Мета побара од БиХ и другите да го признаат Косово, Брнабиќ му рече да не провоцира


Длабокиот јаз кој владее меѓу албанскиот државен врв се потврди уште еднаш со учеството на шефот на државата Илир Мета на Самитот на Процесот за соработка во Југоситочна Европа (SEECP), што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, иако претходно министерот за Европа и надворешни работи Гент Цакај  рече дека земјата во знак на солидарност […]

Вилсон: Мицотакис ќе треба да покаже дека Грција се придржува до своите обврски


Киријакос Мицотакис ќе треба да покаже дека Грција може да се придржува до своите обврски, вклучувајќи ја и поддршката за потенцијалното пристапување на Северна Македонија кон ЕУ, оценува извршниот потпретседател на Атлантскиот совет од Вашингтон, Дејмонд Вилсон во коментар за победата на Нова демократија на предвремените парламентарни избори што се одржаа изминатион викенд. -Ципрас беше […]

На Истра почина четиригодишно дете оставено во автомобил


Четиригодишно девојче, кое нејзиниот татко го оставил во затворен автомобил на висока температура во Ровињско Село на полуостровот Истра во Хрватска, почина во болница во Риека, потврди истарската полиција. Според порталот „Истра ин“, девојчето починало од последици од топлотен шок и дехидрација, поради што нејзините витални органи биле оштетени. Таткото го оставил заспаното девојче во […]

Дендиас ја презеде функцијата министер за надворешни работи на Грција


Надворешната политика не е соодветна за партиски конфронтации, ние како Влада ќе се стремиме кон најголем можен консензус, рече новиот шеф на грчката дипломатија, Никос Дендиас за време на преземањето на функцијата од неговиот претходник, Јоргос Катругалос во Министерството за надворешни работи на Грција. -Надворешната политика не е соодветна за партиски конфронтации. Би сакал да […]

Бериша: Пуч е она што владејачкото мнозинство му го прави на Мета


Поранешниот албански претседател, екс премиер и почесен претседател на опозициската Демократска партија, Сали Бериша изјави дека е пуч она што владејачкото мнозинство му го прави на претседателот Илир Мета. Коментрајќи ја иницијативата за разрешување на Мета и формирањето анкетна комисија, која треба да испитува дали тој го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните […]

Посмртните останки на 33 жртви на геноцид ќе бидат пренесени во Поточари


БиХ – Посмртните останки на 33 лица кои се убиени за време на масакрот во јули 1995 година во Сребреница, денеска од гробиштата во Високо ќе бидат пренесени во Меморијалниот центар Поточари. Останките на 33-те жртви ќе бидат закопани на заеднички погреб на 11 јули. Колоната која ќе се движи со табутите (носила на кои муслиманите […]

„Новости“: Тројца кандидати за наследник на Вучиќ на чело на СНС


Србија– Тројца кандидати во моментов влегуваат во игра како најсериозни наследници на Александар Вучиќ на чело на владеачката Српска напредна партија (СНС) – актуелната премиерка Ана Брнабиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на партијата Милош Вучевиќ, пишува денеска „Новости“. На поширокиот список за нов шеф на СНС, […]

Новата грчка Влада денес ќе положи свечена заклетва


Грција- Во претседателската палата во Атина, во 12 часот по локално време, членовите на новата грчка Влада ќе положат свечена заклетва, по што ќе следи и примопредавање на функциите во министерствата, додека, пак, првата владина седница ќе се одржи утре, јави дописничката на МИА од Атина. Во Министерството за надворешни работи на Грција, еден час […]

Рама: Мета е непријател на Уставот, Парламентот, народот, Албанија затоа треба да се разреши


На пленараната седница на албанскиот Парламент на која на дневен ред е формирање анкетна комисија која треба да испита дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот со уредбата за одлагање на локалните избори, се обрати и премиерот Еди Рама. Со многу остри тонови полни со иронија за шефот на државата, Рама, од собраниската говорница обвини […]

Кабинетот на Мицотакис има 51 член


Портпаролот на грчката влада, од Генералниот секретаријат за медиуми го соопшти составот на владата на Кирјакос Мицотакис, ги објави имињата на министрите, замениците и алтернативните министри, а шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Кабинетот на Мицотакис, има 51 член (министри, заменици министри и алтернативни министри) од кои 21 […]

