Бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора


Од утре во Црна Гора ќе биде бесплатен ПЦР тестот за сите туристи на кои им е потребен за враќање во своите матични земји, соопшти црногорското Министерство за здравство. Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ претходно изјави дека на трошок на државата ќе им биде обезбедено болничко лекување на сите туристи кои евентуално ќе се […]

Од денеска почнува исплата на 30+30 евра државна помош во Србија


Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали изјави дека од денеска и утре, на околу два милиона пријавени граѓани ќе почнат да им се исплаќаат првите 30 евра државна помош, јави дописникот на МИА од Белград. – Денеска, до седум часот и 30 минути, вкупно три милиони и 814 илјади граѓани на Србија поднеле барање […]

Во Подгорица отворен парк посветен на Балашевиќ


Црна Гора – Во чест на големиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, во Подгорица, Црна Гора, е отворен парк посветен на славниот пејач од Нови Сад, Војводина, Србија. Паркот е официјално пуштен синоќа, на денот кога славниот новосаѓанец би го прославил својот 68. роденден. Со овој гест, Подгорица се прости од Балашевиќ. Тој почина на 19 февруари, на […]

Во Србија од денеска достапна дигитална потврда за вакцинација и тестови на Ковид-19


Србија– Од денеска, граѓаните на Србија можат да го преземат Дигиталниот зелен сертификат, односно потврдата за вакцинација против Ковид-19 и резултатите од различни тестови на инфективната болест SARS-CoV-2, соопшти Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-управа, јави дописникот на МИА од Белград. -Дигиталниот зелен сертификат е унифициран сертификат со кој се докажува дали […]

Претседател на Бугарија: Претстојат тешки месеци и зголемен отпор од силите на статус кво


Во својот говор при претставувањето на составот на привремената влада на Бугарија, претседателот Румен Радев рече дека иако е техничка, кабинетот што го назначува има амбиција за демократско единство. – Владата вклучува луѓе од левицата, од центарот и од десницата, политички неутрални, слободни претприемачи, изразувачи на јавно незадоволство, академици, рече Радев на претставувањето на привремената […]

Силен земјотрес во Грција – се затресоа и Охрид и Битола


Силен земјотрес со магнитуда од 5.2 степени според рихтер вечерва околу 23 часот и 31 минута ја стресе Грција. Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14 југозападно од Костур, Грција. Ова подрачје во последниот период често е погодено од земјотреси кои се чувствуваат и во јужните делови на Македонија. Повеќемина од Преспа, Струга, Охрид, на […]

Совет на министри на ЕУ: Новата методологија ќе се примени на Србија и Црна Гора


Советот за општи работи на Европската унија се согласи за примена на ревидираната методологија за проширување во процесот на пристапните преговори со Црна Гора и Србија, сопштено е на крајот на состанокот на ова тело, на кое учествуваат министрите на ЕУ одговорни за европски работи, откако двете земји се согласија, јави дописникот на МИА од […]

Хрватскиот суд ја потврди 30-годишната казна затвор за таткото кој ги фрли децата од тераса


Хрватскиот врховен суд ја одби жалбата на одбраната и ја потврди единствената казна од 30 години затвор за таткото од Задар, за обид за убиство на неговите четири деца. Тој ги фрли своите четири деца на возраст од три, пет, седум и осум години од терасата на куќата во која живееја. Во утринските часови осудениот […]

До крајот на јуни Грција планира да бидат вакцинирани жителите на сите острови


 „Сина слобода“ е насловена новата операција на грчката Влада за вакцинација на постојаните жители на островите што треба да заврши до крајот на јуни, како што денеска соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на состанокот преку видеоконференција со градоначалниците на островите, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот процес ќе ги опфати сите полнолетни жители […]

Претседателот на Бугарија Румен Радев назначи привремената влада со премиер Стефан Јанев


Претседателот на Бугарија Румен Радев со декрет назначи привремена влада на Република Бугарија, која од утре ќе почне со работа.  Вршителот на должноста премиер ќе биде Стефан Јанев, соопшти прес-службата на шефот на државата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, со друг указ, претседателот Румен Радев го распушти 45-то Национално собрание и закажа […]

