Членките на ЕУ одобрија примена на нова методологија за проширување за Србија и Црна Гора


Белгија – Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји соопшти дека земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло за примена на ревидираната методологија за проширување за Србија и Црна Гора, откако двете земји ја прифатија. – Целта е процесот да се направи поверодостоен, предвидлив, подинамичен, со посилно политичко управување, напиша Вархеји на Твитер. Комитетот на постојани претставници – Корепер 2 денеска […]

НАТО изрази солидарност со Бугарија во врска со дестабилизирачките активности на Русија


Нашите сојузници од НАТО изразија солидарност со Бугарија во врска со дестабилизирачките активности на Русија на нејзина територија и ја повторија целосната поддршка за нејзиниот суверенитет, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е договорено денеска на состанокот на амбасадорите на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел. […]

Уште 40 жртви на Ковид-19 во Хрватска, новозаразени 1.640


  Во последните 24 часа во Хрватска, забележани се 1.640 нови случаи на зараза со корона вирус, а активни се 11.942. Од нив, 2.106 пациенти се лекуваат во болница, а 236 на респиратор. Починаа 40 пациенти. Од почетокот на на епидемијата до денеска забележани се 341.052 заразени, а досега починаа 7.355, оздравеа 321.755. Тестирани се […]

Пари и бонови на тие што се вакцинираат во Белград


Во трговскиот центар Ушќе во Белград денеска беше отворен пункт за вакцинирање, сите што сакаат може да се вакцинираат без најава, а може и да избираат од достапните вакцини. Првите 100 добиваат и подароци, пишува Блиц.За дополнително мотивирање на граѓаните, оние што ќе се вакцинираат денес, утре и в сабота ќе добијат подароци. Така, денес, […]

Грција ќе дозволи влез на туристи вакцинирани и со руската и кинеската вакцина


За летната сезона, Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани и со руската и со кинеската вакцина, потврди грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи во интервју во рамките на конференцијата на „Фајненшл Тајмс“ и уште еднаш истакна дека земјата, за туристите ќе биде отворена од 15 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Иако […]

Фон дер Лајен-Вучиќ: Модернизација на пругата од Белград до Северна Македонија важна пресвртница во односите


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му испрати писмо на српскиот претседател Александар Вучиќ во кое му се заблагодарува за „продуктивната средба во Брисел на 26 април“ и во кое посочува дека особено се радува на соработката за големиот проект за модернизација на пругата Белград-Ниш-Прешево на границата на Србија со Северна Македонија, јави […]

Генерален штрајк на вработените во јавниот сектор во Грција


За одбележување на Денот на трудот, но и против новиот закон за работни односи на Министерството за труд, Синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) во Грција за денеска закажа генерален 24-часовен штрајк и протести во Атина, но и во други грчки градови, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот штрајк е поддржан и од […]

Бугарска двојка фатена во Германија, криумчареле новороденчиња


Брачна двојка, маж и жена од Бугарија, по кои полицијата трагала поради криумчарење новороденчиња во Грција, уапсени се во Германија и наскоро ќе бидат испорачани, соопшти државното обвинителство во Софија. По осомничените во февруари бил издаден европски налог поради сомнеж дека учествувале во организирана криминална група која на грчка територија криумчарела новороденчиња, се наведува во […]

Радев: Предвремените избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули


Бугарија – Бугарскиот претседател Румен Радев потврди дека предвремените избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на изјавата на претседателот на Бугарија, 11 јули е најраниот можен датум за предвремени избори, откако ќе се распушти сегашното 45. Национално собрание. Сепак, веќе има реакции против […]

Албанија го укина задолжителниот карантин за лица од С.Македонија и Грција


Tехничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Северна Македонија и од Грција влегуваат во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.   – Освен укинувањето на задолжителниот карантин за лицата кои влегуваа во нашата земја од Македонија и од Грција, што […]

