Битиќи: Разговараме за две нови инвестиции од 300 милиони евра


Само во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварив средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Од понеделникот имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на […]

РЕК Битола го стави во функција Блок 1


АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола го стави во функција Блок 1 на Термоелектраната. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата во текот на вчерашниот ден. Во моментов, РЕК Битола произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3, информираат од компанијата. Нагласуваат дека ископот на јаглен во рудникот Суводол е стабилизиран, а се зголемува […]

„Амазон“ во четвртиот квартал со најголеми приходи досега


Американскиот гигант во онлајн трговијата „Амазон“ оствари во четвртото тромесечие минатата година најголем квартален приход досега, кој првпат ја надмина границата од 100 милијарди долари. Компанијата во својот извештај од работењето наведува дека во периодот од октомври до декември 2020 година забележала приходи од 125,56 милијарди долари, благодарејќи на празничните пазарења и онлајн нарачки поради […]

Словенија донесе седми пакет анти ковид економски мерки вреден 320 милиони евра


Словенечкиот Парламент го усвои седмиот по ред „против-корона“, законски пакет што предвидува 320 милиони евра помош и субвенции за граѓаните и економијата. Пакетот помош ја продолжува мерката за субвенционирање на чекање за работа. Таа мерка може да ја користат работодавците чии приходи се намалени за повеќе од 20 проценти поради кризата предизвикана од епидемијата на […]

Од Југохром најавуваат дека е можно годинава да се догради системот за отпрашување


Петта година изминува откако прекина работата на фабриката за производство на феролегури „Југохром“ во тетовско Јегуновце поради неисполнетите обврски за достигнување на А интегрирана еколошка дозвола.  Од раководството најавуваат дека е можно придвижување на процесот на доградба на системот за отпрашување што започна во април 2017 година, што е услов фабриката во иднина да продолжи […]

Кој e Енди Џеси, новиот извршен директор на „Амазон“, кој доаѓа на местото на Безос


Џеф Безос ќе се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“, што е шокантна промена сама по себе, но овој потег го насочи вниманието и кон неговиот наследник, малку познат, но моќен извршен директор по име Енди Џеси, кој раководи со единицата за клауд компјутинг (технологија на облак). Џеси во моментов е извршен директор на […]

Фондот за регионални предизвици ќе го објави повикот за поддршка на шест економиии од Западен Балкан


Фондот за регионални предизвици (РЦФ) ќе го објави првиот повик за поддршка на инвестиции во проекти за кооперативна обука, неменет за шесте економии на Западен Балкан. Фондот ќе додели 18,8 милиони евра до 2025 година за поддршка на инвестициите во регионот. Целта е да се финансираат до 60 проекти за времетраење на програмата. На настанот […]

Неделава можно финализирање на петтиот пакет мерки, февруари клучен за реализација


Петтиот пакет антикризни мерки се очекува да биде финализиран неделава ако се постигне консензус со сите засегнати страни. Ќе тежи околу 150 милиони евра и никој нема да биде изоставен. Средствата се предвидени и за граѓаните и за стопанството, посебно за најпогодените од пандемијата. Како што рекоа вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и […]

Министерот Хоџа на средба со лозарите и винарите


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ќе одржи средба со претставници на лозарите и винарските визби. Средбата следува откако на 28 јануари здружението „Напредни лозари” од Кавадарци реагираше, укажувајќи дека цената на грозјето е ниска, а проблем е и вишокот кој преработувачите не сакаат да го откупат. Според лозарите, цената на грозјето […]

Донесен правилникот, се овозможува регистрација на возилата со странски таблички


Правилникот за поединечно одобрување на возилата, кој беше проблем за да се пререгистрираат возилата со странски таблички што се возат во земјава, е донесен и според најавите од министерот за економија Крешник Бектеши се очекува до денеска да биде објавен во Службен весник и да стапи во сила. -Во законското решение кое го усвоивме предвидено […]

Џеф Безос ја напушта функцијата извршен директор на „Амазон“, еве кој ќе го замени


