Се преврте македонски камион во Хрватска, возачот е повреден


Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац, пренесуваат медиумите во регионот. Несреќата се случила околу 17 часот и 5 минути кога возилото со северномакедонски регистерски таблички се превртело, при што неколку возила што ги превезувал камионот, паднале од платформата. Сообраќајот на автопатот […]

Драма на хрватските ватерполисти во авион на враќање од Белград: Луѓето врескаа, повраќаа..


Ватерполистите на хрватскиот ватерполо клуб „Југ“ доживеале големи непријатности на летот од Белград до Тиват, кога гром удрил во авионот со кој летале. Според порталот „Дубровник нет“, ватерполистите и управата на клубот летале со авион на „Ер Србија“, кога околу 14 часот, при слетување на аеродромот во Тиват, удрил гром во леталото. „Колку пати сум […]

Расте бројот на жртви во невремето во Истанбул


Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 19 се повредени, јави агенцијата Анадолија. Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците на Кабинетот за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив има и странски државјанин. Наведено е дека се повредени 19 лица, меѓу кои три се со потешки повреди. Истакнато е дека надлежните служби посветено работат […]

Пуштен за сообраќај автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр)


По повод 29 ноември – Денот на ослободувањето на Албанија од фашистичките окупатори, пуштен е во употреба автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр), кој ја поврзува Албанија со Северна Македонија на границата кај Дебар. Премиерот Еди Рама, придружуван од министри беше пречекан со тапани од голем број жители од околијата Пешкопеја, но и од […]

Катастрофална бура во Истанбул, двајца мртви


Катастрофална бура го зафати денеска во попладневните часови Истанбул и други делови од Турција, при што загинаа најмалку двајца.   Бурата предизвика голема материјална штета во градот со околу 15 милиони жители. Како што пренесуваат туските медиуми, една жена загинала откако откорнат покрив паднал врз неа и нејзиното дете. Анадолу пренесе дека детето преживеало, но […]

Повеќе од 2.100 новозаболени во Србија, починаа 49


  Во Србија денеска се потврдени 2.180 новозаболени од Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа 49 лица. Тестирани биле 14.444 примероци, а на респиратор има 203 пациенти. Седница на Кризниот штаб закажана е за среда, а медиумите во Србија пренесоа дека медицинскиот дел од тој тим барал денеска да се одржи итна седница […]

Хрватите оваа година патувале помалку, но трошеле повеќе


Хрватските граѓани годинава патувале помалку туристички од лани, но на тие патувања потрошиле повеќе пари во однос на претходната година, соопшти денеска компанијата Мастеркард. Врз основа на објавеното истражување на Мастериндекс, Хрватите годинава патувале туристички во просек 2,7 пати, што е помалку од 3,4 патувања реализирани минатата година. На патувањата годинава трошеле околу 8.000 куни, […]

Во Хрватска повторно висок број починати со Ковид-19


Во последните 24 часа забележани се 1.031 нови случаи со зараза од корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 29.891. Од нив 2.598 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 308 пациенти. Починаа уште 67 пациенти. Од февруари кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до денеска забележани се […]

Во Србија повеќе од 93 отсто од вредноста на субвенциите добиле странски инвеститори


Директните инвестиции во Србија се субвенционираат повеќе од 15 години, а во тој период на странски инвеститори им биле одобрени повеќе од 93 отсто од средствата, пишува месечниот „Бизнис и финансии“, јави Бета. Само 2,1 отсто од поддржаните инвестиции се во областа на високите технологии, а во последните пет години речиси 80 отсто од вкупните […]

Снежна бура во Словенија


Големи количини снег паднаа во некои делови од Словенија кои го отежнаа сообраќајот, а полни раце работа имале зимските служби и пожарникарите. Најтешко е во општините Солчева, Велење, Војник, Крањ, Подвела, Равне на Корошкем, Жалац и Марибор, пренесува порталот 24UR. Како што се наведува, кај надлежните служби пријавени се 17 инциденти, а покрај професионалните противпожарни […]

