции, коишто меѓусебно се координираат и се поддржуваат преку меѓународна соработка, истакнале на првата официјална средба гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и новоименуваната директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Кaрол Межеван. На …

Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван Read More »

Вредноста на биткоинот на историски максимум


Вредноста на биткоинот достигна нов рекорд од речиси 112.000 долари. Најпопуларната криптовалута достигна максимум од 111.988,90 долари за биткоин, а потоа малку се намали. Од почетокот на годината вредноста на биткоинот забележа раст за повеќе од 18 проценти, пред сè поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон дигиталните средства. 

Трамп ја тужи Калифорнија поради високите цени на јајцата


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, тврдејќи дека нејзините строги регулативи за производство на јајца придонеле за драматично зголемување на цените на јајцата низ целата земја. Во тужбата се наведува дека Калифорнија го прекршува сојузниот Закон за инспекција на јајца од 1970 година, кој бара национално единство во стандардите …

Трамп ја тужи Калифорнија поради високите цени на јајцата Read More »

„Фереро“ блиску до преземање на „ВК Келог“ за 3 милијарди долари


Италијанскиот производител на слатки зад Ferrero Rocher е блиску до договор за купување на WK Kellogg за околу 3 милијарди долари, објави Wall Street Journal во среда, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. Акциите на WK Kellogg, компанијата зад Froot Loops и Frosted Flakes, пораснаа за околу 51% откако се појави веста. Ferrero …

„Фереро“ блиску до преземање на „ВК Келог“ за 3 милијарди долари Read More »

За прв пат во историјата една компанија вреди повеќе од 4.000 милијарди долари


Акциите на „Нвидиа“ (NVIDIA) денес скокнаа за повеќе од 2%, надминувајќи ја пазарната капитализација од 4 билиони долари (4.000 милијарди) за прв пат. Производителот на чипови е првата компанија што некогаш ја достигнала оваа пазарна вредност. Билион напишан во децимален број е 1.000.000.000.000 . Всушност, тоа претставува илјада милијарди, или еден милион милиони. „Нвидиа“ е …

За прв пат во историјата една компанија вреди повеќе од 4.000 милијарди долари Read More »

Сиљановска-Давкова се сретна со Славески, во фокусот економијата и независноста на Народна банка


Претседателката Гордана Сиљановска-Давковa денеска оствари прва работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на којашто се разговараше за актуелните економски и монетарни состојби во земјата и важноста на стабилна и независна централна банка за долгорочниот економски развој. Претседателката Сиљановска-Давкова беше информирана за монетарната политика, стабилноста на девизниот курс, инфлациските текови и состојбите во …

Сиљановска-Давкова се сретна со Славески, во фокусот економијата и независноста на Народна банка Read More »

НОМАГАС за гасниот интерконектор со Грција: Стратешки проект за енергетска сигурност, пониски цени и регионална интеграција


Со симболичен чин на потпишување на гасоводните цевки од страна на претставници на Владата, меѓународните партнери и институциите вклучени во реализацијата, беше означен почетокот на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција – стратешки енергетски проект со кој земјата добива нов правец во обезбедувањето на сигурно, стабилно, диверзифицирано и еколошки одржливо снабдување со …

НОМАГАС за гасниот интерконектор со Грција: Стратешки проект за енергетска сигурност, пониски цени и регионална интеграција Read More »

ОЕЦД: Стареењето на населението може да го забави економскиот раст на повеќето развиени земји


Стареењето на населението може да го забави економскиот раст на повеќето развиени земји доколку не се преземат итни мерки, според извештајот за вработување објавен денес од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Вработеноста и учеството во работната сила во земјите на ОЕЦД се уште се на рекордни нивоа, но веќе се присутни рани знаци …

ОЕЦД: Стареењето на населението може да го забави економскиот раст на повеќето развиени земји Read More »

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво по објавата на Трамп за царините


Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво во вторник откако Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе воведе царини од 50 проценти за индустрискиот метал во најновата ескалација на трговската војна на претседателот. „Денес се занимаваме со бакар“, рече Трамп пред состанокот на кабинетот, додавајќи дека верува оти тарифите ќе бидат 50 проценти. …

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво по објавата на Трамп за царините Read More »

(Фото) Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција вреден 60 милиони евра


Стартуваше изградбата  гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино, со почетен капацитет од 1,5 милијарди метри кубни годишно.  Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на означувањето на почетокот на градежните работи посочи дека проектот ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно стабдување, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност …

(Фото) Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција вреден 60 милиони евра Read More »

Назад во финансиите: Поранешниот британски премиер стана советник во Голдман Сакс


Поранешниот британски премиер Риши Сунак стана виш советник во Голдман Сакс. Според банката, Сунак ќе работи со скратено работно време и ќе ги советува клиентите користејќи ги своите „уникатни увиди во глобалната политика и економија“, објавува Би-Би-Си. Иако поднесе оставка од функцијата премиер во јули 2024 година, Сунак продолжува да служи како пратеник за Ричмонд …

Назад во финансиите: Поранешниот британски премиер стана советник во Голдман Сакс Read More »

Бројот на банкроти на компании во Германија на највисоко ниво од 2005 година


 Бројот на компании кои поднеле барање за банкрот во Германија во вториот квартал од 2025 година го достигна највисокото ниво од третиот квартал од 2005 година, соопшти вчера Институтот за економски истражувања Хале (ИВХ). Во јуни оваа година, 1.420 барања за банкрот беа поднесени од компании и партнерства во Германија, што е за 23 проценти …

Бројот на банкроти на компании во Германија на највисоко ниво од 2005 година Read More »

Шеснаесет финансиски институции и банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга


  Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање  на пректот за брзата пруга од Коридорот 10. Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10. Имено, Министерството за финансии достави писмо …

Шеснаесет финансиски институции и банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга Read More »

Прогласена за најдобра авиокомпанија во светот во 2025: Услуга за 10, патниците тврдат дека билетот вреди секој денар


Го освои првото место по деветти пат, а ниедна авиокомпанија од ранг-листата на првите 10 не може да се спореди со неа. Според овогодинешното издание на листата „World Airline Awards“, составена од консултантската компанија Skytrax, Qatar Airways е прогласена за најдобра авиокомпанија во светот во 2025 година. Интересно е што ова не е прв пат …

Прогласена за најдобра авиокомпанија во светот во 2025: Услуга за 10, патниците тврдат дека билетот вреди секој денар Read More »

„Пари“: Македонскиот ИТ-сектор во подем – десет компании со вкупен приход над 68 милиони евра


Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзорастечки сектор во македонската економија и игра важна улога како снабдувач на работни места и извозник. ИКТ-индустријата има потенцијал да создава силен економски раст и придобивки што се чувствуваат не само во економијата  туку и во целото општество воопшто. Голем број меѓународни и домашни компании развиваат софтвер во земјата …

„Пари“: Македонскиот ИТ-сектор во подем – десет компании со вкупен приход над 68 милиони евра Read More »

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Спорд информациите објавени на веб страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 11 часот.  За ребалансот на Буџетот се поднесени околу 200 амандмани, од кои 160 од опозициската СДСМ.  Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а …

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот Read More »

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“


Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор.  На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката …

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“ Read More »

Собравме 100 милијарди долари од царините. вели американскиот министер за финансии


Секретарот за финансии Скот Бесент изјави дека САД собрале околу 100 милијарди долари приходи од царини досега оваа година, а тоа би можело да се зголеми на 300 милијарди долари до крајот на 2025 година, бидејќи собирањето се забрзува поради трговската кампања на претседателот Доналд Трамп. Бесент, зборувајќи на состанокот на кабинетот во Белата куќа, …

Собравме 100 милијарди долари од царините. вели американскиот министер за финансии Read More »