Објавен составот на новата грчка влада


Портпаролот на грчката влада, од Генералниот секретаријат за медиуми го соопшти составот на владата на Кирјакос Мицотакис, ги објави имињата на министрите, замениците и алтернативните министри, а шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас. Во Министерството за надворешни работи ќе бидат Дендиас, Варвициотис Франкојанис и Диаматарис . Шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, алтернативен […]

Невреме во Словенија и Хрватска


Силно невреме, проследено со обилни врнежи и град, вчера ја погоди Словенија, а најпогодени беа областите Шатејрска и Помурска, каде што 12.000 домаќинства останаа без струја. И Хрватска ја зафати невреме проследено со поројни дождови и град, а три лица биле повредени. Во Птуј ветерот достигна брзина од преку 100 километри на час. Словенечката агенција […]

Бабачан ја напушти партијата на Ердоган, најверојатно ќе формира своја


Поранешниот заменик на турскиот премиер и еден од клучните луѓе во владејачката Партија за правда и развој на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Али Бабачан ја напушти партијата. Со тој потег ја најави својата намера да формира ривалска политичка партија. Бабачан, кој беше и министер за економија и за надворешни работи, изјави дека ја напушта партијата […]

Избегнат инцидент помеѓу полицијата на БиХ и обезбедувањето на Ердоган


На Меѓународниот аеродром во Сараево е избегнат инцидент помеѓу припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина и обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, поради одбивање да помине низ редовна процедура за аеродромска контрола. Како што пренесуваат локалните медиуми, инцидентот го потврди директорот на Граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ, кој го пофали професионализмот […]

Грабеж во банка во Загреб, повреден работник од обезбедувањето


Во Загреб денеска е ограбена филијала на Привредна банка Загреб. При грабежот имало пукање и повреден е еден работник од обезбедувањето. Двајца крадци го извршиле грабежот со закана од огнено оружје. Како што пренесуваат локалните медиуми, кон нив пукал полицаец кој бил во цивилка. Едниот од крадците е уапсен, а другиот е во бегство и […]

Албанци протестираа пред Белата куќа против Рама и Сорос


Протест против албанскиот премиер Еди Рама вчера се одржа пред Белата куќа во Вашингтон, на кој присуствувале повеќе десетици Албанци кои живеат во САД, главно од Бостон, Њу Јорк, Њу Џерси, Пенсилванија и Мичиген. Според албанските медиуми, насобраните освен против владата на Рама протестирале и против „мешањето на милијардерот Џорџ Сорос во работите на Албанија, […]

Конечни резултати од парламентарните избори во Грција


Министерството за внатрешни работи на Грција во соработка со „Сингулар лоџик“ (Singular Logic), софтверската компанија задолжена за пребројување на гласовите, ги објавија конечните резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори во Грција. Со пребројани на сите гласачки ливчиња од целата земја, Нова демократија е прва со 39, 85 отсто односно 8,32 проценти повеќе од СИРИЗА, додека […]

Ердоган: Турција нема таков луксуз оддалеку да ги набљудува настаните на Балканот


Турција нема таков луксуз оддалеку да ги набљудува настаните на Балканот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на аеродромот во Истанбул. Пред полетувањето за Босна и Херцеговина, Ердоган порача дека мирот и стабилноста на Балканот се многу значајни за неговата земја. – Мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот се многу важни за нас. Нашата […]

Заев телефонски му честиташе на Мицотакис за победата на изборите


Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со Кирјакос Мицотакис, при што му честитал на победата и заеднички изразиле надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција. Заев, како што објави на својот профил на Фејсбук, му честитал на претседателот на Нова демократија и нов премиер на Грција и му посакал просперитет и […]

Парламентот ќе заседава за Мета, опозицијата ќе протестира против Рама


Жешко попладне и вечер во најава на политички план ја очекува денеска Албанија. Законодавниот дом во 17часот ја почнува пленарната седница за формирање анкетна комисија за претседателот Илир Мета, а опозицијата во 20 часот ќе го одржи 10-от „национален протест“. Предлогот на Парламентарната законодавна комисија за формирање анкетна комисија, која треба да испита дали претседателот […]