Петтиот пакет мерки ќе ги опфати најсиромашните граѓани, медиумите, угостителите


Премиерот Зоран Заев попладнево во Собранието одговарајќи на пратенички прашања сподели дел од мерките предвидени со петтиот пакет за поддршка на граѓаните,  работниците, стопанството и економијата. Една од мерките, како што рече, е да се избришат сите камати по долгови кои граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции за долгови постари од три месеци […]

Влада: Средбата со Независната комора на угостители не е откажана 


По прес конференцијата на Независната угостителска комора, реагираа од Владата, од каде што посочуваат дека зажаната средба со НУК, не е откажана.  „На барањето на Независната угостителска комора за средба со владини претставници беше одговорено потврдно и закажана е утре, петок 29.01.2021 година во 14:30 часот во Свечена сала на Владата на Република Северна Македонија. […]

Угостителите не прифаќаат средба без Битиќи, бараат присуство на состанокот со стопанските комори


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи утре не ќе можел да присуствува на средбата со угостителите во 14:30 часот, но неговиот Кабинет не ја откажал, туку предложил средбата сепак да се одржи, со некој од соработниците. Угостителите не го прифаќаат ваквиот предлог, со образложение дека не скааат да бидат нечиј декор. Тие бараат да присуствуваат на […]

Рекорден приход на „Епл“ на почетокот на 2021 година 


Приходите на компанијата „Епл“ во првото тромесечје на 2021 година пораснале за 21 отсто, се дознава од најновиот финансиски извештај на компанијата објавен синоќа. Во меѓувреме, љубителите на производите со логото на „Епл“, годинава очекуваат низа изненадувања.  За компанијата, првото тромесечје на фискална 2021 година завршува на 26 декември 2020 година. Според извештајот, приходите на […]

Економијата на САД падна за 3,5 проценти, најмногу од 1946 година


Eкономијата на САД се намали за 3,5 проценти во 2020 година, бидејќи пандемијата на корона вирусот затвори деловни активности, училишта и настани, што ја означи првата годишна контракција од Големата рецесија, покажуваат податоците објавени од Министерството за трговија во четвртокот. Бруто домашниот производ на САД (БДП) претрпе најголем годишен пад од 1946 година поради пандемијата […]

Статистиката на финансиски системи на НБ ќе даде одговор на бројни прашања и можност за преземање навремени мерки


Каква е финансиската состојба на македонската економија, дали е должник или доверител, состојбата и промените на финансиските средства и обврски на одделните сектори, нивната структура по одделни финансиски инструменти, како и меѓусебната изложеност на одделните ектори, се дел од прашањата на кои ;ќе дадe одговор Статистиката на финансиски сметки на Народната банка, што првпат е […]

„Булгартрансгас“ стана сопственик на 20 отсто од капиталот на грчката гасна компанија „Гастрејд“


Бугарскиот оператор на системот за природен гас „Булгартрансгас“ денеска презеде над 20 отсто од акциите на грчката компанија „Гастрејд“, што го развива терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкото пристаниште Александрополис, соопшти грчката компанија. На потпишувањето на договорот за преземање на уделот во капиталот на грчката компанија во главниот град Атина присуствуваа премиерите на […]

Се помали шансите до лето да има нормализација во авио-сообраќајот, авио-превозниците загрижени


Од ден на ден се повеќе се влошуваат шансите за закрепнување на европските авио-превозници погодени од кризата со коронавирусот, особено откако британскиот министер за вакцинирање Надим Захавио на граѓаните им предложи да не ги резервираат летните одмори, а Германија драстично ги ограничи патувањата. -Британците во никој случај не треба да прават резервации на своите годишни […]

Mагнат во бизнисот со минерална вода го симна основачот на „Алибаба“ од врвот на најбогати луѓе во Кина


Кинескиот магнат во бизнисот со минерална вода, Жонг Шаншан го симна основачот на „Алибаба“ – Џек Ма од врвот на најбогати луѓе во земјата. Според листата на списанието „Хурун“, неговото богатство се проценува на повеќе од 100 милијарди долари. Жонг Шаншан (66), сопственик на фирмата „Нонгфу спринг“, лани беше трети на тој список, потсети основачот […]

Историски пад на потрошувачката на пиво – како кон крајот на педесеттите


  Во Германија минатата година драстично се намалила потрошувачката на пиво, односно купено е толку малку како кон крајот на 1950-тите. Додека потрошувачката на пиво по глава на жител во Германија изнесувала 92 литри, таа минатата година паднала на 88 литри, соопшти Сојузот на германски пиварници. Главна причина за намалувањето на потрошувачката на пиво е […]

