(ВИДЕО) Храбри хрватски пожарникари спасија куче од сигурна смрт


Хрватски пожарникари од Вуковар вчера во попладневните часови добиле необичен повик. Имено, загрижен сопственик побарал помош за спасување на неговото куче Леа, кое трчајќи по лебеди, паднало во студената вода на смрзнатата река Вуца, пишува „24 Сата“. На снимката, која синоќа ја објави сопственикот на кучето, може да се види како вуковарските пожарникари во тешки …

(ВИДЕО) Храбри хрватски пожарникари спасија куче од сигурна смрт Read More »

Вучиќ: Честитки до Скопје и Атина, Србија прва ќе го признае соседот под новото име


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Нови Сад на отварањето на манифестацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“, упати честитки до премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за ратификација на Преспанскиот договор. „Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на …

Вучиќ: Честитки до Скопје и Атина, Србија прва ќе го признае соседот под новото име Read More »

Лавина во Брезовица, загина косовски заменик-министер


Заменик-министерот за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци загина во лавина кај Брезовица. Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“. Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција


Законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа е објавен во Службен весник на Грција, откако претходно го потпиша и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Со објавувањето во Службен весник со датум 25 јануари 2019, договорот меѓу двете земји веќе и официјално е закон во Грција. Законот од Министерството за надворешни работи …

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција Read More »

Тахири: Рама, Тачи и Вучиќ се вовлечени во опасно сценарио


Поранешната главна преговарачка во дијалогот меѓу Белград и Приштина и екскосовска вицепремиерка Едита Тахири изјави дека албанскиот премиер Еди Рама и претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, се вовлечени во опасни сценарија за промена на границите. Гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, Тахири рече дека границите на Косово се …

Тахири: Рама, Тачи и Вучиќ се вовлечени во опасно сценарио Read More »

Црна Гора има 77 милионери


Во Црна Гора во декември минатата година се регистрирани вкупно 77 лица, кои на своите сметки во домашните банки имале суми поголеми од еден милион евра, објави подгоричкиот весник „Побједа“. Весникот, повикувајќи се на податоци од црногорската Централна банка, наведува дека „најбогатиот Црногорец“ на својата банкарска семтка има 50,28 милиони евра. „Побједа“ посочува дека оваа …

Црна Гора има 77 милионери Read More »

Балканот завеан во снег


Снегот кој повеќе од 24 часа паѓа на територијата на речиси целиот Балкан, предизвикува проблеми во сообраќајот и застои на повеќе патни правци. Во поголемиот дел од Србија во сила е црвен метео аларм, поради очекуваните нов снежни врнежи, пред се во јужните, централните и западните делови на земјата. Формираната снежна покривка е со дебелина …

Балканот завеан во снег Read More »

(ВИДЕО) Голем пожар во складиште за градежни материјали во Загреб


Голем пожар избувна синоќа во складиште за градежни материјали во западниот дел на Загреб. Хрватската полиција соопшти дека при инцидентот нема жртви, посочувајќи дека на 23 пожарникари со седум противпожарни возила им биле потребни неколку часа за да го изгаснат пожарот. Според првичните податоци на истрагата, при пожарот се уништени околу 600 квадратни метри површина …

(ВИДЕО) Голем пожар во складиште за градежни материјали во Загреб Read More »

По гласањето во грчкиот парламент, инциденти пред домот на пратеничка на СИРИЗА во Катерини


Група демонстранти доцна синоќа се судрија со полицијата пред домот на пратеничката на СИРИЗА, Бети Скуфа во грчкиот град Катерини, јави дописничката на МИА од Атина. До инцидентите, според локалните медиуми, дошло кога групата, за време на протестот во центарот на градот, се обидела да стигне до домот на Скуфа, но била спречена од полицијата. …

По гласањето во грчкиот парламент, инциденти пред домот на пратеничка на СИРИЗА во Катерини Read More »

Харадинај: Ако Белград никогаш не го признае Косово, тогаш никогаш нема да ја укинеме таксата


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај синоќа повтори дека и покрај притисоците од официјален Вашингтон, таксата од 100 отсто на увозот на стоки од Србија и Босна и Херцеговина ќе остане во сила, се додека Белград не го смени „агресивниот и деструктивен однос кон Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. Одговарајќи на новинарско прашање за последното …

