„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот


Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано,со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји. Компанијата го користи учеството на CPHI за продлабочување на деловната соработка и […]

Глобалните резерви на нафта се близу до критична точка


Залихите на нафта што можат веднаш да се пласираат на пазарот се речиси исцрпени, предупредија раководители од енергетскиот сектор на конференција во Лондон, истакнувајќи дека резервите се приближуваат кон „критична точка“. Владите и енергетските компании посегнуваат по резервите за да ги пополнат празнините во снабдувањето и да го спречат наглиот раст на цените предизвикан од […]

Признание за квалитетот и гостопримството: Limak Skopje LuxuryHotel е „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“


Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje LuxuryHotel. Признанието, кое […]

Инфлацијата во септември на годишно ниво 2,7 отсто


Индексот на трошоците на животот во септември годинава (преку кои се искажува инфлацијата, во однос на истиот месец лани  бележи зголемување од 2,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата во септември 2026 година во однос на претходниот месец останува на исто ниво. Во […]

Мицкоски годинава очекува раст на БДП од 3,5 до 4 отсто


Премиерот Христијан Мицкоски очекува годимнава растот на БДП да биде меѓу 3,5 и 4 отсто. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната средба со претставниците на Светска банка и извештајот што тие го подготвија за Македонија, рече дека охрабрува фактот дека ние сме единствената земја во регионот каде што нивелирањето, односно усогласувањето […]

Проектот за брза пруга се реализира согласно договорената динамика, вели Николоски


Тендерот за изградба на третата фаза за пругата кон Бугарија е веќе објавен на страната за јавни набавки на ЕУ. За тунелот, работните групи на Македонија и Бугарија веќе технички работат, додека проектот за брза пруга на Kоридор 10 се реализира согласно договорената динамика и рокови, објасни, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт […]

Халкбанк со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје


Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје свечено беше пуштена во употреба реновираната и модернизирана „Халк Читална“, благодарение на донација од Халкбанк во вредност од околу 30.000 евра. На настанот присуствуваа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р […]

Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија


М Кар денеска ги претстави новите генерации на BMW X5 и BMW Серија 7 Седан кои беа претставени како два препознатливи модели, со различен карактер и различна намена, но со нови беспрекорни решенија во дизајнот, технологијата и начинот на кој го доживуваат возењето. Ова е петтата генерација на моделот со кој BMW го постави темелот […]

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29 проценти годинава


 Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид продолжуваат да соборуват рекорди. Во првите девет месеци од 2026 година двата македонски аеродроми, со кои управува „ТАВ Македонија“, опслужија вкупно 3,3 милиони патници (3.331.685), што претставува зголемување од 29 проценти во споредба со истиот период во 2025 година – информираат од „ТАВ Македонија“, подружница […]

Владата планира ново задолжување до 250 милиони евра, вели СДСМ


СДСМ тврди дека Владата планира ново задолжување до 250 милиони евра преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар, соопшти партијата. Според СДСМ, одлуката била донесена на владина седница на 29 септември, а средствата се предвидени за буџетска поддршка. Од партијата велат дека новото задолжување се планира до крајот на годинава и оценуваат […]

ЕУ воведува данок за компаниите со приходи поголеми од 100 милиони евра


Брисел – Европската Унија ја разгледува можноста да воведе данок за големите компании, вклучувајќи ги и големите американски технолошки компании, во обид да ги зголеми приходите на ЕУ, а воедно да избегне негативна реакција од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Европската комисија разгледува нови начини за зголемување на приходите од технолошките […]

Една година во СЕПА: над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и компаниите


Народната банка соопшто дека денес, 7 октомври, се одбележува една година од оперативното приклучување на нашата земја кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, што претставува историски чекор кон модернизација и европска интеграција на домашниот платен систем, со конкретни и видливи придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, но и за економијата во целина. „Ова […]

Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027


Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири. ИСОС […]

Vranec World Day 2026 успешно одбележан во Скопје


Со голема посетеност на бројни вински љубители, овој понеделник, на 5-ти октомври во Културно информативниот центар во Скопје се одржа осмото издание на Vranec World Day, во организација на Здружението „Вина од Македонија“. Во центарот на годинешното издание беа македонските винариите и Здружението „Вина од Македонија“ кои со години работат на развојот и афирмацијата на […]

ЕУ оди на преговори со Кина поради евтините хибриди, ќе бараат Пекинг да го ограничи извозот


Преговарачки тим од Европската Унија заминува во Кина на клучни дводневни разговори со цел постигнување договор за ограничување на увозот на евтини хибридни автомобили. Ова е за да се реши проблемот со трговскиот суфицит на Кина, кој достигнува рекордни милијарда фунти дневно, пишува „Гардијан“. Комесарот за трговија Марош Шефчович и неговиот тим патуваат денеска, а […]

ЕЦБ: Дигиталното евро е клучно за иднината на европскиот паричен систем


Европската централна банка (ЕЦБ) работи на подготовка на дигиталното евро и на развој на инфраструктура за порамнување на токенизирани трансакции, со што би се зајакнала улогата на европскиот паричен систем, изјави денеска членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне. Чиполоне рече дека технолошките промени го менуваат начинот на кој луѓето плаќаат и како функционираат […]

Божиновска – Петрова: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка меѓу Македонија и Бугарија


Продлабочување на билатералните односи во енергетиката, со фокус на конкретни проекти, размена на искуства и можности за заеднички активности биле во фокусот на средбата меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и бугарската министерка за енергетика Ива Петрова. Средбата се одржа во Белград, на маргините на Вториот министерски самит на четирите земји […]

Заврши спојувањето на „Парамаунт“ и „Ворнер Брос. Дикавери“. Создадена е „Скајденс“


„Парамаунт“ го заврши преземањето на „Ворнер Брос. Дикавери“(Warner Bros. Discovery) за 110 милијарди долари. Спојувањето создаде нова компанија наречена „Скајденс“(Skydance). Филмските студија на „Парамаунт“ и „Ворнер Брос. Дикавери“ сега се под ист покрив, како и големите медиумски брендови и телевизиски компании како што се Ејч-Би-О (HBO), Си-Би-Ес њус ( CBS News) и Си-Ен-ен (CNN). На […]

Ова се највредните компании на берзите во секоја европска земја, Комерцијална банка на врвот во Македонија


Највредната европска компанија чии акции се тргуваат на берзата произведува машини за производство на напредни чипови. Сепак, низ целиот континент, банките многу почесто се водечки компании според пазарната капитализација во поединечните земји. Македонија не е исклучок – во нашата земја според пазарната капитализација највредно акционерско друштво е Комерцијална банка, покажува графиката што ја објави Вижуалкапиталист. […]

Без соодветни реформи растот на БДП ќе забави на 2,4 отсто до 2050 година, со нив ќе се придвижи на 3,8 отсто, порача Светска Банка


Целен пакет реформи, фокусиран на зајакнување на управувањето, отклучување на потенцијалот на приватниот сектор и градење вештини кај работниците – особено кај младите – би можел да ѝ помогне на Северна Македонија да го забрза економскиот раст, да создаде илјадници нови работни места и да го подигне животниот стандард на граѓаните, се наведува во новата […]