За бугарските социјалисти останаа да гласаат само старите луѓе
Корнелија Нинова нема намера да поднесе оставка на лидерското место во Бугарската социјалистичка партија (БСП), иако на двата последователни избори поддршката за партијaта се намалува драматично. На изборите во 2017 година БСП освои 27,19 отсто од гласовите, а сега по изборите во неделата тој резултат е преполовен – на 13,6 проценти.
Шефот изборниот штаб на БСП, Кристијан Вигенин, изјави дека е многу рзаочаран од изборниот резултат на неговата партија, но не гледа сопствена вина за тоа што се случи. Според него, кампањата била „учебник“.
„Тоа беше кампања за учебници. Се разбира, кампањата не може целосно да ги промени трендовите“, изјави Вигенин за Бугарското радио.
Според него, БСП е партија што не може да привлече млади луѓе и нема изгледи. „Не треба да ги затвораме очите за тоа“, рече Вигенин.
„Главниот дел од гласачите на БСП е во постарите возрасни групи. Младите генерално гласаат за други политички формации и иако на лево сме сè уште сами, левицата како да се намалува, левичарските гласачи во моментот не гледаат на нас како комплетна алтернатива на десницата“, додаде тој, но нема одговор како бугарската левица да стане привлечна за младите и активните луѓе.