Нема да се бараат ковид пасоши за летување во Албанија


Албанскиот премиер, Еди Рама, денес изјави дека нема да им се наметнуваат посебни услови или пречки на оние кои годинава сакаат да летуваат во Албанија. Рама на прес-конференцијата рече дека влезот во земјата за сите што сакаат да го поминат летото во Албанија ќе биде полесен отколку минатата година и дека на туристите нема да […]

Бројките за Ковид-19 растат четврти ден по ред во Србија


  СПоред последните информации, во Србија забележани се 1.402 нови случаи со кроона вирус. Починаа уште 22 пациенти. Во изминатите 24 часа тестирани се 12.647 примероци, а 3.881.861‬ од почетокот на пандемијата. Во болница се лекуваат 4.113, а на респиратор се 145 пациенти. Од почетокот на епидемијата забележани се 695.875 случаи на зараза, а починаа […]

Продолжува трендот на високи бројки од Ковид-19 во Хрватска


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 2.494 нови случаи на зараза со вирусот корона, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 12.135. Од нив 2.123 пациенти се на болничко лекување, од кои 264 на респиратор. Починаа уште 51 пациенти или вкупно досега 7.315. Од почетокот на пандемијата досега од корона вирус […]

Во две атински болници започнаа клинички испитувања за израелскиот лек за третман на Ковид-19


Грција– Околу 90 пациенти заразени со Ковид-19, пет дена ќе го примаат новиот израелски лек за терапија на коронавирусот во рамките на клиничките испитувања што од денеска започнаа во две атински болници, јави дописничката на МИА од Атина. Директорката на клиниката за пулмологија во болницата „Сотириа“ Мина Гага за грчката телевизија „Мега“, објасни дека лекот […]

Бугарија оди на нови избори на 11 јули


Утринава во Софија стана јасно дека Бугарија оди на нови избори, кои претседателот Румен Радев објави дека тие ќе се одржат на 11 јули. Радев претходно ѝ го достави на лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, мандатот за формирање влада, а таа експресно му го врати назад, бидејќи нема подршка во парламентот за […]

Грчкиот остров Калимнос во петдневен строг карантин


Привремено ограничување на движењето на граѓаните во текот на целиот ден и дозволено излегување од дома само за прошетка на милениче или индивидуално спортување, за снабдување со храна или од здравствени причини од утрово е воведено на грчкиот остров Калимос, кој поради зголемениот број нови случаи на Ковид-19, влезе во строг петдневен карантин, јави дописничката […]

Радев: Ако нема влада и по следните избори на 11 јули, Бугарија може да влезе не само во политичка туку и во уставна криза


околку не се формира влада по следните избори, Бугарија може да падне во не само политичка, туку и уставна криза. Таква изјава денеска објави бугарскиот претседател Румен Радев откако го доби назад веднаш мандатот за состав на влада од БСП. Тоа е третпат да му биде вратен мандат за состав на влада откако беа одржани […]

Вучиќ: Парична награда за сите српски граѓани кои се вакцинирани


Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во своето гостување на ТВ Пинк, посочи дека денес и се обраќа на јавноста со цел да објави неколку многу важни одлуки за граѓаните. – Вакцинацијата е услов за секого. Јас се консултирав со премиерката доцна синоќа. Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки против оние кои нема да […]

Почнува имунизацијата со Џонсон и Џонсон во Грција


Во процесот на имунизација во Грција од денеска вклучена и вакцината на Џонсон и Џонсон, која е наменета за сите категории граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Според најавите од изминатите денови од генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, паралелно, од денеска почнува третата фаза на имунизација во земјата, со […]

Во Кумровец одбележана годишнина од смртта на Тито


Со звукот на сирената во 15.05 часот и положување венци и палење свеќи денеска во Кумровец беше одбележана 41-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито, а комеморацијата беше скромна, како и минатата година, со оглед на епидемиолошката состојба, јави Хина. Делегации од општина Кумровец, здружението Јосип Броз Тито и Здружението на антифашистички борци и антифашисти […]