Награда од 20 илјади евра за тројниот убиец кај Дечане


Косово– Владата на Косово понуди награда од 20 илјади за оној што ќе помогне во откривањето на сторителот или сторителите на тројното убиство, што се случи во петокот, на 26 ноември, кај селото Глоѓан, во близина на градот Дечане во западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Наградата за тој што ќе помогне да […]

Почна изградбата на аеродром во Валона чиј инвеститор е Беџет Пацоли


Албанија– Во рамките на одбележувањето на 109-годишнината од независноста на Албанија, во Валона, градот каде на 28 ноември 1912 година е прогласена независноста, денеска беше означен почетокот на изградбата на нов аеродром. На свеченоста зборуваа премиерот Еди Рама, кој најави дека по изградбата, со овој трет аеродром во земјата, ќе стопанисува аеродромот од Минхен, како […]

Четворица загинати на Косово, со калашникови пукале во автобус со ученици


Најмалку четири лица загинаа во пукање врз автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина. Возачот и кондуктерот на автобусот загинале на лице место, а подоцна на повредите им подлегнале двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години. Косовските медиуми јавуваат дека кон автобусот пукале повеќе маскирани лица со автоматско […]

Силно невреме во регионот – поројни дождови и ветер во Хрватска, опасност од лизгање на земјиштето во БиХ


Во земјите од регионот дува силен ветер и има обилни врнежи од дожд, коловозите се лизгави, а на некои делници има големи количини на вода и постои закана од одрони, па се повикуваат возачите да бидат внимателни. Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде предупредување за временските неприлики кои се очекуваат на територијата на градот Сплит, […]

Рекордни 75 починати од Ковид-19 во Хрватска


Уште 75 пациенти со Ковид-19 починале во последните 24 часа во Хрватска, што е рекорден број жртви од вирусот во еден ден. Денеска се забележани уште 5.460 нови случаи, а активни се 34.731. Вчера имаше 64 починати и 6.246 новозаразени. Во болница се лекуваат 2.496 пациенти, а 325 се на репсиратор. До денеска се тестирани […]

Актуелните правила за патување во Грција продолжени за уште една седмица


Актуелните правила и предуслови за патување во Грција, остануваат непроменети и исто како и во изминатите шест месеци, потребен е документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, а конкретните предуслови важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи […]

На автопат кај Загреб експлодира цистерна


Денеска, околу 14.50 часот на автопатот А4 кај Загреб, недалеку од Света Хелена, одекна гласна експлозија. Според полицијата во Загреб се судриле автомобил и цистерна, по што цистерната експлодирала. Пожарникарите се на лице место и гасат. Засега нема податоци за повредени. Експлозијата се слушнала на неколку километри оддалеченост. Прекинат е сообраќајот на таа делница.

Во Хрватска уште 64 жртви на Ковид-19, новозаразени 6.246


Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 6.246 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 34.953. Од нив 2.529 пациенти се лекуваат во болница, додека на репиратор се 316 пациенти. Починаа уште 64 пациенти. Од февруари лани, досега забележани се 589.015 заразени, од кои 10.569 починаа, а оздравеа […]

Над 2.500 новозаразени во Србија, починале 50 лица


Корона вирусот во Србија е потврден кај 2.631 лице во последните 24 часа, а во исто време од овој вирус починале 50 пациенти. Тестирани се 16.737 лица. На респиратор се приклучени 205 пациенти. Од почетокот на епидемијата, тестирани се 6.727.663, позитивни се 1.241.492, а починале 11.385.

Лавови и чувар во ЗОО Загреб заболеа од корона вирус


Во Загреб, два африкански лава и нивниот чувар се заразени со корона вирус. – Откако кај лавовите се забележани респираторни проблеми, животните се тестирани. Наодот од тестовите потврди присуство на корона вирус, па почнавме со лекување. Тестиран е и чуварот кој се грижи за нив. И неговиот наод е позитивен, што значи дека тој ја […]