Харадинај: Ако Белград никогаш не го признае Косово, тогаш никогаш нема да ја укинеме таксата Read More »

Мета: Реципрочно признавање и зајакнување на соживотот меѓу Албанците и Србите


Албанскиот претседател Илир Мета синоќа го повтори ставот против идејата за корекција на границите меѓу Србија и Косово преку размена на територии и се заложи за зајакнување на соживотот меѓу Србите и Албанците во двете земји. Ставот и заложбите тој ги изнесе на средбата во Тирана со екс-косовскииот вице-премиер и поранешен главен преговарач во српско-косовскиот …

Мета: Реципрочно признавање и зајакнување на соживотот меѓу Албанците и Србите Read More »

Помпео: САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција за ратификација на Договорот од Преспа


САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција да го ратификува Договорот од Преспа и нагласија дека решението на деценискиот спор ќе придонесе идната Република Северна Македонија да го завземе своето место во НАТО и ЕУ. „ САД ја поздравуваат одлуката на грчкиот парламент за ратификување на Преспанскиот договор. Лидерите на Грција демонстрираа визија, храброст и …

Помпео: САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција за ратификација на Договорот од Преспа Read More »

Тачи го поздрави изгласувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент


Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент. Тој ги пофали двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев за покажаната „визија и храброст“. – Ова е убава вест за целиот регион и силен напор кон затворање на сите отворени прашања меѓу државите на Балканот, посочи Тачи.

Рама: Честитки за моите пријатели Ципрас и Заев за историскиот договор


Ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент ја поздрави и албанскиот премиер Еди Рама. На Твитер тој им се обраќа на неговите колеги Ципрас и Заев, изразувајќи им почит и честитки за „исторскиот договорот“. -Повторно почит и честитки за Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивниот историски договор и ставањето крај на конфликтот …

Рама: Честитки за моите пријатели Ципрас и Заев за историскиот договор Read More »

Коѕијас: Денеска победи политиката на мирот


 Само неколку минути откако јасно и гласно за време на гласањето во грчкиот Парламент извика: „Секако, ДА“, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на неговиот официјален Твитер профил напиша дека денеска победи политиката на мир. -Сега е итно, заедно со пријателите од Северна Македонија да ги спроведеме мерките од позитивната агенда од Договорот од …

Коѕијас: Денеска победи политиката на мирот Read More »

Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа


Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа. – Штотуку го потпишав ратификуваниот закон на историскиот Договор од Преспа. Грција е протагонист во мирот и стабилноста на Балканот и Европа. Нова ера во нашите односи со нашите соседи, напиша Катругалос на неговиот официјален Твитер профил.

Мицотакис: Тежок и тажен ден за Грција


Денеска е тежок и тажен ден за Грција, порача лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата дадена веднаш по изгласаната ратификација, на како што наведува, „штетниот Договор од Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина. -Ратификација значи по прв пат, од грчката Влада, официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за …

Мицотакис: Тежок и тажен ден за Грција Read More »

Ципрас: Денес е историски ден, Северна Македонија ќе биде земја пријател


Северна Македонија, која се роди денес ќе биде земја пријател, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неговиот официјален Твитер профил, кусо по соопштувањето на резултатите и зеленото светло од грчкиот Парламент за Договорот од Преспа. Тој додаде дека денес е историски ден, денес „се пишува нова страница за Балканот“. -Следните генерации и во двете …

Ципрас: Денес е историски ден, Северна Македонија ќе биде земја пријател Read More »

(ВИДЕО) Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот од Преспа


Со 153 гласа „за“, 146 „против“ и еден воздржан Парламентот на Грција денес даде зелено светло и го ратификуваше Договорот од Преспа. Позитивно за решението на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција гласаа 145 пратеници од СИРИЗА (целата пратеничка група), седум независни пратеници и еден пратеник од Независни Грци. Осумте пратеници кои го поддржаа Договорот …

(ВИДЕО) Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот од Преспа Read More »

Почна гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа


По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, пред малку во грчкиот Парламент започна гласањето за ратификација на Договорот од Преспа. Со прозивање, сите 300 пратеници ќе треба да кажат дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во …

Почна гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа Read More »