Албанскиот извоз во Косово зголемен за 44,5 отсто


По одлуката на косовската Влада за зголемување на таксите за увоз на стоки од Србија и Босна и Херецговина за 100 проценти, албанскиот извоз на Косово бележи постојан раст, па така, во декември минатата година тој се зголемил за 44,5 отсто.

Според албанскиот државен Институт за статистика, најголем раст е забележан во подгрупите житни култури, прехрамбени производи и градежни материјали.

– Воведената такса од 100 проценти за српските прозводи од страна на косовската Влада, имаше позитивен ефект за албаскиот бизнис. Во ноември е забележан раст на извозот (кон Косово) од 40 отсто, додека во декември од 44,5 отсто. Но, и покрај тоа, претприемачите искажуваат загриженост во врска со многуте царински давачки што ги плаќаат, изјави првиот човек на Центарот за албански извоз, Албан Зуси.

Тој додава дека и покрај иницијативите на владите на Албанија и Косово, царнските давачки се уште остануваат пречка, која треба што побрзо да се отстрани.

– Протек на стока од илјада евра, што може да се смета за мала или просечна трговија, бара такси за услуги во износ од околу 250 евра за секоја пратка. Ако тука се стави и времето за услуги што трае неколку часа на царинската испостава, тогаш не може да зборуваме за развој на трговијата, смета Зуси.

Според него, од средината на ноември, кога Косово ги зголеми таксите кон Србија и БиХ за 100 отсто, според анализата на податоците, највисок раст е забележан кај подгрупата градежни материјали и минерали.

Овој раст се смета дека е од реекспортот, кога албанскте компании на нафтени дервати увезуваат од други земји и ги продаваат во Косово, но и од нафтата што се произведува во рафинериите во Албанија. Значителен раст е забележан и во извозот на челик.