Црногорец дава 1.000 евра награда за тој што ќе убеди политичка партија да ги бојкотира изборите

Награда од илјада евра ќе добие тој што ќе натера барем една од политичките партии да ги бојкотира изборите, стои во оглас објавен во подгоричкиот весник Дан.

Во текстот е наведено дека огласот го објавува Василије Миличковиќ и оставен е број од неговиот мобилен телефон.

Во изјава за Побједа, тој ја потврди автентичноста на огласот.

– Точно е дека понудив 1.000 евра и тоа е мој оглас. Тоа е мојата порака до несреќниот народ кому му е ускратено уставното право да гласа за отворени листи и за своите непосредни претставници, рече Миличковиќ.

Последните години тој е политички активен, преку поддршка на опозициските протести во 2015 година, а потоа и како кандидат за претседател на државата.