Амбасадорот Светлан Стоев ќе ја замени Екатерина Захариева


Светлан Стоев е дипломат од кариера. Во моментот е амбасадор во Данска. Претходно бил амбасадор и во Германија и Шведска   Дипломатот од кариера, Светлан Стоев, ќе биде министер во службената влада на Бугарија која треба да раководи со земјата до новите избори на 11 јули. Името на Стоев, кој во моментов е амбасадор на […]

Педесетгодишен сон за обединување на Кипар


Преговорите меѓу двете заедници – Грција и Турција – за повторно обединување на поделениот Кипар дојдоа до ќор-сокак од кој во моментов нема излез. Ова го потврди генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш по неуспешниот состанок во Женева, кој неодамна го организираше во формат „пет плус еден“ (делегации на двете етнички заедници од островот, земјите […]

Самит за Западен Балкан во октомври за време на словенечкото претседателство со ЕУ


Грција – За време на словенечкото претседателство со Европската унија, во втората половина на годината, ќе се одржи вонреден Самит посветен на Западен Балкан, односно за проширување на Унијата со земјите од регионот, соопштија премиерите на Грција и Словенија Кирјакос Мицотакис и Јанез Јанша по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека […]

Ердоган: Ќе го мобилизираме целиот свет против Израел за да престане теророт


 Турција ќе го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да го запре израелскиот терор врз Палестинците и окупацијата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој во телефонските разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханиех, повтори дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и дека ќе застане покрај нив, […]

Бугарски медиуми: Радев подготвува „воен кабинет“


Медиумите во Бугарија објавија дека Стефан Јанев најверојатно ќе биде привремен премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на бугарските медиуми, бригадниот генерал Јанев, кој сега е секретар за безбедност и одбрана на претседателот Румен Радев, е можен кандидат за привремен премиер на Бугарија. Тој е поранешен вицепремиер и министер за […]

Санчез и Мицотакис притискаат за ковид сертификатот


Дигиталниот зелен сертификат за вакцинација беше тема на разговор меѓу премиерите на Грција и Шпанија, Кирјакос Мицотакис и Педро Санчез за време на Делфи економскиот форум во Атина. Мицотакис истакна дека е важно тој што е можно побргу да се имплементира, но исто така и да се избегне карантинот, односно граѓаните да можат слободно да патуваат […]

Објавен извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал


Пазарот за шверц на мигранти во Западниот Балкан вреди најмалку 50 милиони евра годишно. Иако оваа сума е далеку под просекот на илегалниот профит создаден за време на хуманитарната криза од 2015 година, сепак таа покажува дека се уште има одреден активен пазар за шверц на мигранти низ регионот, кој е спротивен од напорите за […]

Дачиќ: Теориите на заговор се најголема причина за отпор кон вакцинацијата


Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, денеска предупреди дека најголемата причина за отпор кон вакцинацијата кај милиони луѓе во Европа е потпирањето на теориите на заговор и шарлатанските содржини, кои се раширени во онлајн сферата и на социјалните мрежи, јави дописникот на МИА од Белград. -Сите заедно се наоѓаме во многу чувствителна зона, каде […]

Србија и Турција заемно ќе ги признаваат дигиталните сертификати за вакцинација


Србија – Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ и амбасадорот на Турција во Белград, Хами Аксој, на денешната средба потврдија дека ќе бидат разменети дипломатски ноти за заемно признавање на електронските сертификати за извршена вакцинација против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. Оваа размена треба да се случи во следните неколку […]

Како изгледа патувањето во ЕУ за време на пандемијата: Првата пречка е пред Унгарија, „пекол“ на влезот во Австрија


Пандемијата со корона вирусот де факто ја укина слободата на патување во рамките на ЕУ, а таквата состојба трае веќе повеќе од една година, а поради несогласување околу идните правила, се заканува да се продолжи и наредното лето. Се чини, слободата на патување во ЕУ во моментов постои само за камионите, додека за патничките возила […]