ДДВ за становите треба да остане пет отсто, вели Димитриеска Кочоска


На Телевизија Сител во „Тема на ден“ гостуваше потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска. Во врска со истекувањето на повластената стапка за купување на нов дом, Димитриеска Кочоска истакна дека не е потребно дополнително оптоварување на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. – Се уште анализираме, ќе излеземе со конечна одлука, сметам дека не …

ДДВ за становите треба да остане пет отсто, вели Димитриеска Кочоска Read More »

Хрватски „Франк“ презема фабрика и два бренда кафе во БиХ


Групацијата „Франк“ го започна процесот на преземање на фабрика за преработка на кафе во Посушје и брендови на кафе од пазарот на Босна и Херцеговина (БиХ) Branck caffé и Dolce caffé, како чекор напред во понатамошното зајакнување на локалното присуство и конкурентноста на „Франк“ на пазарите во БиХ и регионалните пазари, објави компанијата во четврток. …

Хрватски „Франк“ презема фабрика и два бренда кафе во БиХ Read More »

Берзанскиот индекс СиП 500 достигна нов рекорд пред резултатите од „Нвидиа“


На Вол стрит, индексот СиП 500 (S&P 500) достигна нов рекорден максимум, а тргувањето беше претпазливо додека инвеститорите ги чекаа резултатите од најголемата компанија во светот по пазарна вредност, „Нвидиа“. Индексот Дау Џонс порасна за 0,32 проценти на 45.565 поени, додека СиП 500 порасна за 0,24 проценти на 6.481 поен, а композитниот индекс Насдак порасна …

Берзанскиот индекс СиП 500 достигна нов рекорд пред резултатите од „Нвидиа“ Read More »

Димитриеска – Кочоска: Инфлацијата не е проблем само во Македонија туку во цела Европа – нема магично стапче за решавање на тој проблем


Инфлацијата не е проблем само во Македонија, туку проблем е во цела Европа. Ова е резултат на пост-ковид пандемијата, меѓутоа не е само резултат на тоа, туку на недостигот на работна сила на секоја една земја членка од Унијата. По природен пат имаме притисок, пред сѐ, во приватниот сектор каде што просечната плата расте, ние …

Димитриеска – Кочоска: Инфлацијата не е проблем само во Македонија туку во цела Европа – нема магично стапче за решавање на тој проблем Read More »

Македонија е единствена земја која не е членка на ЕУ, a потпиша Меморандум за развој на пазарите на капитал со седум земји членки на ЕУ


  Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, а сепак потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Дневникот на ТВ Сител. „Тоа е еден од најзначајните исчекори на Министерството за финансии во последниот …

Македонија е единствена земја која не е членка на ЕУ, a потпиша Меморандум за развој на пазарите на капитал со седум земји членки на ЕУ Read More »

Божиновска им додели признанија на 13 рудари за нивните постигнувања


Тринаесет рудари од различни рудници низ земјата денеска беа одликувани со признанија за својата пожртвувана работа, во рамки на свеченоста што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја организираше по повод Денот на рударите. Меѓу нив е и Страшо Маневски од РЕК Битола – човек со речиси четири децении искуство, кој започнал како сменски …

Божиновска им додели признанија на 13 рудари за нивните постигнувања Read More »

Хрватскиот БДП се зголеми за 3,4 проценти во вториот квартал


Благодарение главно на растот на личната потрошувачка и инвестициите, хрватската економија порасна за 3,4 проценти годишно во вториот квартал, побрзо отколку во претходниот квартал. Централниот завод за статистика ја објави својата прва проценка, според која бруто домашниот производ (БДП) порасна за 3,4 проценти во реални услови во вториот квартал во споредба со истиот период минатата …

Хрватскиот БДП се зголеми за 3,4 проценти во вториот квартал Read More »

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница


По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени, потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница. И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија …

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница Read More »

При секоја реконструкција ќе мора да се применуваат енергетски најефикасни решенија: законските измени го поминаа првиот собраниски филтер


Долгорочна стратегија до 2050 година за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради (објекти) кои би требало да достигнат ниво од речиси нула потрошувачка на енергија и обврска – секоја година да се реновираат најмалку три проценти од вкупната подна површина на јавните објекти што не ги исполнуваат минималните критериуми за енергетска ефикасност, предвидуваат измените …

При секоја реконструкција ќе мора да се применуваат енергетски најефикасни решенија: законските измени го поминаа првиот собраниски филтер Read More »

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ трошоците за живот се зголемија за 4.300 денари, а минималната плата за само 1.800 денари


Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес – конференција ја обвини Владата за неефикасна економска политика која ги осиромашува граѓаните е само во полза на крупниот капитал. Платите стагнираат, инфлацијата се зголемува, а резултатот на тоа е помал животен стандард, посочи Филипче. Пример за тоа се податоците за растот на трошоците за живот, кои …

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ трошоците за живот се зголемија за 4.300 денари, а минималната плата за само 1.800 денари Read More »

Која е Лиза Кук, прва гувернерка на ФЕД која претседателот на САД некогаш се обидел да ја отпушти?


