За 200 проценти зголемен бројот на рекламации на слободниот поштенски пазар


До Агенцијата за пошти годинава биле доставени 34 претставки, а причина за релативно малиот број поплаки во однос на извршениот обем на поштенските услуги е ниската свест и недоволната информираност. Во Агенцијата, се евидентирани и неколку случаи во кои корисниците се измамени од нерегистрирани онлајн продавници, а откриени се и локации на магацини на шеесетина  […]

Бројот на невработени е зголемен и со оние кои се пријавуваат заради финансиската помош, вели Шахпаска


Според податоците на Агенцијата за вработување, од март до  декември односно во период на епидемијата,  бројот на невработени е зголемен за 0,3 проценти, но споредбата на ист период односно третиот квартал во оваа година во однос на 2019 година покажува дека невработеноста кај нас е намалена за 0,6 проценти, односно  16,5 наспроти 17,1 проценти. Податоците […]

„Ануитет“ бара банките да овозможат помошта од 6.000 денари да стигне до секој граѓанин без трошоци


Здружението на банкарски клиенти „Ануитет“ апелира до банките сите од најранливата категорија граѓани да ја добијат помошта од 6.000 денари и од овие пари да не наплаќаат други побарувања.  Според „Ануитет“ финансиската помош не стигнала до сите граѓани. Од здружението велат дека повеќе граѓани биле засегнати од овој проблем кој настанал поради  несоодветна, како што […]

Шахпаска: Ќе се разгледаат приговорите и 6.000 денари ќе стигнат до сите на кои им следуваат


– Средствата ќе им бидат исплатени на граѓаните согласно законското решение. Ние од тоа не се откажуваме, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за исплатата на 6.000 денари од четвртиот пакет финансиска поддршка од Владата која, меѓу други категории граѓани, им следува и на самохрани родители. На новинарско прашање како и кога […]

Има интерес за влез на поштенскиот пазар, расте пакетскиот, паѓа обемот на писма


 Интересот за поштенскиот сектор е голем, односно влезот на поштенскиот пазар се уште го држи нагорниот тренд што го потврдува практично фактот за неговиот неискористен потенцијал, изјави денеска директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓореска. Таа на јавна седница на Агенцијата за пошти оцени дека поштенскиот сектор успешно одговорил на ковид кризата и е […]

Се бара нов закон за безбедност и здравје при работа


Македонското здружение за заштита при работа смета дека треба да се донесе нов закон за безбедност и здравје при работа кој треба да биде јасен и недвосмислен во практичната примена и притоа да бидат земени предвид мислењата на сите засегнати страни од областа на безбедноста и здравјето при работа. – Потребен е нов закон за […]

ССМ: Уште седум дена за исплата на К-15


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги потсети работодавачите дека имаат уште седум дена за исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15. – Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962,00 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2,се применува непосредно и […]

Од Иванка Трамп до Гизела Бундшен: Како островот Индијан Крик стана дестинација на богатите?


САД– Островот Индијан Крик веќе беше на мапата за повеќето од најбогатите луѓе во светот како задолжителна дестинација за приватна енклава (или даночно засолниште) во Јужна Флорида, но неодамна две огромни зделки со недвижнини ја ставија дестинацијата од 300 хектари во центар од остатокот на светот. На 7 декември, Њујорк пост објави дека советничката и […]

Азески: Срамно е кога ќе одиме во Брисел, да кажеме дека 20 години немаме попис


Како држава, не можеме да речеме дека ги преземавме најдобрите можни мерки во однос на кризата, но не потфрливме. Ако резимираме, и државата и приватниот сектор и сите останати институции не беа на највисоко ниво, но држеа солидна кондиција за да може да се преброди Ковид-пандемијата барем засега. Државата навистина помогна во тоа што можеше, […]

Премиерот Заев и министерот Хоџа поддржуваат иницијатива за укинување на четвртата и дополнителните класи тутун


Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска на средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија изразија согласност да се покрене иницијатива за укинување на четвртата класа, како и дополнителните класи тутун, за откуп од реколтата од оваа година, со што компаниите откупувачи ќе го […]

