Српските медиуми ја пренесуваат веста за укинување на патарината за нивните државјани


Ретко кој медиум во Србија од утрово ја нема пренесено веста за денешното укинување на патарината за српските граѓани кои патуваат низ Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. „Од денеска за Србија бесплатно“, пишува Блиц, „Убава вест за граѓаните на Србија-Северна Македонија ја укина патарината“, соопштија Вечерње новости, „Во знак на благодарност за […]

Ќе има еколошка такса за нафтените деривати и намалување на ДДВ-то за струјата


Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Одлуките, како што изјави, допрва следуваат и се дел од програмата на Владата за екологија. Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 […]

Објавени проектите вредни 50 милиони евра што ќе ги финансира ТАВ


  Премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми Сани Шенер ги објавија првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ програмата. Проектите ќе бидат финансирани со 50-те милиони евра на ТАВ Македонија во договорот за пренамена на средствата што требаше да се потрошат за карго аеродромот во […]

(Во живо) Премиерот Заев по повод доделување на првите договори од ТАВ програмата


 Премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, ќе се обратат на настан по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.

ФИТР за прв пат инвестира во четири компании за развој на дигитализација на земјоделството


Вкупно четири компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Минстерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Проектот: „FIELLDTEQ – […]

Владата најавува еколошки даноци во Ребалансот на буџетот – ќе придонеле за помало загадување


Владата најави воведување нови еколошки даноци чија цел е да се намали загадувањето. Оваа новина е дел од предложениот Ребаланс на буџетот за 2021 година кој е доставен до пратениците во Собранието и од вчера е достапен и на интернет страницата на парламентот. За новата давачка се зборува во образложението на Ребалансот на буџетот, каде […]

Богатите Британци стравуваат поради најавеното зголемување на даноците


Богатите претприемачи во Белика Британија стравуваат од претстојното зголемување на даноците во државата – највисоко за изминатите 60 години. Тоа се податоци на анализа на швајцарската банка Laobard Odier. Повеќе од две третини од вкупно 250 од нив стравуваат од најавите за зголемени даноци на богатство. Над 50 отсто од анкетираните сметаат дека е потенцијален […]

Директорката на СТО бара да се укинат трговските бариери воведени во пандемијата


Директоротката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала, денеска изјави дека се во пораст трговските бариери поставени поради Ковид-19 и побара од државите да ги укинат. – Неопходно е да се отстранат овие ограничувачки мерки за да можат медицинските материјали, стоки и вакцините да се движат побрзо, рече Окоњо-Ивеала. – Трендот оди во погрешна насока, […]

Размената со Романија е во пораст, голем потенцијал за продлабочување на економската соработка


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт имаше работна средба со романскиот министер за економија, претприемништво и туризам, Клаудиу Насуј. Средбата се одржа во рамки на настанот „Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија“ како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“ во […]

Преку спортска дипломатија се промовираа македонските производи во Романија


 Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, задно со министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на Република Северна Македонија во Романија,Габриел Атанасов и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извоз, Дејан Павлески, во Букурешт ја отворија еднонеделната презентација „Недела на македонски производи“.   Владата на Македонија со идејна поддршка на советничката за […]

Во април земјава ја посетиле 9.103 странски туристи, најбројни од Турција и Србија


Над 9..000 странски туристи ја посетиле земјава во април годинава, а од почетокот на годинава 42.586. Објавените податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека од странските туристи во април, чиј број е 9.103, најголем дел биле од Турција и Србија, а најпосетена дестинација била Скопје. Вкупниот број на туристи и домашни и странски во […]

За да биде поконкурентен на градежниот сектор му се потребни напредни технологии и сертифицирани работници


На градежниот сектор му се потребни напредни технологии за градење и вештини за енергетска ефикасност за тој да биде конкурентен на европскиот пазар. Голем дел од работниците во овој сектор не се доволно обучени и сертифицирани што ги прави неконкурентни на пазарот на труд. За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија во партнерство со […]

Поскапуваат бензините


За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, […]

„Мини Шенген“ предвидува слободно движење на работната сила, што ќе значи за вработените, а што за фирмите


Договорот меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, предвидува и непречен проток на работната сила во рамки на таканаречениот „Мини Шенген“. Ограничувањата би можеле да се укинат до крајот на годинава. Спогогодбата меѓу државните органи на Србија, Северна Македонија и Албанија, за непречен легален проток на работната сила во овие три дрржави, според сознанијата на Стопанската […]

ЕЦБ продолжува да купува обврзници до одржливо закрепнување на економијата


Економијата на еврозоната е на пресвртна точка, а нејзиното цврсто и одржливо закрепнување е неопходен предуслов Европската централна банка да размисли за повлекување на програмата за итна поддршка, рече претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во интервју за „Политикоин“. ЕЦБ минатата недела одлучи да го задржи зголеменото купување обврзници за да ги одржи […]

„Недела на македонски производи“ во Букурешт


Министрите за земјоделство и за економија, Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, денеска во Букурешт ќе ја отворат еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“. Настанот во Букурешт, како што најавија од МЗШВ, ќе се одржи во зградата на Стопанската комора на Романија. Пред […]

Деспотовски: Во мај зголемен број на работни места во ТИРЗ


 Во компаниите активни во ТИРЗ во мај е регистриран зголемен број на работни места од над 4,15 проценти во однос на истиот месец од 2020 година. Се очекува ваквиот тренд да продолжи  во наредните месеци поради тоа што во дел од компаниите веќе се спроведуваат процедури за отворање нови работни места, информира директорот на ТИРЗ, Јован […]

Шахпаска: Ги штитиме правата на работниците, тие се највредниот капитал што го имаме


Законското решение што го усвои Владата, а предвидува недела да биде неработен ден односно ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Со ова решение ние ги штитиме правата и на тие работници што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со […]

Заев: Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели за пазарите во ЕУ станува реалност


Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност. Упатувам честитки за првата македонска компанија – НЈСК Холдинг, која вложува во најсовремени стандарди за ваков вид фармацевтско производство и која доби лиценца за извоз на европските пазари, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук. […]

САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот


Со признанија за сегашни и поранешни вработени, како и за партнерите на локално и национално ниво кои дадоа значаен придонес за успехот на компанијата во изминатиот период, САСА денеска ја одбележа 15-годишнината од рестартирањето на рудникот. На 12 јуни 2006 година САСА повторно го обнови производството на олово-цинкова руда, откако претходно во 2003 година беше […]