Ципрас преку Твитер ги повика граѓаните да излезат на гласање


Грција- И последниот глас може да биде одлучувачки. Одлучуваме за нашиот живот, напиша рано утрово грчкиот премиер Алексис Ципрас на неговиот официјаен Твитер профил, кусо откако беа отворени гласачките места во Грција. Лидерот на СИРИЗА, ги повика граѓаните, денеска, масовно, да излезат на гласање. -Денес битката ја водиме од првата до последната минута. Со оптимизам […]

Предвремени парламентарни избори во Грција


Грција- Од седум часот утрово по локално време отворени се гласачките места низ цела Грција на кои речиси 10 милиони Грци гласаат на предвремените парламентарни избори. Гласачките ќе бидат отворени 19 часот по локално време, а традиционално веднаш по затворањето медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н […]

Црна Гора: Обвинителството проверува дали српска служба прислушкувала советник на Ѓукановиќ


Обвинителството во Подгорица проверува дали српска служба го снимала советникот на претседателот Мило Ѓукановиќ, Милан Роќен, објави „Побједа“ откако беше најавено вчера дека е формиран предмет по повод аудио снимките што беа објавени на порталот IN4S минатата недела. Обвинителството во Подгорица ги испитува снимките објавени од порталот во врска со интервјуата на Милан Роќен, кои, […]

Дачиќ до Борисов: Не држи му лекции на Борел


Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, му порача на бугарскиот премиер Бојко Борисов да го почитува ставот на ЕУ за независноста на Косово и да не му „држи лекции” на новоизбраниот шеф на европската дипломатија, Жозеп Борел. Реагирајќи на изјавата на Борисов дека шпанскиот дипломат треба да ги застапува интересите на ЕУ за независноста […]

Грк почина на „Егзит“, се сомневаат на наркотици


Државјанин на Грција почина синоќа откако му се слошило на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Србија, пренесоа белградските медиуми. Според соопштението на организаторите на фестивалот, обезбедувањето забележало дека на еден посетител му се слошило на Горниот град на Петроварадинската тврдина, по што му е пружена медицинска помош. Организаторите наведоа дека се сомневаат оти смртта настапила […]

Централен митинг на Сириза во Атина


Последниот ден од предизборната кампања, само неколку часа пред молкот, грчкиот премиер и претседател на Сириза, Алексис Ципрас, исто како и во пресрет на европските избори одржа митинг во центарот на Атина. Лидерот на владејачката партија на неколку пати во неговите интервјуа за грчките медиуми порача дека „во натпреварот е можен пресврт“, односно дека СИРИЗА […]

Брегу побара од Западен Балкан „Шенген“ механизам за слобода на движењето


Механизам сличен на Шенген од државите на Западен Балкан побара генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, укажувајќи дека недоволно се експлоатираат можностите за регионалната соработка. -Граѓаните на Западен Балкан треба слободно да се движат со лична карта, а регионот треба да ги отстрани структурните пречки за трговија и инвестиции. Време е во […]

Во Хрватска и БиХ уапсени повеќе луѓе, запленети 500 килограми дрога


Во Хрватска и БиХ во тек е голема полициска акција за разбивање криминална организација. Припадници на МВР на Хрватска пронашле и заплениле околу 200 килограми дрога сканк, а на подрачјето на Босна и Херцеговина припадници на СИПА пронашле околу 300 килограми наркотички средства. Во акциите се упасени повеќе лице, а некои од нив од претходно […]

Внуците да плаќаат дополнителна пензија за возрасните, или в затвор


Владејачката партија во Романија планира да ги принуди возрасните потомци да им плаќаат „пензии за поддршка“ на своите родители, како и на бабите и дедовците, во спротивно ќе се соочат со затворска казна. Со предлог законот, кој го поднесоа повеќе од 70 пратеници на ПСД во романскиот Парламент, се бара од возрасните деца да обезбедат […]

Во Турција најмалку тројца загинати при наводен терористички напад


Три лица загинаа при експлозија на автомобил во градот Рејханли, во турската провинција Хатај, што се наоѓа на границата со Сирија. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека според прелиминарните податоци инцидентот би можел да биде терористички акт. – Очигледно е дека во автомобилот имало бомба. Првичните информаци од местото на инцидентот укажуваат дека тоа […]