Џеф Безос се повлекува од функцијата извршен директор на Амазон, соопшти компанијата. На негово место доаѓа Енди Џеси. „Возбуден сум што објавувам дека Енди Џеси ќе стане новиот извршен директор. Имам намера да ги насочам енергијата и вниманието кон нови производи и иницијативи“, изјави Безос во електронска порака испратена до вработените. Безос ја основаше „Амазон“ […]

Владата усвои Стратегија за производство на тутун за периодот 2021-2027


Владата на Република Северна Македонија на денешната 43-та редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за производство на тутун за период 2021-2027 година, со акциски план.   Како што соопшти владината прес-служба, меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун како посебно се издвоени државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско […]

Туристичките агенции не прифаќаат кредити, бараат финансиска поддршка за плати


Туристичките агенции остро реагираат на денешните изјави на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши кои обелоденија дека е можно, во петтиот пакет мерки финансиската поддршка за плата да биде заменета со бескаматни кредити. Секторот туризам, како што наведува во соопштението до медиумите, стравува од условите за кредитите. Смета дека […]

Меѓународно признание за ЦЕА – рангирана на 37 место глобално за квалитетот и интегритетот на политики и процедури


Според годишниот Global Go To Think Tank Index Report за 2020 година кој се изработува од Универзитетот во Пенсилванија, САД (University of Pennsylvania), Центарот за економски анализи-ЦЕА е на 37 место глобално од вкупно 75 тинк тенкови (истражувачки центри) и единствена од Северна Македонија измерена по сигурност на квалитетот на производите и интегритетот на политиките […]

Не се проблем само вакцините – има недостиг и на шприцеви


Кинеските производители на медицински шприцеви предупредуваат дека некои нарачки веројатно нема да бидат исполнети до јуни поради невидена побарувачка создадена со вакцинација против КОВИД-19 во земјите низ светот. Земјите ширум светот започнаа амбициозни кампањи за вакцинација во текот на минатиот месец за да се спречи ширењето на корона вирусот. Кабинетот на новиот американски претседател Џо […]

Грција доби уште 728 милиони евра заеми преку програма на ЕУ


Грција– За финансирање на системот за економска поддршка на вработените, Грција денеска доби уште 728 милиони евра во вид на заем, преку европската програма за привремена поддршка за ублажување на ризиците од невработеност во итни случаи (СУРЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата ја соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку […]

Се продава „Рамстор“, потпишан преддоговор со „Сити Плаза ДОО“, компанијата на Ајдован Адемовски


Се продава ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“, а, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет“, веќе е потпишан преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО“. – Почнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД“, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија“ на компанијата „Сити Плаза […]

Фајзер годинава очекува 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19


САД– Американската фармацевтска компанија Фајзер годинава очекува приход од околу 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19, јави Си-Ен-Би-Си. Вакцината против коронавирусот на Фајзер, која тој ја произведува заедно со неговиот германски партнер Бионтек, беше прва во САД која беше одобрена за итна употреба. Во текот на 2021 година, Фајзер предвидува вкупни приходи […]

Битиќи и Бектеши ја посетија „Раде Кончар ТЕП“, компанија која успешно работи и во време на пандемија


Продолжете да бидете активни и да вложувате во развојот на вашите компании и во човечкиот потенцијал. Владата и понатаму ќе продолжи да биде вашиот партнер и поддршка, ќе креираме нова развојна економија, им порача на стопанствениците вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП, која, како што рече, е […]

Фондот за регионални предизвици ќе доделени 18,8 милиони евра за поддршка на 60 проекти во Западен Балкан


Фондот за регионални предизвици (РЦФ) го објавува првиот повик за изразување интерес за поддршка на инвестиции во проекти за кооперативна обука, отворен за апликации од шесте економии на Западен Балкан. Фондот ќе додели 18,8 милиони евра до 2025 година (во текот на пет години) за поддршка на инвестициите во нашиот регион. Целта е да се […]