Претседателот Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ја отпуштил гувернерката на Федералните резерви Лиза Кук – првата гувернерка на Федералните резерви која некогаш била поставена на таа позиција – наведувајќи обвинувања за измама со хипотеки. Но, пред администрацијата на Трамп да ја стави Кук во центарот на вниманието, таа веќе беше позната како пионер. Во …

Која е Лиза Кук, прва гувернерка на ФЕД која претседателот на САД некогаш се обидел да ја отпушти? Read More »

Имаат највисок данок на книги во светот – сега го укинуваат


Данска планира да го укине највисокиот данок на книги во светот во обид да ги охрабри луѓето да читаат повеќе. Данокот на книги во Данска е 25 проценти, а владата верува дека таквата политика придонесува за растечката „криза на читање“. Министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит објави дека владата ќе предложи во својот буџетски план да …

Имаат највисок данок на книги во светот – сега го укинуваат Read More »

ТАВ Македонија донира целосно опремено амбулантно возило на Општата болница во Кочани


ТАВ Македонија, операторот на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, донираше целосно опремено амбулантно возило на Јавната здравствена установа Општа болница – Кочани, подобрувајќи го итниот медицински одговор и итна медицинска помош како за граѓаните на општина Кочани, така и за граѓаните на источниот регион на земјата. Донацијата на ова амбулантно возило …

ТАВ Македонија донира целосно опремено амбулантно возило на Општата болница во Кочани Read More »

Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата, се надеваме на решение преку дијалог


Борбата за зголемување на минималната плата, не е борба против Владата или за затоврање на компаниите, туку е борба за егзистенција за работниците, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов. Според Трендафилов, загрижува тоа што нема договор за зголемување на минималната плата, а не смее ниту да има до завршување на локалните …

Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата, се надеваме на решение преку дијалог Read More »

Германија и Белгија против запленување на средствата на руската централна банка во ЕУ


На Германија и Белгија не им се допаѓа идејата за запленување на средствата на руската централна банка кои моментално се замрзнати во рамките на Европската Унија. Канцеларот Фридрих Мерц и белгискиот премиер Барт де Вевер се согласија за ова прашање за време на состанокот во Берлин. „Од правна гледна точка, не е толку едноставно“, рече …

Германија и Белгија против запленување на средствата на руската централна банка во ЕУ Read More »

Шведска ја планира првата нова нуклеарна централа по 50 години


За прв пат по 50 години, Шведска планира да го прошири својот нуклеарен капацитет. Електраната Рингхалс на југозападот од земјата ќе добие три до пет таканаречени мали модуларни нуклеарни реактори со вкупен капацитет од околу 1.500 мегавати, објави владата. Ова е еквивалентно на приближно два конвенционални реактори. „За прв пат по 50 години, во Шведска …

Шведска ја планира првата нова нуклеарна централа по 50 години Read More »

Влада: Се ефектуира Договорот за грант од 3,7 милиони евра од ЕИБ за железничкиот Коридор 8 кон Бугарија


Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија, информираат попладнево од владината прес-служба. – По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, …

Влада: Се ефектуира Договорот за грант од 3,7 милиони евра од ЕИБ за железничкиот Коридор 8 кон Бугарија Read More »

Инвестициите во обновливи извори на енергија во САД се намалија за 36 отсто поради политиката на Трамп


Инвестициите во проекти за обновлива енергија во Соединетите Американски Држави се намалија за 36 проценти во првата половина од 2025 година, како резултат на промените во политиката на Белата куќа што ги зголемија ризиците и ја намалија довербата на инвеститорите, според извештајот на Блумберг објавен денес. Според податоците, инвестициите се намалени за 20,5 милијарди долари …

Инвестициите во обновливи извори на енергија во САД се намалија за 36 отсто поради политиката на Трамп Read More »

УЈП: Илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги


Управата за јавни приходи соопшти дека континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство. Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат …

УЈП: Илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги Read More »

ЕК ги отфрли заканите на Трамп во врска со регулирањето на технолошките компании


Суверено право на ЕУ и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на нивна територија, одговори  Европската комисија на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување тарифи за сите земји што ги регулирале активностите на американските технолошки компании. Суверено право на Европската унија и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на …

ЕК ги отфрли заканите на Трамп во врска со регулирањето на технолошките компании Read More »