Стефан Јанев: Нашата главна задача се фер и транспарентни избори во Бугарија


Одржувањето фер и транспарентни избори е нашата главна обврска, изјави денеска бугарскиот премиер Стефан Јанев, пренесе БГНЕС. -Првата и непосредна задача за која сите сме одговорни во име на извршната власт и соодветните региони и области за кои вие сте одговорни е да одржите фер и транспарентни избори, им кажа привремениот премиер на презентацијата на […]

Албанија од денеска со полесни ковид-мерки, пристигна нова пратка вакцини „Фајзер“


Албанските граѓани од денеска се поослободени од дел од анти-ковид мерките, по речиси седум месец од нивното воведување. Полицискиот час наместо во 22 ќе почнува во 23 часот и ќе трае како и до сега до 6 часот, заштитните маски на лицето повеќе не се задолжителни на отворен простор, се отвораат стадионите, театрите и кината, […]

Земјотрес кај Петриња


Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер утрово ги разбуди жителите на хрватска Петриња. Тресењето се почувствувало во Сисак, Петриња, Глина и околните места. „Утрово, 1 јуни 2021 година, во 5.07 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен потрес кај Петриња. Магнитудата на потресот изнесуваше 3,6 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот е […]

Дендиас и Чавушоглу подготвени да соработуваат, договорена средба Мицотакис- Ердоган


Грција – Продлабочување на економската соработка, взаемно признавање на сертификатите за вакцинација, но и средба Мицотакис- Ердоган, беа дел од темите за кои разговараа и се договорија министрите за надворешни работи на Грција и Турција Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу на нивната денешна средба во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер и […]

Србија донираше 100.620 вакцини „Фајзер“ на Чешка


Србија – Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на белградскиот аеродром испрати авион со 100.620 дози вакцини Фајзер како подарок за Чешка или помош во борбата против епидемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. Владата на Србија на седница на 20 мај донесе одлука на Чешка да и се подарат 100.000 вакцини „Фајзер-Бионтек“ во […]

Европратениците од ГЕРБ со писмо го бранат Борисов во Брисел


Во писмото шестмина европратеници во писмо до сите колеги во Европскиот парламент и до Европската комисија го обвинуваат претседателот Радев и привремената влада дека користеле „најстрашни техники на комунистичкиот режим“   Шестмина европратеници од ГЕРБ испратија писмо до сите нивни колеги во Европскиот парламент и до комесарите на ЕУ во кое го бранат поранешниот премиер […]

На 9 јуни албанскиот Парламент ќе гласа за разрешување на претседателот Илир Мета


Координаторите на пратеничките групи во албанскиот Законодавен дом, на денешната средба одлучија седницата за разрешување на претседателот Илир Мета да се одржи на 9 јуни во 10 часот. Предходно беше најавено дека седницата ќе се одржи на 10 јуни, но нема информации зошто таа е презакажана ден порано. На седницата ќе се расправа по извештајот […]

Четворица млади во Вараждин до смрт претепаа професор по англиски


Во петокот кон саботата во Вараждин, Хрватска претепан е 35-годишен маж, кој се здобил со тешки повреди, по што починал во вараждинската болница, јавува Индекс. Како што соопшти полицијата, поднесена е казнена пријава против четири лица, кои се товарат за убиство. Се работи за 24-годишно женско лице, како и три машки на возраст од 20, […]

Со негативен резултат од брз тест и двојна маска се отвораат фитнес центрите во Грција


По речиси седум месеци пауза поради карантинот и рестрикциите, од денеска почнуваат со работа фитнес центрите во Грција, но под специјални правила и протоколи, меѓу кои и задолжително тестирање и задолжителна употреба на двојна маска, јави дописничката на МИА од Атина. За вежбање во фитнес центрите, задолжително е еднаш седмично посетителите да покажат негативен резултат […]

Пет лица повредени во експлозија на плинска боца во центарот на Белград


Во продавница во центарот на Белград утринава, непосредно пред 9 часот, дојде до експлозија, а потоа и до пожар, јави дописникот на МИА од Белград. Од српското Министерство за внатрешни работи за РТС потврдија дека пет лица се повредени од експлозија на плинска боца, од кои, според медиумите едно лице се здобило со поешки повреди. […]

Во Србија утре почнува пријавувањето на вакцинираните граѓани за државна помош од 25 евра


