Мустафа: Можно е да ги прифатиме гласовите на пратениците Срби за уривање на Харадинај


Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, по денешната седница на партиското Претседателство, изјави дека ЛДК не ја исклучува можноста од прифање на гласовите на пратениците на Српската листа (СЛ) за уривање на Владата на Рамуш Харадинај. Мустафа им изјави на новинарите дека Владата која ја водеше ЛДК минатата година беше сменета на […]

Тачи: Од Путин добив поддршка за дијалогот со Србија


Претседателот на Косово Хашим Тачи објави денеска дека се сретнал со неговиот руски колега Владимир Путин, кој му изразил поддршка во напорите за постигнување конечен договор со Србија. Средбата се држала во Париз, каде што Тачи и Путин беа меѓу бројните светски лидери кои присуствуваа на церемонијата за одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата […]

(ФОТО) Трамвај излета од шини во Белград, има мртви и повредени


Во близина на црквата „Свети Марко“ во Белград се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а повеќе се повредени. Како што објави српски „Блиц“, трамвајот удрил во автомобил, излетал од шини и се забил во зграда. Автомобилот по судирот удрил во пешак кој починал на самото место. Според неофицијални информации, […]

(ВИДЕО) Лоша монтажа: Во пренос на говорот на Макрон, РТС го „замрзна“ Вучиќ


Во преносот во живо на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, јавниот сервис на Србија (РТС) уфрли „продолжен кадар“ на претседателот Србија, Александар Вучиќ, кој внимателно слуша што зборува францускиот претседател. Како што пренесуваат медиумите, Вучиќ во кадар веројатно се појавил една или две секунди, а уредниците […]

Илјадници Бугари блокираа патишта поради цени на горива и даноци


Илјадници Бугари денеска блокираа важни сообраќајници и патишта во земјата во знак на протест поради зголемувањето на цените на горивата, данокот на постари автомобили и очекуваното поскапување на премиите за осигурување на автомобилите. Повеќе од 2.000 луѓе со национални знамиња маршираа низ центарот на Софија и извикуваа „мафија“ и „ѓубриња“, незадоволни од зголемувањето на животните […]

Авион на „Рајанер“ наместо во Бања Лука по грешка слетал во Задар?


Патниците на авионот на „Рајанер“, кои полетале од Меминген, Германија, за Бања Лука, биле непријатно изненадени кога слетале во Задар. Според локалните медиуми, службениците на аеродромот во Бања Лука петнаесетина минути не знаеле каде е авионот на „Рајанер“. На еден човек, кој ги чекал своите пријатели, му било речено дека авионот бил пренасочен за Задар […]

Марш за обединување на Прешевската Долина со Косово


Косовското здружение „Чамериа“ организира денеска во Приштина „Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово“, односно за поддршка на намерата на косовскиот претседател Хашим Тачи ова прашање да го постави на маса на преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Маршот е закажан за во 11 часот а ќе се […]

ЕУ: Белград и Приштина остануваат во контакт


Официјален Брисел денеска тврди дека Белград и Приштина остануваат во контакт и покрај острите пораки на српскиот претседател Александар Вучиќ по вчерашната рунда преговори дека дијалогот нема да продолжи се додека Косово не ги повлече „противправните мерки“. – Дискутираа за потребните чекори и одлучија да останат во постојан контакт за да го проценат исходот од […]

Дијалогот Белград-Приштина без напредок, Вучиќ бара „повлекување на противправните одлуки“


 Новата рунда преговори помеѓу Белград и Приштина за нормализација на односите на двете земји не донесе напредок. Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека не може да се продолжи додека Косово не ги повлече воведените царини врз увозот на српски производи на Косово и другите „противправни одлуки“. Иако Европската Унија ги повикуваше двете страни да овозможат […]

Албанските лекари заминуваат, ги заменуваат странци, меѓу нив и од Македонија


Од 240 лекари кои дипломирале годинава, повеќе од 100 сакаат да ја напуштат земјата, тврди претседателот на Здружението на албански лекари,Фатмир Брахимај. -Побараа потврди за нивно добро однесување, што е еден од документите што го бараат кога заминуваат во странство да се вработат или да специјализираат. Не знам како може да најдеме златен клуч да […]

