Огромен шумски пожар кај Анталија, евакуација во тек, хотелите немаат струја и вода


Во близина на Анталија, кај местото Сиде, во Турција, околу 12 часот по наше време изби огромен шумски пожар.

Поради блзината на туристичките места и Сиде, со бројни хотели на брегот, тие немаат струја и вода.

Две села потполно изгореа, пренесуваат медиумите, а евакуацијата на жителите е во тек.

Сѐ уште не се знае дали има жртви.

Ветрот го носи пламенот, а огнената стихија се шири, иако пожарникарите се обидуваат да го совладаат пожарот со хеликоптери.