Граѓаните на Србија постари од 16 години кои заклучно со денешниот ден примиле барем една доза вакцина против коронавирус, од утре ќе можат да се пријават за државна помош во износ од 3.000 динари (25,5 евра), јави дописникот на МИА од Белград. Како што претходно соопшти министерот за финансии, Синиша Мали, пријавувањето за помош наменета […]

Во Косово од денеска нема полициски час, се олеснуваат и други анти-ковид мерки


Денеска во Косово стапуваат во сила новите, олеснети мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува полицискиот час, односно досегашната забрана за движење на граѓаните во периодот од 23 до 5 часот наутро, јави дописникот на МИА од Приштина. Со одлуката што во петокот ја донесе Владата на Косово по […]

Најмногу гласови на изборите во Кипар освоија партиите на центарот и левицата, со забележлив раст на крајната десница


Десноцентристичката Демократска партија (ДИСИ) освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Кипар, следена од левичарската Напредна партија на работниот народ (АКЕЛ), иако за најголем победник на изборите се смета малата екстремно десничарска партија Национален народен фронт (ЕЛАМ), која речиси двојно го зголеми својот број на пратенички места. Покрај антиимигрантската, националистичка партија ЕЛАМ, која забележа […]

Почеток на нова ера – Томислав Томашевиќ стана градоначалник на Загреб


Она што изгледаше речиси извесно се потврди на денешниот втор круг на изборите за Загреб: Томислав Томашевиќ од групацијата „Можеме“ стана нов градоначалник на Загреб. Дваесет години градот го раководеше Милан Бандиќ, кој почина пред неколку месеци. Според резултатите на изборната комисија, по пребројаните 100 отсто од гласовите Томашевиќ освоил 65,25 отсто, додека неговиот конкурент, […]

Снег во Босна


Иако летото почнува наскоро, на планината Бјелачница во Босна и Херцеговина денеска падна снег, атемпературата беше во минус.   Снег падна на анморска височина од 1.500 метри. Во поголемиеот дел од БиХ е студено и облачно, а во централните и источните делови на Босна и на истокот на Херцеговина некаде паѓа дожд.  

Весиќ: Во Белград 700.000 вакцинирани и 600.000 ревакцинирани граѓани


Србија – Во Белград заклучно со вчера, 50,2 отсто од вкупната полнолетна популација е вакцинирана, односно 698.594 лица, а ревакцинирани се 43 отсто од вкупната полнолетна популација, односно 598.773 граѓани, изјави заменик-градоначалникот на главниот град на Србија, Горан Весиќ. – Во Белград вчера имаше 50 заболени лица, од 274 колку што се евидентирани во Србија. Тоа […]

Рама: Во Албанија досега се имунизирани над 770.000 граѓани


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во земјата против Ковид-19 досега се имунизирани повеќе од 770.000 граѓани, додавајќи дека овој процес продолжува без застој. – Со вакцинирањето на вработените во јавниот транспорт, успеавме да имунизираме над 770.000 граѓани над 60-годишна возраст и вработени во услужните сектори. Утре очекуваме пратка со 11.700 дози вакцини на Фајзер. […]

Бојко Борисов: Не сум дал наредба за прислушување


Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов изјави дека не дал наредба да се прислушкуваат политичарите во земјата, оценувајќи дека тоа според него би било многу погрешно и никогаш не размислувал за тоа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов смета дека не е формирана редовна влада во Бугарија со цел да се исполнат „валканите […]

(Видео) Пожар во пристаништето во Сплит, огнот голта бродови


Вечерва околу 20.30 часот, во Сплит, Хрватска изби пожар во пристаништето кој многу брзо се прошири. Како што пренесува „Слободна Далмација“, огнот избувнал на еден од бродовите, односно се работи за 15-метарска јахта, по што се проширил на упте десетина едрилици закотвени во близина. Густи облаци црн чад се издига над градот, а сите противпожарни […]

Бојко Борисов мисли дека ќе биде уапсен


Откако ги отфрли обвинувањата изнесени против него од министерот за внатрешни работи, поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска изјави дека мисли оти може да биде уапсен. „Тие фабрикуваат. Тие избезумено бараат бизнисмен. Тие мора да излажат“, изјави лидерот на ГЕРБ. Неговата реакција уследи откако министерот за внатрешни работи, Бојко Рашков, синоќа објави дека ќе поднесе […]