Партиите кои ќе ги бојкотираат изборите во Србија формираат Движење


Партиите од коалицијата Сојуз за Србија (СзС), Социјал демократската странка (СДС) и здруженијата на граѓани, кои ќе ги бојкотираат следните парламентарни избори во Србија, денеска соопштија дека ќе формираат „Движење за неучество на парламентарните избори во 2020 година“.

Ова беше објавено на прес-конференција на лидерите на овие политички организации – Драган Ѓилас, Бошко Обрадовиќ, Зоран Лутовац, Борко Стефановиќ, Мирослав Алексиќ и Александар Ивановиќ, Добрица Веселиновиќ…

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ изјави дека очекува сите заедно да бидат во „фронтот за доведување во прашање за нерегуларност на изборите“ и дека активностите на „фронтот“ ќе бидат координирани од заедничко тело.

Тој исто така рече дека за учество во дијалогот меѓу властите и опозицијата со посредство на Европскиот парламент, ќе заземат став „кога ќе го добијат писмото од ЕП“, но дека првиот спикер на српскиот парламент, Маја Гојковиќ, за нив сигурно не е прифатлив медијатор.

Обрадовиќ, оцени дека сега е премногу доцна да се зборува за условите за изборите кои би се одржале во март или во април.

Потпретседателот на Народната партија (НС), Мирослав Алексиќ, на прашањето што друго треба да стори владата за да излезат на гласачките места, ги упати новинарите на барањата на стручниот тим на протестот „1 од 5 милиони“.