(Во живо) Прес-конференција по свечената седница на Економско – социјалниот совет


Проследете ја заедничката прес-конференција на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски и претседателот на Организација на работодавачи Ангел Димитров.  

За одржување овошни насади и на мали земјоделски стопанства исплатени 412 милиона денари субвенции


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 412 милиона денари субвенции на 9.738 субјекти. Станува збор за исплата на субвенции за одржување овошни насади и за мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години. Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека средства од денешната […]

Приходите на „Епл“ во првиот квартал годинава 89,58 милијарди долари, за 54 отсто повеќе од лани


Американскиот технолошки гигант „Епл“ оствари раст на вкупните приходи во кварталот јануари-март 2021 година од 54 проценти во споредба со истиот период минатата година, и значително поголема добивка отколку што очекуваа трговците на Волстрит. Акциите на Епл се зголемија за повеќе од четири отсто во продолженото тргување во еден момент по објавувањето на деловниот извештај, […]

Шахпаска: Новиот закон за работни односи ќе гарантира сигурност за работниците, ќе се продолжи породилното отсуство…


Потребите и барањата на работниците се наш врвен приоритет и затоа континуирано, преку меѓусебен дијалог работиме на унапредување на прашањата кои се однесуваат на правата на работниците. За таа цел, заедно со нашите социјални партнери, синдикатите и репрезентативните и нерепрезентативните, работодавачите, како и експертите работиме на новото системско законско решение кое ќе ги регулира работните […]

Тесла има биткоини во вредност од 2,5 милијарди долари


САД – Тесла во моментов има биткоини вредни околу 2,5 милијарди долари, според документите доставени до американската Комисија за хартии од вредност и пазар на капитал (ДИК). Ова значи дека производителот на електрични автомобили на хартија остварил значителен профит само неколку месеци откако инвестираше во најголемата крипто валута во светот. Компанијата во документите навела дека нејзината […]

Каде се зголемени платите – премиерот Заев со детално образложение за досегашните и за наредните покачувања


Финансиските ефекти од владините пакет економски мерки покажуваат излез од кризата и заживување на економијата. Платите се зголемени во образованието, здравството, армијата, во приватниот сектор со субвенционирање на платите…,Не можам да кажам дека е доволно но навистина е видливо и може да се направи разлика, изјави попладнево премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање и […]

Пролетни попусти во „Рамстор мол“


Почувствувајте ја пролетта со пролетните попусти во „Рамстор мол“ кои достигнуваат до неверојатни 70 отсто, а кои започнаа на 26.04 и ќе траат до 09.05.   Вистинска распродажба, многу попусти, сѐ на едно место за вас и вашиот дом можете да најдете во широкиот асортиман што го нудат продавниците во „Рамстор мол“. Обновете си ја вашата […]

Бектеши најави нови инвестиции во Гостивар и 500 работни места


Министерот за економија Крешник Бектеши најави започнување на неколку нови инвестиции во гостиварскиот регион. Едната е фабрика која ќе пакува вода, а другата ќе произведува прехранбени продукти и ќе вработи над триста лица. Тој денес присуствуваше на почетокот на градежните работи на новата фабрика на компанијата „Алмеро“,  која инвестира во нов капацитет и планира да […]

Дополнителните интервенции од Владата ја санираа состојбата во делот на тутунот


Дополнителните интервенции што ги направи Владата ја санираа состојбата, вбризгаа пари кај граѓаните и течат сеидбените сезони и во делот на производстовото на грозје и во делот на производството на тутун, затоа што успеавме и во овие две значајни гранки од земјодеслтвото да им се најдеме на нашите граѓани и да им помогнеме со конкретни […]

Законско решение за финансиска поддршка на инвестиции следната недела во собраниска процедура


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено законско решение за финансиска поддршка на инвестиции, со кое што ќе се овозможи директна поддршка како грант од 20 проценти за сите компании што ќе инвестираат оваа и наредната година. -Наредната недела заедно со првиот вицепремиер  и со сите други […]

Хоџа: Обесштетувањето за 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година по измените на Законот за заштита и спасување


Не е точно тврдењето на некои опозициски политички партии, дека наводно штетите од невремето во Арачиново и Сингелиќ некому се исплаќале, а некому не. Утврдените штети според Законот за земјоделство се платени за сите општини во 2016 година, а штетите од 2017, 2018, 2019 и дел од 2020-та ќе бидат опфатени со измените на Законот […]

Сменет претставникот на Владата во „Еурокомпозит“, дадени насоки за продажба или реструктуирање


На последната владина седница е сменет претставникот на Владата во акционерското собрание на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“ и се дадени насоки дека ќе треба да се почнат постапки за  процес на реструктуирање, односно подготовка за евентуална продажба или репрограмирање и реструктуирање, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На новинарско прашање какво […]

Со „Стартапувај 3“ два милиони евра за поддршка на проекти, може да аплицира и тим до пет физички лица


Финансиска поддршка од два милиони евра за македонскиот старт ап еко систем се на располагање со третиот јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва стар-ап и спин-оф „Стартапувај 3“ што го објави денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и ќе биде отворен до 12 јуни годинава. – Поддршката е наменета за […]

ДИЖС: По испуштањето обоени отпадни води, извршен надзор над „Пејпар Мил“


По рестартирањето на „Пејпар Мил“, обоени отпадни води се испуштаат во отворен канал што потоа се влива во Оризарска Река. А водата од реката, заедно со водите од хидроакумулациите Калиманци и Градче, се користи за наводнување на оризовите полиња. – Државен инспектор за животна средина завчера (26 април) излезе на терен и утврди дека отпадните […]

ЕП го изгласа трговски трговскиот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија


Со 660 гласови „за“, пет „против“ и 32 воздржани европратениците вчера го изгласаа трговскиот договор помеѓу Велика Британија и Европска Унија по Брегзит, со што е отстранета последната бариера за ратификација на Договорот. Со одлуката на ЕП завршуваат четиригодишните преговори за излегување на Велика Британија од ЕУ. Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен […]

ССМ бара Ковид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара Ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, а на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон. Според ССМ, потребна […]

Шпанија од јуни ќе прима туристи со ковид-сертификати


Шпанија планира да ги отвори границите за странски туристи во јуни според шемата за дигитални здравствени сертификати за Ковид, изјави државниот секретар за туризам. Фернандо Валдез на самитот на Светскиот совет за патувања и туризам во Мексико рече дека програмата – согласно која туристите ќе можат да покажат дека биле вакцинирани, дека имаат негативен тест […]

Албанија со заем од ЕБОР ќе гради пловечка фотонапонска централа


Заем од 9,1 милиони евра ќе одобри Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на албанската државна електроенергетска компанија, КЕШ за изградба на пловечка фотонапонска централа. Заемот, што ќе биде комерцијално одобрен за наменски механизам воспоставен од КЕШ за целите на проектот, ќе финансира изградба на пловечка соларна фарма од 12,9 мегавати, прва пловечка фотонапонска […]

Амбалажа за вакцини против Ковид-19 ќе се произведува во Македонија


Потпретседателот на „Гересхајмер“ изјави дека компанијата има многу амбициозни планови за нејзините погони во Македонија. По првата фаза каде се вложени 30 милиони евра и околу 350 вработувања започна, треба да следи одлука за проширување на производствениот капацитет, кој според најавите треба да биде досега најголема инвестиција во Македонија. Доколку се реализира во близина на […]