Вол Стрит: Најголем дневен пад во последните три месеци


На Вол Стрит, берзанските индекси потонаа во средата повеќе од 2 проценти, што е најголема загуба во последните три месеци, а цените на акциите продолжија да паѓаат по пораките на Федералните резерви на САД. Индексот Дау Џонс падна 633 поени или 2,05 проценти, на 30.303 поени, додека С & П 500 потона 2,57 проценти, на […]

Е-работилница за годишните финансиски сметки на македонската економија


Народна банка денеска организира е-работилница за новинари посветена на статистичките податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија. На работилницата, според најавите, ќе се обрати гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по што ќе бидат презентирани статистичките податоци.  Народната банка започна со објавување на овие податоци кон крајот на минатата година. Податоците се изработени согласно меѓународните […]

Словенија издаде 60-годишни еврообврзници


Словенија денеска на меѓународниот финансиски пазар се задолжи за 500 милиони евра преку државни обврзници со рок на доспевање од 60 години, што е најдолга доспевање досега, соопшти словенечкото Министерство за финансии. „Издадени се 60-годишни обврзници во вредност од 0,5 милијарди евра, со принос до доспевање од 0,70 проценти и каматна стапка од 0,6875 проценти, што е споредливо со условите […]

ЕАСА дозволи Боинг 737 МАКС повторно да лета


Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) денеска соопшти дека официјално дала зелено светло за враќање на европското небо на Боинг 737 МАКС, кој беше приземјен 22 месеци по две несреќи. – После длабинска анализа на ЕАСА, утврдивме дека 737 МАКС е безбеден за летање. Проценката беше спроведена целосно независно од „Боинг“ или Федералната администрација […]

ММФ: Стимулациите на Бајден можат да го зголемат БДП на САД за пет отсто за три години


Пакетот економски стимулации од 1,9 трилиони американски долари, предложен од американскиот претседател Џо Бајден, може да го зголеми американскиот БДП за пет проценти во следните три години, проценува главната економистка на Меѓународниот монетарен фонд, Гита Гопинат. Таа изјави дека предложениот пакет. според првичните проценки, би можел оваа година да ја зголеми економската активност во САД […]

Дебата: Правно да се регулира работењето во услови на пандемија


Во правниот систем во земјава е неопходно детално да се уредат концептите што најмногу се практикуваат во текот на пандемијата, а тоа е работа од дома и работа на далечина. Мерките што се донесоа во време на ковид кризата резултираа со нови родови нееднаквости. Долготрајноста на пандемијата и неможноста да се предвидат идните текови на […]

Бројот на баратели на работа во Франција со скок од 8,1 отсто во 2020 година


На крајот на 2020 година, бројот на баратели на работа од категорија А во Франција изнесувал 3,574 милиони, што претставува скок од 8,1 отсто, јави дописникот на МИА. Кризата што ја донесе Ковид-19 предизвика вистинска катаклизма на францускиот пазар на трудот, бришејќи неколку години на јасни подобрувања. Но, според последните податоци објавени од страна на […]

Почнува со работа Националниот регистер на вистински сопственици, ќе се знае кој колку фирми поседува и контролира


Почнува со работа Националниот регистер на вистински сопственици со кој во периoдот што следува институциите во државата добиваат уште една квалитетна алка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам, изјави денес на прес конференција потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски. Постоечките правни субјекти имаат рок од 90 дена да ги внесат сите податоци за вистинските […]

„Еуромакс“ ќе ја обжали повторната одлука за „Иловица Штука“, не исклучува и меѓународна арбитража


Компанијата „Еуромакс“, концесионер на рудникот „Иловица Штука“ смета дека Државната комисија ја занемарила конечната одлука на Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, што е во корист на „Еуромакс“ и е објавена на 7-ми декември 2020 година, иако комисијата е одговорна за нејзиното спроведување. Од компанијата најавија дека ќе ја обжалат одлуката на комисијата. „Државната […]

Угостителите бараат протоколи за работа и континуирана финансиска поддршка


Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор да има континуитет, како и да се обезбедат протоколи за работа за сите дејности кои се дефинирани во Националната класификација на дејности бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. „Секторот угостителство се соочува со многу предизвици и отежнати услови за работа, како […]