(ВИДЕО) Голем пожар во складиште за градежни материјали во Загреб


Голем пожар избувна синоќа во складиште за градежни материјали во западниот дел на Загреб.

Хрватската полиција соопшти дека при инцидентот нема жртви, посочувајќи дека на 23 пожарникари со седум противпожарни возила им биле потребни неколку часа за да го изгаснат пожарот.

Според првичните податоци на истрагата, при пожарот се уништени околу 600 квадратни метри површина во складиштето.

Причините за пожарот засега не се познати.