Албанија: Закани со смрт до претседателот на ЦИК, го обезбедува Националната гарда


Припадници на Националната гарда на Албанија од денеска се грижат за безбедноста на претседателот на Централна изборна комисија, ЦИК, Климент Згури и членовите на неговото семејство, јави тиранската телевизија Ора њуз. Ваквата одлука е донесена по смртните закани што беа упатени по неговиот и животот на членовите на неговото семејство, во врска со локалните избори […]

Во Грција заплениети 33 милиони „џихадистички таблети“


Грчките власти денеска соопштија дека на 27 јуни заплениле 33 милиони таблети „Кептагон“ на брод во Пиреја. Вкупната тежина на откриениот „Кептагон“изнесува околу 5,25 тони. На надлежните им било потребно речиси една недела да ги пребројат сите таблети, чија вредност се проценува на половина милијарда долари. Таблетите „Кептагон“ бил откриени на сириски брод, чија крајна […]

Харадинај негира дека им е забранет влез на српски функционери во Косово


Кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска демантира дека Владата на Косово донела одлука да им го забрани влезот во земјата на официјалните претставници на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата следува еден ден откако шефот на кабинетот на министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, Јетлир Зиберај објави дека Приштина им […]

Борисов: Европерспективата на Западен Балкан нема алтернатива


Европската перспектива на Западен Балкан нема алтернатива. Тоа е гаранција за безбедностa, стабилностa, економскиот и социјалниот развој на регионот, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Самитот на земјите од регионот што се одржува во полскиот град Познањ во рамки на Берлинскиот процес. Борисов нагласи дека проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западен […]

Рускиот ракетен систем С-400 во понеделник пристигнува во Турција


Со два товарни авиони во понеделник во Турција ќе бидат пренесени првите делови од противвоздушниот ракетен систем С-400, што оваа земја ги купи од руската армија, јави турскиот весник „Хабертурк“. Со авионите во Турција ќе пристигне и руска техничка екипа, која ќе помогне во инсталирањето на противракетниот систем. Анкара повеќе пати соопштуваше дека не планира […]

Во Белград комарци заразени со вирусот Западен Нил


Покрај седум градови низ Србија, и во Белград се регистрирани комарци заразени со вирусот Западен Нил, кој во 2018 година зеде повеќе од 20 животи во таа држава. Сепак, оваа година нема болни луѓе од таа треска, па затоа нема причина за загриженост, вели Иван Алексиќ од Институтот за биоциди и медицинска екологија. – Вирусот […]

Активен шумскиот пожар на грчкиот остров Евија, превентивно евакуирани пет села


Цела ноќ противпожарната служба на Грција се бореше со огнените јазици во централниот дел на грчкиот остров Евија, откако кусо по полноќ се појавија две нови жаришта и превентивно беа евакуирани жители на пет села, а пет лица со проблеми со дишењето биле пренесени во болница, јави дописничката на МИА од Атина. Големиот шумски пожар […]

Дачиќ: Забраната за влез во српските официјални лица во Косово е шлаканица и на ЕУ


Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека одлуката на Приштина за забрана на влез на сите српски официјални претставници на територијата на Косово е без преседан и уште една шлаканица и на Европската унија и на меѓународната заедница. -Ова што го направија властите во Приштина е потег без преседан и уште една шлаканица, […]

Харадинај и натаму инсистира: Таксите ќе бидат повлечени кога Србија ќе го признае Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека нема враќање назад во односите со Белград, дека нема укинување на таксите, поделби или спојувања, туку само, како што кажа, меѓусебно признавање, што ќе донесе слобода за народот и слободна тровија. Во опширно интервју за косовскиот портал „Кос сев“, Харадинај кажа дека тие го бранат националниот интерес и […]

Михајловиќ: Во проектот на брзата пруга Белград-Будимпешта сакаме да ги вклучиме и Северна Македонија и Грција


Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ најави дека на утрешниот трилатерален состанок на Србија, Унгарија и Кина ќе се разговара за изградбата на брзата пруга Белград – Будимпешта и дека при тоа ќе се разгледа можноста за вклучување и на Северна Македонија и Грција во овој проект. – Ќе разговараме со Северна […]