Митинзи против абортусот во Хрватска


Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Хрватска за да го изразат својот став против абортусот. Според нив, сè повеќе се загрозуваат репродуктивните права на граѓаните. Демонстрантите во главниот град Загреб, од кои повеќето не носеа маски, пееја патриотски песни и носеа транспаренти на кои пишуваше „И неродените животи се важни“. – Наша должност е да […]

Амбасадата на САД во Бугарија се извини за инцидентот за време на воена вежба


Американската амбасада во Софија се извини за инцидентот пред повеќе од две недели, во кој американски војници упаднаа во производствен погон во близина на старата воена единица на затворениот аеродром во Чешнегирово. Во соопштението за медиумите од американската амбасада се наведува дека тие добиле информација за инцидентот дури вчера. Во соопштението се вели дека на […]

Откриен птичји грип на пет фарми во Косово, истребена живината


Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово (АХВК) објави дека во пет живинарски фарми во четири косовски градови е откриено присуство на птичјиот грип Х5Н8, по што живината од истите е истребена, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на АХВК, во уште две други фарми, сите семејни стопанства, во тек е дијагностицирањето и […]

Турција ќе доставува лекови со дронови


Турскиот Генерален директорат за цивилно воздухопловство (SHGM) развива модел на управување за да им овозможи на беспилотните летала да работат за цивилни цели, информираат турските медиуми. Овој модел има за цел ефикасно и безбедно користење на турскиот воздушен простор. Тој центарлно ќе го контролира движењето на воздушните коридори, во кои ќе се користат повеќе од […]

Пораст на бројот реинфицирани во Србија, виновник е британскиот сој


Случаи на заразување со корона вирус по втор пат, според светскит еизвештаи, веќе не се ретки, а бројот на реинфекции константно се зголемува. Како што пренесуваат српските медиуми, кај нив е регистриран пораст на стапката на реинфекција за 25,7 отсто по почетокот на доминацијата на британскиот сој. Реинфекцијата всушност значи дека лицето кое се разболело, […]

Милановиќ ја поништи одлуката за одземање на воените одликувања на осомничениот за воени злосторства над Србите во Осиек, Бранимир Главаш


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, ја поништи одлуката за одземање на воените одликувања на осомничениот за воени злосторства над Србите во Осиек, Бранимир Главаш, беше објавено денеска во Загреб. Како што е наведено во образложението на одлуката објавена во Службен весник, тоа е во согласност со одлуките на Уставниот суд од 2015 година и на […]

Топ чанел: Од 122 пратеника само четворица не би гласале за разрешување на претседателот Мета


На пленарна седница на албанскиот парламент, на 10 јуни, народните избраници, со тајно гласање, ќе одлучуваат за разрешувањето на шефот на државата Илир Мета, што се случува за првпат во плурална Албанија. Според член 88 од Уставот, за разрешување треба да гласаат две третини од вкупниот број пратеници. Ова значи дека на владејачкото мнозинство, за […]

Словенија го поткопува европското обвинителство уште пред да почне со работа


Премиерот Јанез Јанша одби да ги прифати двајцата словенечки кандидати за Европското јавно обвинителство и ја обвинува Лаура Ковеси дека води политика инспирирана од либералната група во ЕУ     Словенија ја поткопува новата канцеларија на ЕУ за борба против корупцијата уште пред да почне со работа. Во четвртокот, словенечкиот премиер Јанез Јанша одби да […]

Во предлог-буџетот на Стејт департментот за 2022 година, 106 милиони долари за Западен Балкан


Предлогот буџетот на Стејт департментот на САД за 2022 година предвидува сума од 106,2 милиони долари за помош на земјите од Западен Балкан, пренесува Гласот на Америка (ВОА). Како што беше истакнато, „за Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, парите се наменети за поддршка на реформите во процесот на пристапување […]

Хрватска ќе купи 12 воени авиони Рафал за 999 милиони евра


Хрватска–  Хрватска ќе купи 12 француски борбени авиони „Рафал“ за да ги модернизира своите воздушни сили во договор вреден 999 милиони евра. Другите понуди во процесот беа на САД, Шведска и Израел. Хрватска влезе во НАТО во 2009 година и во Европската унија во 2013 година. Во ВВС се ескадрила руски МиГ-21 кои датираат од поранешна […]

