Денови на медот во „Рамстор мол“


Под мотото „Здравје во тегла мед“, од денеска до 6 декември во „Рамстор мол“ во Скопје ќе се одржува манифестацијата Денови на медот. Ќе учествуваат пчелари од повеќе региони низ земјава, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат ливадски, шумски или планински мед, како и други пчелни производи кои ќе бидат изложени …

Денови на медот во „Рамстор мол“ Read More »

Новите авиони Боинг 737 Макс, добија сертификат


Авионите Боинг 737 Макс, произведени по март 2019 година, добија сертификат за летање од американската Федерална агенција за контрола на летање (ФАА). Агенцијата на 18 ноември ја укина забраната за летови воведена за тие авиони лани, по двете трагични несреќи во период од пет месеци во кои загинаа 346 лица. Потоа властите побараа од Боинг …

Новите авиони Боинг 737 Макс, добија сертификат Read More »

САД во декември ќе испорачаат педесетина милиони барели нафта за Азија


Флота од околу 20 танкери со американска нафта биле закупени само во декември да превезат педесетина милиони тони нафта од Мексикански залив во Кина, Јужна Кореја, Сингапур и други азиски земји, јави Блумберг. Пловилата биле закупени од Vitol Group, Litasco SA, Unipec и други нафтени компании. Станува збор за супертанкери од кои секој може да …

САД во декември ќе испорачаат педесетина милиони барели нафта за Азија Read More »

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО


Владата денеска на седница донесе одлука за едностран прекин на договорот за државна помош со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.   – Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување на државна помош, и на Анексот на Договорот за …

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО Read More »

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој


Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава. Ваква порака испратија …

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој Read More »

Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството


Министерството за финансии на својот фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на …

Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството Read More »

Заев на Самитот 2025: Решени сме да не штедиме


Премиерот Заев на денешната панел сесија на отворањето на Самитот на „Македонија 2025“ подвлече дека Владата, како и останатите земји во светот, е насочена кон екологијата, енергетиката, заштедата на енергијата, дигитализацијата и по надминувањето на КОВИД кризата е подготвена за брз рестарт и унапредување на реформите кои се однесуваат на администрацијата, кои, како што нагласи …

Заев на Самитот 2025: Решени сме да не штедиме Read More »

Најголем број слободни работни места во услужните дејности и продажба


Во третото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем број слободни работни места, односно 3.227 има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба. Највисока стапка на слободни работни места од 4.69 % има секторот Објекти за сместување …

Најголем број слободни работни места во услужните дејности и продажба Read More »

ОЕЦД: Економскиот раст ќе се врати благодарение на вакцините


Економските перспективи на глобално ниво на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) се со претпазлив оптимизам. По огромниот шок во 2020 година ОЕЦД предвидува следната година закрепнување на БДП од четири отсто, истовремено истакнувајќи ги ризиците и големата неизвесност, јави дописникот на МИА. Лоранс Бон, главен економист вели дека е „среќна“ што претстави пооптимистичка …

ОЕЦД: Економскиот раст ќе се врати благодарение на вакцините Read More »

УЈП: Од денес до 10 декември поднесување барања за финансиска поддршка за плати за месец ноември


Денеска работодавачите и вршителите на самостојна дејност почнаа да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за месец ноември 2020 година, соопштија од Управата за јавни приходи. Барањата може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи, ја потврдува комплетноста на барањето во рок од …

УЈП: Од денес до 10 декември поднесување барања за финансиска поддршка за плати за месец ноември Read More »

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат


Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се прогласи како неработен ден, потребно е да се направи само дополнување на законското решение во кое ќе се прецизира дека недела е ден за одмор, а оние коиќе работат треба да земаат за 50 отсто повисока дневница. Се …

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат Read More »

Косовската дијаспора годинава испратила во земјата 800 милиони евра


Косовските иселеници во првите десет месеци од годинава им испратиле на своите сонародници во Косово околу 800 милиони евра, што претставува околу 11 отсто повеќе од средствата испратени во истиот период минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на Централната банка на Косово, Куштрим Ахмети изјави за агенцијата КосоваПресс дека во периодот јануари-октомври …

Косовската дијаспора годинава испратила во земјата 800 милиони евра Read More »

Македонија ќе стане регионален старт ап центар, најавуваат Битиќи и Петров


Потенцијалот за развој на старт ап компаниите во земјата е огромен, а во наредните години фокусот ќе биде Северна Македонија да стане регионален старт ап центар, каде секое младо лице со идеја ќе може да ги оствари своите бизнис идеи. Ова било констатирано на работниот состанок меѓу вицепремиерот Фатмир Битиќи и в.д. директорот на Фондот …

Македонија ќе стане регионален старт ап центар, најавуваат Битиќи и Петров Read More »

Буџетот на Министерството за транспорт за 2021 ќе тежи 5.306 милијарди денари, фокус на капиталните проекти


Навремена реализација на капиталните инвестиции и обезбедување на потребите на голем број граѓани ќе овозможи Буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски, вели ресорниот министер Благој Бочварски. Најголем дел од проектираните средства или 83 проценти со, како што оценува развојниот буџет, се расходи наменети за капитални проекти. Конкретно буџетот на Министерството е …

Буџетот на Министерството за транспорт за 2021 ќе тежи 5.306 милијарди денари, фокус на капиталните проекти Read More »

НЛБ банка добитник на наградата за висока даночна култура во 2020 година


На одбележувањето на 29ти Ноември – Денот на даночните работници, НЛБ Банка се здоби со признание за висок степен на даночна култура во 2020 година од страна на Управата за јавни приходи. Целта на овој настан е да им се одаде признание на компаниите кои редовно и уредно ги сервисираат своите даночни обврски, што е …

НЛБ банка добитник на наградата за висока даночна култура во 2020 година Read More »

Владата ќе разгледува закони од финансиската и економската сфера


Измените и дополнувањата на законите за вршење сметководствени работи, за едношалтерски систем и за Македонската банка за поддршка на развојот, се само некои од точките што ќе ги разгледа Владата на денешната редовна 25 седница. Како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе се утврдува и Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, …

Владата ќе разгледува закони од финансиската и економската сфера Read More »

Маск побогат за 100 милијарди долари оваа година


Финансиските извештаи од целиот свет пред неколку години укажуваа на зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните и на последиците за општеството од тоа. Додека целиот свет е насочен кон човечките жртви на пандемијата на Ковид-19 и процесот на развој на вакцините, економските стучњаци ширум светот изразуваат голема загриженост за, засега непредвидливите економски последици предизвикани …

Маск побогат за 100 милијарди долари оваа година Read More »

Деветти Самит на „Македонија 2025“


Во Скопје денеска во дигитална форма почнува деветтото издание на Самитот Македонија 2025. Во фокусот на самитот се економските реформи и заздравувањето на економиите, а  се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати,  извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери. Денеска е најавено учество на премиерот Зоран Заев. …

Деветти Самит на „Македонија 2025“ Read More »

Во Германија ќе се воведуваат даночни олеснувања за лицата кои работат од дома


Владата на канцеларката Ангела Меркел најави дека во понеделник планира да предложи даночно олеснување за луѓето кои работат од дома за време на пандемијата, за да им се надоместат повисоките трошоци за сметки за греење, електрична енергија и другите сметки, пренесоа француските медиуми. Коалицијата на Меркел соопшти дека се согласува со предлогот што на вработените …

Во Германија ќе се воведуваат даночни олеснувања за лицата кои работат од дома Read More »

Приватниот партнер ќе вложи 350 милиони евра за гасификацијата, вели Бочварски


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ Куманово, преку Штип до Неготино, Прилеп и Битола, веќе е реализиран со над 90 проценти, а кракот магистралата од Скопје преку Тетово и Гостивар веќе има реализација над 65 проценти. Паралелно, нагласи тој, …

Приватниот партнер ќе вложи 350 милиони евра за гасификацијата, вели Бочварски Read More »