Згаснува „Монтенегро ерлајнс“, црногорската влада најави формирање нова компанија


Црногорската влада соопшти дека нема правна основа да го продолжи животот на „Монтенегро ерлајнс“. „Не можеме да донесеме никаква законска одлука да им помогнеме на ‘Монтенегро ерлајнс’“, изјави министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ, пренесува порталот Банкар. Тоа значи приземјување на авионите што е можно поскоро, беше објавено на прес-конференцијата на Владата на Црна Гора. […]

Комората на извршители препорача времено деблокирање на сметките


Комората на извршители вчера издаде препорака до своите членови да вршат времено деблокирање на сметките на оние граѓани кои го оствариле правото на помош од 6.000 денари од четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од Ковид-19, а после подигнување на износот, да се спроведе повторно блокирање на сметката. На Комората на извршители и […]

Руските трговски центри загубија 3,4 милијарди долари оваа година


Вкупните приходи на трговските центри во Русија се помали за 3,4 милијарди долари во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, изјави денеска претседателот на Рускиот совет на трговски центри, Дмитриј Москаленко. – Според нашите проценки, падот на приходите за време на периодот на карантин и потоа беше околу 3,4 милијарди долари, рече Москаленко. Во првите три […]

Азески: Политичките случувања не влијаат врз бизнисот со Бугарија, потребно е инфраструктурно поврзување


Политичките случувања со Бугарија не влијаеја врз коморското работење зашто во овие 30 години научивме дека треба да се бавиме со нашите надлежности за кои од политичките односи единствено се важни владеењето на правото и функционирањето на правната држава, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. -Ние немаме никакви проблеми во соработката […]

МАНУ и Стопанската комора на Македонија заеднички ќе изработуваат стратегија за развој до 2030 година


Соработка меѓу двете институции што ќе биде реализирана преку различни активности, вклучувајќи и работа на научноистражувачки проекти и апликативни проекти во сферата на економските науки овозможува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа претседателите на МАНУ и Стопанската комора на Македонија. -Во согласност со меморандумот во периодот што доаѓа предвидени се различни активности за спроведување […]

УЈП извршила присилна наплата во дел од компаниите што ја злоупотребиле државната помош


Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција, информира дека кај дел од компаниите за кои беше утврдено дека ја злоупотребиле државната помош, веќе е извршена присилна наплата, додека кај други во тек е спроведување на дејства за присилна наплата. – Кај одредени компании пуштени се опомени и по извесниот рок на […]

Германски регулатор казни производители на алуминиум поради договарање цени


Германската федерална канцеларија за картели соопшти дека изрекла казни од 175 милиони евра за неколку производители на алуминиум кои договарале цени. Челниците на неколку леарници за алуминиум се состанувале веќе неколку години за да договораат повисоки цени, се вели во соопштението. – Тие разговарале за клучните елементи на цените и попустите, рече директорот на канцеларијата на картелот, Андреас Мундт. Истрагата е […]

Битолчанец најбогат во 2019, најмладиот милионер има само шест години, а најстариот 101 година


Битолчанец e најбогатиот граѓанин во земјава, а на Стружанец му била исплатена највисока плата. Најмладиот милионер во земјава има само шест години, а најстариот 101 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес-конференција соопшти дека иако скопјани доминираат на листата со највисок доход, сепак на првото место […]

Хоџа најави 150 милиони евра субвенции, „зелена нафта“ и поддршка за младите фармери


Сто и педесет милиони евра финансиска поддршка, услови за порентабилно производство, субвенции за набавка на „зелена нафта“, консолидација на површините, поттикнување на младите земјоделци со 20.000 евра неповратна помош и на  жените фармери со 6.000 евра, најави денес министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, кој се осврна на првите 100 дена од извршувањето на функциата. „Не […]

Хрватска бележи пад на бројот на вработени и пораст на невработените


Во третиот квартал од оваа година, Хрватска забележа пад на бројот на вработени и пораст на бројот на невработени, според Централното биро за статистика. Бројот на вработени во третиот квартал во Хрватска се намали за 26.000 на годишно ниво, додека бројот на невработени се зголеми за 32.000 и сега е 135.000, па стапката на невработеност […]