Хрватска е против промена на границата меѓу Косово и Србија


Хрватска не ја поддржува идејата за корекција на границата меѓу Косово и Србија, затоа што не верува дека тоа ќе придонесе за стабилноста на регионот, изјави хрватската амбасадорка во Приштина Марија Капитановиќ во интервју за весникот „Зери“. Тоа може само да отвори нови прашања и нема да доведе до решение на постојните, вели таа. На […]

Дојче веле: Секој може да купи европско државјанство


Во Бугарија неодамна е откриена измамничка мрежа која за пари фалсификувала сертификати за бугарско потекло и на тој начин преку Бугарија се добивало државјанство од ЕУ, кое, како што пишува Дојче веле, може да се купи и илегално. Државјанствата на ЕУ или неограничените европски дозволи за престој спаѓаат во оние кои најтешко се добиваат во […]

Тачи: Попрво би седнал да разгоаварам со еден ѓавол одошто со Вучиќ


Претседателот на Косово Хашим Тачи  потврди дека утре во Брисел ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Косово и Србија и рече дека очекува тешка средба со неговиот српски колега Александар Вучиќ. Тачи во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес рече дека повеќе би сакал да седне на преговарачка маса „со некој ѓавол, одошто со Вучиќ“. […]

Албанската полиција уапси Италијанец и Србинка барани со меѓународна потерница


Албанската полиција, во два одделни случаja, уапси двајца странски државјани барани со меѓународна потерница. На меѓународниот аеродром во Тирана уапсен е италијанскиот државјанин Александро Џорџи (41) баран со меѓународна потерница распишана од Интерпол-Франција. Италијанецот се бара за кривично дело „измама“ а бил запрен на аеродромот по слетувањето на авионот кој летал на релација Рим-Тирана. Во […]

Состанок на Вучиќ и Тачи утре во Брисел


Состанок на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина ќе биде одржан утре, 8 ноември во Брисел, со посредство на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ. Могерини ќе биде домаќин на состанокот меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи. -Се очекува дека Вучиќ и Тачи […]

Весели: Неукинувањето на визите за Косово претставува расизам


Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели го нарече „расизам“ кон граѓаните на Косово, одбивањето на визната либерализација од страна на некои членки на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели на прес-конференција по седницата на Претседателството на Собранието изјави дека косовските граѓани се неправедно оставени во изолација и очекува од Австрија, како претседавач […]

Вандал урнал споменик на Раде Кончар, па завршил во болница


Маж во Сплит, Хрватска, чие име не е објавено, во текот на ноќта го урнал споменикот на партизанскиот херој Раде Кончар. Инцидентот се случил околу 4:35 часот, кога вандал го извадил споменикот од лежиште на херој од НОВ, Раде Кончар, во паркот Бачвице, потврди полицијата во Сплит. При уривањето, бистата му паднала на нога на […]

Приштина зголемува за 10 отсто данок на стоки од Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека неговата Влада на денешната седница донела одлука да воведе дополнителни 10 отсто на таксите за производите кои се увезуваат од Србија и порача дека од денеска па натаму во Косово ќе се донесуваат одлуки во врска со однесувањето на Србија без за нив да се расправа во Брисел. – […]

Мицотакис: Уставните амандмани се уште полоши од самиот Договор од Преспа


Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, говорот пред неговата пратеничка група на денешниот состанок, го почна со прашањето за името и Договорот од Преспа, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада. Мицотакис рече дека уставните измени кај нас се уште полоши од самиот договор, но и повтори дека неговата партија нема да […]

По една година Мета го потпиша указот прв разузнавач да биде Хелидон Бендо


Албанскиот претседател Илир Мета, конечно го потпиша указот со кој Хелидон Бендо стана директор на  албанската тајна служба – ШИШ. Својот параф на указот, Мета го стави по една година откако во неговиот кабинет во октомври лани, пристигна предлогот на премиерот Еди Рама  прв разузнавач да биде Бендо, на местото на Вишо Ајази Лика кој […]