Хрвати се заклучија дома – непозната ѕверка шета наоколу


  Во близина на резерватот „Велики Пажут“ на подрачјето на Подравина во Хрватска овие денови забележано е непознато диво животно. Се претпоставува дека се работи за грабливец, пума, кој побегнал од некого што го чува како куќен миленик. Дивото животно е високо 80 см, а долго метар и половина и има многу долга опашка. Снимено […]

Над 40.000 Словенци протестираа против Јанша


 Во Љубљана вечерва се одржа масовен протест против владата на премиерот Јанез Јанша, што е покриен со силно полициско обезбедување, кое предупреди дека станува збор за непријавен митинг и затоа ги повика учесниците да постапат според нејзините препораки, со дополнително предупредување дека ќе интервенира во случај на инциденти. Според проценките на словенечките медиуми, вечерва околу […]

Радован Караџиќ се жали на нездрави услови во британскиот затвор


Англија – Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој е осуден на доживотен затвор поради извршени воени злосторства, му се пожалил на своето семејство дека живее во нездрави услови во затворот во Велика Британија, каде што беше префрлен оваа недела, бидејќи таму има азбест, како и дека не му се почитуваат верските права. Ќерката на […]

Европскиот дигитален Ковид сертификат презентиран во Атина


Доказ за вакцинација, доказ за негативен ПЦР или антигенски (рапид) тест или доказ за прележана болест, заедно со основните лични податоци, содржи европскиот дигитален Ковид сертификат (EU Digital COVID Certificate) што денеска беше презентиран во Атина од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот за дигитална политика Кирјакос Пијеракакис, а во присуство на претседателот на Европскиот совет […]

Петриња не престанува да се тресе


  Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска утрово забележаа послаб земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтер, со епицентар на околу осум километри југозападно од Петриња. Потресот се случил во 4.37 часот. Интензитетот во епицентаорт бил од III степен по ЕМС скалата, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Од лани, тлото околу Петриња, Сисаск и […]

Денес големи антивладини протести во Љубљана


  Во Љубљана денеска се најавени големи антивладини протести откако повеќе организации и движења, вклучително и синдикати и опозициски партии, го потврдија своето учество. Минатиот петок, митингот беше првиот што го објави движењето кое стои зад „велосипедските“ протести, кога на владата и беше даден ултиматум да поднесе оставка или да се соочи со масовен „бунт“ се […]

Словенечката министерка за правда поднесе оставка по спор со премиерот Јанша


Словенечката министерка за правда, Лилјана Козловиќ, денеска поднесе оставка поради спорот со премиерот Јанез Јанша, околу двајцата обвинители кои требаше да бидат назначени во новоформираното европско Јавно обвинителство, јави ДПА. Козловиќ изјави дека поднела оставка затоа што Јанша го поништил нејзиното назначување на двајцата словенечки обвинители, кои на 1 јуни требаше да почнат со работа […]

Вучиќ: Грција ги крева односите со Косово на повисоко ниво


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со патријархот Порфириј и епископите на Српската православна црква, изјави дека ќе бидат извршени дополнителни притисоци врз Србија по прашањето на Косово и дека Грција ќе ги крева односите со Косово на повисоко ниво, јави дописникот на МИА од Белград. -Во петокот добив официјално известување дека Грција има […]

Германски компании бараат добавувачи во држави од Западен Балкан


Германските компании бараат добавувачи во земјите од Западен Балкан, а заинтересираните компании од Србија можат да аплицираат до 17 јуни годинава, јави Бета. Пријавувањето е преку веб-страницата на Германско-српската стопанска комора (https://serbien.ahk.de/sr/). Регионалниот проект Б2Б „Германска иницијатива за наоѓање добавувачи на Западен Балкан“ се спроведува седма година, а минатата година се одржаа повеќе од 300 […]

Албанија: Маска на лицето не е задолжителна на отворен простор


еснување на мерките, почнувајќи од први јуни за отстранување на обврската за носење лична заштита на лицето, но останува задолжително во затворен простор и во јавен превоз. Полицискиот час наместо од 22 часот ќе почнува од 23 и ќе трае до 6 часот, како и до сега, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка […]